Почитувани,

Здружение Национален ромски центар (НРЦ) од Куманово врз основа на Одлука бр.02-324/1 донесена на ден 02.09.2019год. објавува „Барање за доставување на понуди за експертиза за подготовка на документи за локални политики“ повикувајќи ги сите квалификувани субјекти, да поднесат понуди:

 1.Општи услови

 Набавувач на услуги: ЗГ „Национален Ромски Центар“ НРЦ од Куманово со седиште во Куманово ул. „Доне Божинов“ бр. 11/5.

1.2 Предмет на набавка: подготовка на 6 документи за локални политики

                                            Вид на договорот за набавка: услуги

                                           Период на извршување: септември 2019 – ноември 2019

1.З.Национален ромски центар го спроведува проектот „Поддршка за легализација на ромско домување“ со поддршка на Европската Унија и заради остварување на планираните проектни активности јавно го објавува ова барање преку својата интернет адреса како и преку социјалните мрежи, до сите квалификувани субјекти во државата заради добивање на соодветни понуди за ангажман опишан подолу во барањето.

Главната цел на проектот е подобрување на условите за домување на Ромите во Република Македонија преку поддршка на ромските семејства во процесот на легализација на нивните домови.

Проектните активности се имплементираат во 6 општини во Македонија: Куманово, Кочани, Кичево, Штип, Велес и Прилеп.

1.4. Понудувач може да биде секој субјект  кој ги исполнува условите од ова Барање за доставување на понуди, во смисла на образование и претходно работно искуство.

1.5 Понудувачот е должен да достави:

  • професионална биографија
  • Писмо за интерес со краток опис кој ќе докаже дека поседува соодветно знаење и искуство за спроведување на активностите предмет на повикот
  • предлог методологија за извршување на наведените обврски
  • предлог цена (во МКД) по ден со вклучени патни трошоци за извршување на обврските од предмет договорот.

 1.6 Потребни квалификации и искуство:

  • Диплома од високо образование
  • Најмалку 3-годишно работно искуство на изработка на истражувања, анализи, предлози и документи за јавни политики во областа на домување, легализација, урбанизација и социјално вклучување на Роми
  • Искуство во истражување и пишување на документи за јавни политики за Роми во последните 5 години.

1.7 Локација

  • Република Северна Македонија

1.8. Опис на обврски:

  • Подготовка на 6 документи за локални политики во зависност од општинските приоритети поврзани со легализација на ромските домови и урбанизацијата на ромските населби за општини Куманово, Велес, Кочани, Кичево, Прилеп и Штип
  • По потреба комуникација и размена на информации со експерти во полето на домување
  • Комуникација и соработка со проектниот тим за подготовка на документи на локални политики
  • Анализа на локални документи и политики за легализација и урбанизација и нивна имплементација
  • Подготовка на 6 документи за локални политики со кои ќе се обезбеди основа за развој на ефективни локални регулативи и иницијативи што ќе влијаат на подобрувањето на условите за домување на ромите во целните општини

1.9 Критериуми за избор на најповолен понудувач:

  • личното искуство на понудувачот
  • квалитетот на предложената методолија
  • цена за понудената услуга

1.10 Плаќање и рамка

Исплатата ќе се изврши по успешното спроведување на задачите и навремена достава на документите предвидени со договорот во рок од 10 дена.

Максимален број на денови предвидени за ангажирање е 30 дена во горе наведениот период.

Ве Молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следните адреси [email protected], [email protected] најдоцна до (петок) 13.09.2019 година до 16 часот.

 Куманово   03.09.2019

 

 

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*