Од 1 ноември 2012 година здружение Национален ромски центар започна со реализација на проектот Роми во европски градови фаза 2, со подршка на канцеларијата за ромски иницијативи Будимпешта. Во рамки на проектот ќе се организираат 8 фокус групи со преставници на македонската, албанската, српската и ромската етничка заедница. Целта на фокус групите е да се споделат искуства и размислувања на жителите за локалните политики поврзани со домување; вработување; образование; здравство; идентитет; безбедност; ѓраѓанско учество. До сега се избраа учесници за I Фокус група Роми која е закажана на 6 декември 2012 година во попладневните часови.

Сите заинтересирани лица може да се пријават за учество за следните фокус групи со ромски граѓани кои ќе се одржат на

II Фокус група Роми ќе се одржи во четврток 13 декември 2012 година во попладневните часови.

III Фокус група Роми ќе се одржи во четврток 20 декември 2012 година во попладневните часови.

IV Фокус група Роми ќе се одржи во четврток 27 декември 2012 година во попладневните часови.

Дискусијата во рамки на фокус групите предвидено е да трае 3 часа.

Апликантите треба:

  • Да се на возраст од 18-60 години
  • Да се жители на Куманово последните 18 години
  • Да се припадници на ромската заедница
  • Да ги пополнат сите полиња во пријавата. Некомплетните пријави нема да бидат земени во предвид.

Пријавите може да се подигнат во канцеларијата на НРЦ.

Учесниците во фокус групата се обврзуваат дека податоците и информациите кои ќе ги дознаат за времетраење на дискусијата нема да ги споделуваат со трети лица надвор од фокус групата.

Краен рок за прием на пријавите за учество е понеделник 17 декември 2012 година до 16.00. Само селектираните кандидати ќе бидат известени за учеството.

Селектираните кандидати со себе да понесат документ за идентификација и документ за образование. Фокус групата ќе се одржи во поранешен Официрски дом на ул Иво Лола Рибар во Куманово (Нагорички сокак). Учесниците ќе добијат надомест.

Пријавите за учество  треба да се доставуват

  • · лично или препорачано по пошта на следнава адреса: Национален ромски центар, ул Доне Божинов 11/5.  Телефон 031/427 558