Почитувани членови на здружението Национален ромски центар,

имаме чест да ве информираме и поканиме на вонредно годишно собрание за активностите спроведени во 2012 година и план и активности за 2013 година.

Оваа седница на собранието се свикува по предлог на претседателот на НРЦ и Извршниот Одбор.

Врз основа на член 19 и член 37 од статутот, сите членови имаат обврска навремено да го потврдат своето присуство, односно отсуство или друга нивна одлука.

Цел на вонредното годишно собрание е да се разгледаат сите законски решенија во Законот за здруженија и фондации и да се усвојат предлози во вид на заклучок за дискусија, предлагање и усвојување на промените за реформа и поефикасно продолжување на функционирање и работење на Националниот ромски центар.

Вонредното годишно собрание ќе се оддржи на 11 Јануари 2013 година, во 12.00 часот, во просториите на НРЦ. А редовното годишно собрание се закажува за 06 Февруари 2013 година.

Ве молиме вашето присуство да го најавите најдоцна до 08 Јануари 2013 година.

За Ваше поопширно информирање, контактирајте го Националниот ромски центар.

 

Национален Ромски Центар

ул. Доне Божинов, 11/5

Куманово

[email protected]

www.nationalromacentrum.org