Превземи објава

Здружение Национален ромски центар (НРЦ)  објавува „Повик за ангажирање на експерт/ка за подготовка на истражување и прирачник за достапност на мерки за развој на компетенции и квалификации“ повикувајќи ги сите субјекти кои ги исполнуваат условите да поднесат понуди со следниве содржински спецификации:

1.Општи услови

1.1. Набавувач на услуги Здружение „Национален ромски центар“ од Куманово, со седиште на ул. Доне Божинов  бр. 11/5, Куманово.

1.2. Предмет на барањето: Прибирање пријави за ангажирање на експерт/ка за подготовка на истражување и прирачник за достапност на мерки за развој на компетенции и квалификации

1.3.Здружение „Национален ромски центар“ од Куманово го  спроведува проектот „Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија“ со финансиска поддршка на We Effect.

Цели на проектот

Општа цел на проектот е подобрен социо-економски статус и социјална вклученост на жените Ромки и млади Роми во Северна Македонија

Специфични цели на проектот се:

1. Организациски развој на Националниот ромски центар (НРЦ) во родова рамноправност и вклучување на родовите аспекти во главните политики

2. Економско зајакнување на Ромите, со фокус на жени и девојки

3. Зголемување на пристапот до правда за жените Ромки, девојчињата и момчињата и застапувањето базирано на пристапот базиран на човекови права на локално и национално ниво

4. Зголемена мобилизација на пристап до мерки за вработување и активирање на пазарот на трудот на Ромите, особено на младите

5. Зголемен пристап до заштита на работничките права врз основа на пристап базиран  на човекови права (HRBA) на локално и национално ниво

1.4. За потребите на проектот јавно го објавуваме ова барање преку својата интернет адреса: www.nationalromacentrum.org

Понудувачот со поднесување на оваа понуда се обврзува дека важењето на понудата под пропишаните услови ќе биде до завршување на  проектот.31.12.2020 година

1.5. Понудувачот треба да ги исполни следниве услови:

  • Завршено високо образование,
  • Минимум 5 годишно документирано работно искуство во подготовка и спроведување на истражувања, анализи, прирачници и други документи
  • Развиени истражувачки и аналитички вештини
  • Минимум 5 годишно работно искуство со граѓански организации и/или минимум 3 години искуство со ромски граѓански организации, Роми/Ромки;и/или на прашања поврзани со Роми/Ромки;
  • Познавање на Microsoft Office и обезбеден пристап до интернет.
  • Дигитална писменост за користење на современи алатки за комуникација (Zoom, BlueJeans, и други)

2. Пријава

Понудувачот треба да достави:

  • Работна биографија;
  • Диплома за завршен факултет (копија);
  • Писмо за интерес со краток опис кој ќе докаже дека поседува соодветно знаење и искуство за спроведување на активностите предмет на повикот со документирано работно искуство;
  • Примероци од претходна работа за спроведени минимум 3 слични работни задачи во последните 5 години;
  • Методологија и временска рамка за изработка на истражувањето и прирачникот со упатства
  • Изјава за минимум 5 годишно работно искуство во работа со граѓански организации и/или минимум 3 години искуство во работа со ромски граѓански организации, Роми/Ромки; и/или на прашања поврзани со Роми/Ромки;
  • Тековна состојба во оригинал не постара од 6 месеци доколку е правно лице;
  • Понудена бруто цена за ден

3. Опис на позиција: експерт/ка за подготовка на истражување и прирачник за достапност на мерки за развој на компетенции и квалификации

Број на позиции:

  • (1) позиција ако се пријавуваат физички лица со заедничка понуда
  • Едно правно лице (здружение на граѓани или трговско друштво)

Времетраење:  10  работни дена во период септември – октомври 2020 година.

Работни задачи за потребите на проектот „Зајакнување на жени Роми во Република Северна Македонија“

Селектираниот субјект ќе треба да ги постигне следните резултати, задачи и одговорности:

Ангажманот вклучува имплементација на активности поврзани со подготовка на истражување за достапност на мерки за развој на компетенции и квалификации што се применливи и остварливи за Ромите од 6 општини и подготовка на прирачник со упатства кога, каде и на кого можат да се обратат за прашањата во врска со услугите на стручно образование и обука или сертификат за завршено основно образование  за возрасни  како компонента во рамки на проектот „Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија“ во текот на 2020 година. Согласно проектните документи ангажманот ќе биде 10 работни дена во период септември – октомври 2020 година.

Ангажманот е со следниве задачи и одговорности во проектот Зајакнување на жени Роми во Република Северна Македонија:

  • Подготовка на истражување за достапност на мерки за развој на компетенции и квалификации што се применливи и остварливи за Роми од 6 општини во 4 плански региони  (Куманово, Кочани, Кичево, Штип, Велес и Прилеп) со листа на акредитирани провајдери на услуги;
  • Подготовка на прирачник со упатства кога, каде и на кого можат да се обратат за прашањата во врска со услугите на неформално образование и обука или диплома за завршено основно образование за возрасни;
  • Изработка на драфт верзии на документите доставени до нарачателот на увид и одобрување;
  • Изработка на финални верзии на истражувањето за достапност на мерки за развој на компетенции и квалификации што се применливи и остварливи за Роми од 6 општини  и прирачникот со упатства;
  • За оваа активност е предвиден ангажман од 10 работни дена (буџетска ставка 4.2.1.)
  • Изработка и достава на извештај за спроведени активности и пополнет образец time sheet во рок од 5 дена по завршување на ангажманот
  • Прифаќање и почитување на принципите и етичките вредности на организацијата
  • Комуникација и соработка со сите лица вклучени во проектот

Здружение „Национален ромски центар“ со избраниот субјект ќе склучи договор за соработка.  Исплата на две рати и тоа: прва рата во износ од 30% од вкупниот бруто износ на понудената и прифатена цена по склучување на договорот и втора рата 70% по завршување на ангажманот и и одобрување на доставен на извештај и time sheet од страна на проектниот менаџер.

4. Критериуми за избор на најповолен понудувач:

Критериум за избор на најповолен понудувач е квалитетот и личното искуство, цена, на понудувачот согласно бараните критериуми.

Работна биографија – 40 поени

Искуство и квалитет – 40 поени

Бруто цена за ден – 20 поени

Ве молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следните адреси [email protected] и [email protected]  најдоцна до 03.09.2020 година до 16:00 часот.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*