Европскиот Центар за Правата на Ромите и Национален ромски центар повикуваат учесници за Обука за образование на Ромите. Обуката ќе се одржи во Скопје, Р. Македонија од 15-18 Мај 2012 година.

Во овој период ќе се одржат две последователни обуки кои се наменети за активисти и студенти од Македонија кои имаат интерес да работат на подобрување на образованието во Р.М.

Целта на обуката е да се развијат капацитети за употреба и примена на националната легислатива од областа на човекови права, за да решаваат проблеми при појава на дискриминација кон Ромите. Акцентот ќе биде ставен на формите на дискриминација, која се појавува во областа на образование, низ документирање и реализирање на кампања на ниво на заедницата.

По завршување на обуката треба да се спроведе кратко истражување и ќе се спроведе кампања во заедниците од каде што потекнуваат учесниците.

Обуката е дизајнирана да понуди знаење и вештини за реализирање на кампања против големиот број на ромски деца во училишта со посебни потреби.

Исто така ова ќе биде одлична можност за отворено дебатирање, размена на информации за идни предизвици, нови стратегии и експертиза за учесници кои ја започнуваат својата професионална кариера.

Обуката ќе им овозможи на учесниците да се запознаат со теоретски и практични знаења за човекови права и не дискриминација, воедно ќе имаат можност да придобијат знаење и експертизата од страна на признаети експерти за човекови права.

Цели на тренингот

  1. Да се стекнат со знаења млади Роми активисти со знаења и вештини во областа на човекови права, теорија, документирање и реализирање на кампања, со фокус на врата до врата методологија,
  2. Да се развијат знаења за вклучување на децата во училиште како и начин и процедури на трансфер и
  3. Зајакнување на Ромите активисти за да се подигне свеста кај родителите Роми за последиците од вклучување во образование за ученици со посебни потреби и промовирање на еднакво образование за Ромски деца.

Учесници:

Добредојдени се да аплицираат Ромски индивидуалци кои имаат интерес во областа на човекови права. Учесниците треба да бидат активно вклучени во работа која ги засега Ромите или да потекнуваат од ромска заедница во Р.Македонија од следниве градови: Куманово, Скопје, Делчево, Битола, Велес, Струмица, Штип, Гостивар, Пробиштип, Кичево, Струга, Охрид и Прилеп.

Начин на аплицирање:

За да аплицираат учесниците треба да испратат своја кратка биографија (максимум 2 страни).

ЕРРЦ и НРЦ ќе ги покријат патните трошоци во износ на автобуски билет, храна и сместување (1 ноќевање) за време на обуката.

Ќе ве замолам вашата биографија да ја испратите на следната електронска пошта:

Електронска пошта: [email protected]

Краен рок за аплицирање е 7 Мај 2012 година.

Само селектираните апликанти ќе бидат контактирани и ќе им бидат испратени дополнителни информации.