Скопје, 9 мај 2012 – Националниот ромски центар во соработка со Холистик Филм, а поддржани од Програмата за промовирање на културни разлики и мултикултурен граѓански идентитет на УНДП, објавуваат повик за учество во новото телевизиско документарно-забавно шоу „Следи го змејот“ .

Шоуто е замислено како потрага полна со игри и препреки. Совладувајќи ги, протагонистите етапно ќе бидат воведувани во финалната потрага за легендарниот змеј опишан во нашиот народен фолклор. Тие попатно ќе ги откриваат културните различности на нашево поднебје и подлабоко ќе се запознаат со нашите природни и  културни вредности и белези.

Повикот е отворен за сите лица над 18 години, големи авантуристи кои се подготвени да ги поминат и најтешките препреки за да стигнат до возбудливи откритија, љубители на природата, митологијата и фолклорот, жедни да ги откријат тајните моќи на непознатите светови.

За одбраните следат вредни награди и незаборавни две недели низ најчудесните предели низ Македонија.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат на [email protected] заедно со мотивационо писмо и фотографија или со пополнување на формуларот на линкот :

https://docs.google.com/spreadsheet/viewform?formkey=dGtYRW44a1YzUUVkeG1KQ2RxNElGQ2c6MQ#gid=0

Тимот на змејот е во очекување на новите легендарни витези, најдоцна до 20-ти мај, 2012 година.