Здружение Национален ромски центар (НРЦ)  објавува „Повик за ангажирање на експерт/ка за советување и мобилизација за пристап до можности за вработување“ повикувајќи ги сите субјекти кои ги исполнуваат условите да поднесат понуди со следниве содржински спецификации:

1.Општи услови

1.1. Набавувач на услуги Здружение „Национален ромски центар“ од Куманово, со седиште на ул. Доне Божинов  бр. 11/5, Куманово.

1.2. Предмет на барањето: Прибирање пријави за ангажирање на експерт/ка за советување и мобилизација на пристап до можности за вработување

1.3.Здружение „Национален ромски центар“ од Куманово го  спроведува проектот „Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија“ со финансиска поддршка на We Effect.

Цели на проектот

Општа цел на проектот е подобрен социо-економски статус и социјална вклученост на жените Ромки и млади Роми во Северна Македонија

Специфични цели на проектот се:

1. Организациски развој на Националниот ромски центар (НРЦ) во родова рамноправност и вклучување на родовите аспекти во главните политики

2. Економско зајакнување на Ромите, со фокус на жени и девојки

3. Зголемување на пристапот до правда за жените Ромки, девојчињата и момчињата и застапувањето базирано на пристапот базиран на човекови права на локално и национално ниво

4. Зголемена мобилизација на пристап до мерки за вработување и активирање на пазарот на трудот на Ромите, особено на младите

5. Зголемен пристап до заштита на работничките права врз основа на пристап базиран  на човекови права (HRBA) на локално и национално ниво

1.4. За потребите на проектот јавно го објавуваме ова барање преку својата интернет адреса: www.nationalromacentrum.org

Понудувачот со поднесување на оваа понуда се обврзува дека важењето на понудата под пропишаните услови ќе биде до завршување на  проектот.31.12.2020 година

1.5. Понудувачот треба да ги исполни следниве услови:

  • Завршено високо образование,
  • Минимум 3 годишно документирано работно искуство  како советник за вработување и пружање поддршка на млади и/или ранливи групи за зголемување на нивната вработливост и нивна социјална интеграција
  • Планирање и спроведување на обуки и работилници за кариерно советување на млади и/или ранливи лица
  • Минимум 3 годишно работно искуство со граѓански организации и/или минимум 1 години искуство со ромски граѓански организации, Роми/Ромки;и/или на прашања поврзани со Роми/Ромки;
  • Познавање на Microsoft Office и обезбеден пристап до интернет.
  • Дигитална писменост за користење на современи алатки за комуникација (Zoom, BlueJeans, и други)
  •  

2. Пријава

Понудувачот треба да достави:

  • Работна биографија;
  • Диплома за завршен факултет (копија);
  • Писмо за интерес со краток опис кој ќе докаже дека поседува соодветно знаење и искуство за спроведување на активностите предмет на повикот со документирано работно искуство;
  • Наведете 3 референци за слични работни задачи во последните 3 години
  • Изјава за минимум 3 годишно работно искуство во работа со граѓански организации и/или минимум 1 години искуство во работа со ромски граѓански организации, Роми/Ромки; и/или на прашања поврзани со Роми/Ромки;
  • Тековна состојба во оригинал не постара од 6 месеци доколку е правно лице;
  • Понудена бруто цена за ден со можни патни трошоци

3. Опис на позиција: на експерт/ка за советување и мобилизација за пристап до можности за вработување

Број на позиции:

  • (1) позиција ако се пријавуваат физички лица со заедничка понуда
  • Едно правно лице (здружение на граѓани или трговско друштво)

Времетраење:  30  работни дена во период септември – ноември 2020 година.

Работни задачи за потребите на проектот „Зајакнување на жени Роми во Република Северна Македонија“

Селектираниот субјект ќе треба да ги постигне следните резултати, задачи и одговорности:

Ангажманот вклучува имплементација на активности поврзани со советување за начини за барање на работа и креирање на деловни можности, обезбедување помош за наоѓање и аплицирање за работа, создавање на документи за апликација за вработување и контакти со работодавци како компонента во рамки на проектот „Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија“ во текот на 2020 година. Согласно проектните документи ангажманот ќе биде во период септември – ноември 2020 година.

Ангажманот е со следниве задачи и одговорности во проектот Зајакнување на жени Роми во Република Северна Македонија:

  • Активна работа со жени Ромки и млади лица од следниве градови во Куманово, Кичево, Кочани, Велес, Прилеп, Штип за да ги разбере нивните интереси, преференци, способности и од каков вид поддршка имаат потреба за да ги остварат своите цели;
  • Следење на пазарот на трудот и активни огласи за вработување;
  • Советување за начините како да бараат работа и да креираат деловни можности за да ги подобрат методите за барање на работа;
  • Обезбедување помош за наоѓање и аплицирање за работа, создавање на документи за апликација, контакти со работодавците;
  • Организирање на најмалку 12 Zoom состаноци со најмалку по 10 жени Ромки и млади лица за промоција на можности за вработување за целната група, промоција за вклучување за директна поддршка и помош при подготовка на документација за активни огласи за вработување;
  • Подготовка на најмалку 35 апликации за вработување на жени Ромки и млади кои ќе ги поднесат жени Ромки и млади Роми до потенцијални работодавачи во Куманово, Кичево, Кочани, Велес, Прилеп, Штип и во други градови доколку има огласи за работа а тие се заинтересирани да работат;
  • За оваа активност е предвиден ангажман од 30 работни дена (буџетска ставка 4.1.2.1)
  • Изработка и достава на извештај за спроведени активности и пополнет образец time sheet во рок од 5 дена по завршување на ангажманот
  • Прифаќање и почитување на принципите и етичките вредности на организацијата
  • Комуникација и соработка со сите лица вклучени во проектот

Здружение „Национален ромски центар“ со избраниот субјект ќе склучи договор за соработка.  Исплата на две рати и тоа: прва рата во износ од 30% од вкупниот бруто износ на понудената и прифатена цена по склучување на договорот и втора рата 70% по завршување на ангажманот и и одобрување на доставен на извештај и time sheet од страна на проектниот тим.

4. Критериуми за избор на најповолен понудувач:

Критериум за избор на најповолен понудувач е квалитетот и личното искуство, цена, на понудувачот согласно бараните критериуми.

Работна биографија – 40 поени

Искуство и квалитет – 40 поени

Бруто цена за ден – 20 поени

Ве молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следните адреси [email protected] и [email protected]  најдоцна до 03.09.2020 година до 16:00 часот.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*