Здружение Национален ромски центар (НРЦ)  објавува „Барање за прибирање на понуди за стекнување на основно образование за возрасни од установи и институции за образование на возрасни  во Република Северна Македонија“ повикувајќи ги сите субјекти кои ги исполнуваат условите да поднесат понуди со следниве содржински спецификации:

1.Општи услови

1.1. НабавувачнауслугиЗдружение „Националенромскицентар“ одКуманово, соседиштенаул. ДонеБожинов  бр. 11/5, Куманово.

1.2. Предметнабарањето: Барање за прибирање на понуди за стекнување на основно образование за возрасни од од установи и институции за образование на возрасни во Република Северна Македонија.

1.3.Здружение „Националенромскицентар“ одКуманового  спроведувапроектот „ЗајакнувањенажениРомкивоРепубликаСевернаМакедонија“ со финансиска поддршка на We Effect и  заради остварување на планираните проектни активности јавно го објавува ова барање до сите регистрирани правни субјекти во државата.

Целинапроектот

Општа цел на проектот е подобрен социо-економски статус и социјална вклученост на жените Ромки и млади Роми во Северна Македонија

Специфични цели на проектот се:

1. Организациски развој на Националниот ромски центар (НРЦ) во родова рамноправност и вклучување на родовите аспекти во главните политики

2. Економско зајакнување на Ромите, со фокус на жени и девојки

3. Зголемување на пристапот до правда за жените Ромки, девојчињата и момчињата и застапувањето базирано на пристапот базиран на човекови права на локално и национално ниво

4. Зголемена мобилизација на пристап до мерки за вработување и активирање на пазарот на трудот на Ромите, особено на младите

5.Зголемен пристап до заштита на работничките права врз основа на пристап базиран  на човекови права (HRBA) на локално и национално ниво

1.4.За потребите на проектот јавно го објавуваме ова барање преку својата интернет адреса: www.nationalromacentrum.org и ќе се испрати и до отворени граѓански универзитети/работнички универзитети за кои НРЦ знае дека нудат основно образование за возрасни.

Понудувачот со поднесување на оваа понуда се обврзува дека важењето на понудата под пропишаните услови ќе биде до завршување на  проектот 31.12.2020 година

2. Пријава

2.1 Понудувачот треба да достави понуда изработена во писмен облик која согласно потребите на набавувачот треба да содржи:

  • Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, броеви на телефон, е-маил адреса за контакт како и лице за контакт
  • Рок и начин на испорака на стоките и услугите
  • Рок и начин на плаќање
  • Опис на понудената обука и период за кој имаат решение за спроведување на основно образование на возрасни
  • Услов кој треба да го исполнуваат учесниците
  • Минимален број на учесници за одржување на обуката
  • Времетраење и распоред на обуките за период октомври декември 2020 година
  • Локација на одржување на обуките
  • Вид на диплома со која се стекнуваат учесниците
  • Бруто цена на обуката по учесник

3. Опис:Барање за прибирање на понуди за стекнување на основно образование за возрасни од отворени граѓански универзитети за доживотно учење и работнички универзитети во Република Северна Македонија.

Времетраење:  октомври – декември 2020 година.

Критериумизаизборнанајповоленпонудувач:

  • Цена
  • Квалитет
  • соодветност и целисходност со потребите на целната група во проектот, т.е пријавени учесници за неформално образование од 6-те општини

Ценатаи соодветноста и целосходностаносат најмногу по  45 бодови, додека квалитетот во областа носи 10 бодови,а за добитник на повикот по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ќе добие најмногу поени.Бодувањето на  понудените цени се определува согласно проценетиот сооднос на најниската и највисоката понуда.

Ве молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следните адреси [email protected] и [email protected]  најдоцна до 30.09.2020 годинадо 16:00 часот.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*