Субјект: Оглас за вработување на определно време
20 мај 2011 година
ЗНРЦ објавува оглас за вработување на определно време (6 месеци) на следното работно место Правник со положен правосуден испит за давање на претходна правна помош (еден извршител)
Пријавените кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови:
-
завршен Правен факултет;
- положен правосуден испит;
-
Минимум 2 години работно искуство како правник;
-
Државјанин на Република Македонија;
- познавање на странски јазик (Англиски јазик);
- познавање на работа со компјутер (Microsoft Office™, Open office, Linux, интернет прелистувачи и електронска пошта)
Работни обврски
- да ги координира обврските од Договор за соработка со ФООМ во рамките на проектот „Поддршка на здруженија за регистрирање во Регистарот на овластени зруженија на граѓани за давање на претходна правна помош“
-
Промоција на проектот во регионот во кој дејствува ЗНРЦ Куманово;
Потребни документи за пријавување
-
Диплома за завршен Правен Факултет
-
Уверение за положен правосуден испит
-
Кратка биографија (Curriculum Vitae)
Рокот за доставување на документи за пријавување за овој оглас изнесува 8 (осум) дена, сметано од денот на објавување на огласот, не сметајќи го самиот ден на објавување.
Ве молиме наведете телефонски контакти и адреса на електронска пошта.
Документите со назнака/субјект на пораката оглас за вработување на правник со правосуден испит, може да ги доставите на следниот начин:
По електронска пошта на: info [at] nationalromacentrum [dot] org
По пошта на ул „Доне Божинов“ 11/5, 1300 Куманово
По факс на: 031/427-558
Кандидатите кои нема да примат повратна информација од ЗНРЦ во рок од 8 дена може да се сметаат за одбиени.