Почитувани кандидати,
ЗГ „Национален Ромски Центар“ (НРЦ) од Куманово во рамките на проектните активности Кампања за вклучување на децата во образованието објавува оглас со кој се повикуваат сите заинтересирани лица да се пријават.
ЗГ „Национален Ромски Центар“ (НРЦ) од Куманово има потреба од 15 лица кои ќе бидат ангажирани како медијатори – посредници помеѓу локалната самоуправа, образовните институции и родителите.
Заинтересираните кандидати ќе бидат ангажирани 10 месеци и ќе треба да преземаат активности во рамки на проектот Кампања за вклучување на ромските деца во образованието. Проектните активности ќе се одвиваат во 11 градови во Р.Македонија (Куманово, Прилеп, Скопје, Кавадарци, Битола, Кочани, Тетово, Крива Паланка, Виница, Велес и Штип).
Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:
- задолжително познавање на ромскиот јазик
- средно завршено образование
- искуство во работа со ромската заедница или НВО (активни во работа со ромското население)
- познавање на работа со компјутер (MS Office, e-mail)
- организациски способности и тимска работа во мултиетничко опкружување.
Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани да се пријават. Познавањето на англискиот јазик ќе се смета за предност во текот на конкурсот.
Огласот трае пет (5) дена од денот на објавување.
Сите заинтересирани кандидати треба да испратат мотивационо писмо и кратка биографија (CV), на следната е-маил адреса: konkurs[at]nationalromacentrum[dot]org или по пошта на адреса:
ул „Доне Божинов“ 11/5,
1300 Куманово.