Датум на објавување: 01.03.2021

Почитувани,

Здружение Национален ромски центар (НРЦ)  објавува „Повик за ангажирање наексперт за дигитално зајакнување на организацијата и видливост“ повикувајќи ги сите субјекти кои ги исполнуваат условите да поднесат понуди со следниве содржински спецификации:

1.Општи услови

1.1. Набавувач на услуги Здружение „Национален ромски центар“ од Куманово, со седиште на ул. Доне Божинов  бр. 11/5, Куманово.

1.2. Предмет на барањето: Прибирање пријави за ангажирањена експерт дигитално зајакнување на организацијата и видливост.

1.3.Здружение „Национален ромски центар“ од Куманово го  спроведува проектот „Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија“ со финансиска поддршка на We Effect.

Цели на проектот

Општа цел на проектот е подобрен социо-економски статус и социјална вклученост на жените Ромки и млади Роми во Северна Македонија

Специфични цели на проектот се:

1. Организациски развој на Националниот ромски центар (НРЦ) во родова рамноправност и вклучување на родовите аспекти во главните политики

2. Економско зајакнување на Ромите, со фокус на жени и девојки

3. Зголемување на пристапот до правда за жените Ромки, девојчињата и момчињата и застапувањето базирано на пристапот базиран на човекови права на локално и национално ниво

4. Зголемена мобилизација на пристап до мерки за вработување и активирање на пазарот на трудот на Ромите, особено на младите

5. Зголемен пристап до заштита на работничките права врз основа на пристап базиран  на човекови права (HRBA) на локално и национално ниво

1.4. За потребите на проектот јавно го објавуваме ова барање преку својата интернет адреса: www.nationalromacentrum.org

Понудувачот со поднесување на оваа понуда се обврзува дека важењето на понудата под пропишаните услови ќе биде до завршување на  проектот.30.04.2021 година

1.5. Понудувачот треба да ги исполни следниве услови:

  • Најмалку средно образование со најмалку 5 години ИКТ документирано работно искуство или високо образование со најмалку 3 години ИКТ документирано работно искуство;
  • Документирано работно искуство на минимум 3 слични обуки или завршени задачи за институции, мали и средни претпријатија или граѓански организации во последните 2 години;
  • Искуство во изработка и одржување на некој од продуктиве: веб сајтови, веб платформи, блогови, подкасти, и други веб базирани медиуми и решенија;
  • Докажано искуство во користење на познати социјални медиуми и дигитални платформи за работа, како и да знае да предочи силни и слаби страни
  • Комуникациски и аналитички вештини, способност да пренесе знаење.

2. Пријава

Понудувачот треба да достави:

  • Работна биографија;
  • Писмо за интерес со краток опис кој ќе докаже дека поседува соодветно знаење и искуство за спроведување на активностите предмет на повикот со документирано работно искуство за веб сајтови, веб платформи, блогови, подкасти, и други веб базирани медиуми и решенија, како и искуство во користење на познати социјални медиуми и дигитални платформи за работа
  • Во писмото за интерес наведете најмалку 5 клиенти со кои сте соработувале од областа на овој Повик;
  • Примероци од документирано работно искуствона минимум 3 слични обуки или завршени задачи за институции, мали и средни претпријатија или граѓански организации во последните 2 години (договори за ангажман или соработка);
  • Тековна состојба во оригинал не постара од 6 месеци доколку е правно лице;
  • Понудена бруто цена за ден.

3. Опис на позиција: експертза јакнење на капацитети за дигитално зајакнување на организацијата и видливост

Број на позиции:

  • (1) позиција ако се пријавува физичко лице или физички лица со заедничка понуда
  • Едно правно лице (здружение на граѓани или трговско друштво)

Времетраење:  3работни дена во месец марти/или април 2021 година.

Работни задачи за потребите на проектот „Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија“

Селектираниот субјект ќе треба да ги постигне следните резултати, задачи и одговорности:

Целта на овој повик е здружението да ја подобри дигиталната интерактивна комуникација, поефективно да ја мобилизирааподдршката од граѓаните и подобро да ги презентираа резултатите од својата работа во јавноста преку зголемена видливост.

Согласно проектните документи ангажманот ќе биде 3 работни дена во месец март и/или април 2021 година.

Ангажманот е со следниве задачи и одговорности во проектот Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија:

  • Комуникација со проектниот тим и подготовка на две еднодневни работилници за зголемување на капацитетите за дигитално зајакнување и видливост на организацијата (еден работен ден);
  • Одржување на две еднодневни работилници за зајакнување на капацитетите за дигитално зајакнување и видливост на резултатите и влијанието на здружението, обучување на вработени за користење на различни дигитални платформи согласно нивната намена и обучување на вработени за подобро презентирање на работа преку зголемена видливостна веб сајт и социјални медиуми преку практични совети (два работни дена);
  • За оваа активност е предвиден ангажман од 3 работни дена (буџетска ставка 1.5.2.1);
  • Изработка и достава на извештај за спроведени активности и пополнет образец time sheet во рок од 5 дена по завршување на ангажманот;
  • Прифаќање и почитување на принципите и етичките вредности на организацијата;
  • Комуникација и соработка со сите лица вклучени во проектот.

Здружение „Национален ромски центар“ со избраниот субјект ќе склучи договор за соработка.  Исплатата ќе биде еднократна по завршување на ангажманот и одобрување на доставен извештај и time sheet од страна на извршителот.

4. Критериуми за избор на најповолен понудувач:

Критериум за избор на најповолен понудувач е квалитетот и личното искуство, цена, на понудувачот согласно бараните критериуми.

Работна биографија – 40 поени

Искуство и квалитет – 40 поени

Бруто цена за ден – 20 поени

Ве молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следните адреси [email protected] и [email protected] најдоцна до 12.03.2021 година до 16:00 часот.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*