Куманово, 20.05.2011
Субјект: Конкурс за времен ангажман на ромски медијатор
Почитувани кандидати,
ЗГ „Национален Ромски Центар“ (НРЦ) објавува конкурс за времен ангажман во општинa Прилеп на следното работно место:
Ромски медијатор во проектот „Вклучување и континуитет во образовниот процес“ за период од 6 месеци, пола работно време.
Работните обврски на медијаторот опфаќаат:
- Директна комуникација и мотивација на ромски семејства;
- Воспоставување комуникација со училиштата и институциите;
- Редовна размена на информации и оддржување комуникација;
- Мотивирање и поддршка на децата во усовршување на моториката на пишување, учење на бројки и букви;
- Воспоставување на комуникација помеѓу училиштата и родителите;
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:
- завршено минимум средно образование
- искуство за работа во ромска заедница
- познавање и зборување на ромскиот јазик
- познавање на работа со компјутери (Microsoft Word, Excel, Power Point, Internet)
- државјанин/ка на Република Македонија
Потребни документи за пријавување:
- Curriculum Vitae (работна биографија) на македонски и на англиски јазик
- Копија од диплома за завршено соодветно образование
- Писмо за мотивација (напишано на македонски и на англиски јазик)
- Друга документација која кандидатот смета дека ја поткрепува пријавата, а е во функција на потребните критериуми. (Доколку приложувате препораки Ве молиме да бидат наведени телефоните за контакт и електронските адреси на оние кои ги потпишале препораките).
Рокот за доставување на пријавите изнесува 8 (осум) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).
За сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор ќе биде оргнизирано телефонско интервју.
Ве молиме наведете телефон за контакт и e-mail адреса.
Сите кандидати ќе бидат известени за резултатите од Конкурсот, по електронски пат, во рок од 8 дена.
Документите со назнака/предмет на пораката конкурс за ромски медијатор можете да ги доставите на следниов начин:
По електронска пошта: info [at] nationalromacentrum [dot] org
По факс на: 031/427558
По пошта: Национален Ромски Центар ул. Доне Божинов 11/5, 1300 Куманово со назнака (конкурс за работно место ромски медијатор)