Датум на објавување: 05.10.2020

Почитувани,

Здружение Национален ромски центар (НРЦ)  објавува „Повик за ангажирање на експерт за подготовка и спроведување на обука за работни односи“ повикувајќи ги сите субјекти кои ги исполнуваат условите да поднесат понуди со следниве содржински спецификации:

1.Општи услови

1.1. Набавувач на услуги Здружение „Национален ромски центар“ од Куманово, со седиште на ул. Доне Божинов  бр. 11/5, Куманово.

1.2. Предмет на барањето: Прибирање пријави за ангажирање на експерт за подготовка и спроведување на обука за работни односи.

1.3.Здружение „Национален ромски центар“ од Куманово го спроведува проектот „Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија“ со финансиска поддршка на We Effect.

Цели на проектот

Општа цел на проектот е подобрен социо-економски статус и социјална вклученост на жените Ромки во Северна Македонија

Специфични цели на проектот се:

1. Организациски развој на Националниот ромски центар (НРЦ) во родова рамноправност и вклучување на родовите аспекти во главните политики

2. Економско зајакнување на Ромите, со фокус на жени и девојки

3. Зголемување на пристапот до правда за жените Ромки, девојчињата и момчињата и застапувањето базирано на пристапот базиран на човекови права на локално и национално ниво

4. Зголемена мобилизација на пристап до мерки за вработување и активирање на пазарот на трудот наРомите, особено на младите

5.Зголемен пристап до заштита на работничките права врз основа на пристап базиран  на човекови права (HRBA) на локално и национално ниво

1.4.За потребите на проектот јавно го објавуваме ова барање преку својата интернет адреса: www.nationalromacentrum.org

Понудувачот со поднесување на оваа понуда се обврзува дека важењето на понудата под пропишаните услови ќе биде до завршување на  проектот 31.12.2020 година.

1.5. Понудувачот треба да ги исполни следниве услови:

  • Завршено високо образование,
  • Минимум 5 годишно документирано работно искуствово подготовка и спроведување на обуки од областа на работни односи;
  • Напредно познавање на македонското законодавство кое се однесува на работни односи;
  • Минимум 5 годишно работно искуство со граѓански организации и/или минимум 3 години искуство со ромски граѓански организации, Роми/Ромки;и/или на прашања поврзани соРоми/Ромки;
  • Познавање на Microsoft Office и обезбеден пристап до интернет
  • Дигитална писменост за користење на современи алатки за комуникација (Zoom, BlueJeans, и други)

2. Пријава

Понудувачот треба да достави:

  • Работна биографија;
  • Диплома за завршен факултет (копија);
  • Писмо за интерес со краток опис кој ќе докаже дека поседува соодветно знаење и искуство за спроведување на активностите предмет на повикот со документирано работно искуство;
  • Примероци од претходна работа за спроведени минимум 3 слични работни задачи во последните 5 години;
  • Изјава за минимум 5 годишно работно искуство во работа со граѓански организации и/или минимум 3 години искуство во работа со ромски граѓански организации, Роми/ Ромки; и/или на прашања поврзани со Роми/Ромки;
  • Тековна состојба во оригинал не постара од 6 месеци доколку е правно лице;
  • Понудена бруто цена за ден во денари.

3. Опис на позиција: експерт за подготовка и спроведување на обука за работни односи.

Број на позиции:

  • (1) позиција ако се пријавуваат физички лица со заедничка понуда
  • Едноправнолице (здружениенаграѓаниилитрговскодруштво)

Времетраење:  1 работен ден во месец октомври  2020 година. Закажана е обуката за 19 октомври 2020 година.

Работни задачи за потребите на проектот „Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија“

Селектираниот субјект ќе треба да ги постигне следните резултати, задачи и одговорности:

Ангажманот вклучува имплементација на активност поврзана со заштита на права од работни односи  во рамки на проектот „Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија“ во текот на 2020 година. Согласно проектните документи ангажманот ќе биде 1 ден воМесец октомври 2020 година.

Ангажманот е со следниве задачи и одговорности во проектот Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија:

  • Подготовка и одржување на една еднодневна обука за заштита на права од работни односи во октомври 2020 година. Предвидени се најмногу 15учесници.
  • За оваа активност е предвиден ангажман од 1 работен ден
  • Изработка и достава на извештај за спроведени активности и пополнет образец time sheet во рок од 5 денапозавршувањенаангажманот;
  • Прифаќање и почитување на принципите и етичките вредности на организацијата;
  • Комуникација и соработка со сите лица вклучени во проектот

Здружение „Национален ромски центар“ со избраниот субјект ќе склучи договор за соработка.  Исплатата ќе биде еднократна по завршување на ангажманот и одобрување на доставен извештај и time sheet од страна на извршителот.

4. Критериуми за избор на најповолен понудувач:

Критериум за избор на најповолен понудувач е работна биографија, квалитетот и личното искуство и бруто цена на понудувачот согласно бараните критериуми.

Работна биографија – 40 поени

Искуство и квалитет – 40 поени

Бруто цена за ден во денари со вклучени патни трошоци– 20 поени

Ве молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) наследните адреси  [email protected] и [email protected]   најдоцна до 12.10.2020 година до 16:00 часот.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*