21 ноември 2016 година, Здружение Национален ромски центар, со седиште на ул Доне Божинов 11/5 Куманово, објавува оглас за вработување на 1 (еден) извршител на работно место проектен менаџер во рамки на проектот „Социјална инклузија на ромски жители и Роми повратници во Македонија“ , со полно работно време од 40 часа неделно, со почеток на работно време во 08.30 и завршување во 16.30, со највисок износ на нето плата од 40.156 денари, во траење од 6 месеци.

Кандидатот треба да ги исполнува следниве услови:

  1. да е државјанин на Република Македонија
  2. да има завршено високо образование, општествени науки
  3. познавање на Microsoft Office™ (Word™, Excel™ и PowerPoint™) и Open Office;

Потребни документи за пријавување:

  • диплома за завршен факултет
  • кратка биографија

 

Сите заинтересирани кандидати може да се пријават електронски на [email protected], или во архива на НРЦ на следнава адреса

Здружение Национален ромски центар

Ул Доне Божинов 11/5

1300 Куманово

 

Рокот за доставување на пријавите е до 29 ноември 2016 година.

Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава без уредна документација, нема да биде предмет на разгледување.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*