ЗдружениеНационаленромскицентар (НРЦ) објавува „Барање за прибирање на понуди за обука од верифицирани установи и институции кои реализираан посебни програми за образование на возрасни“повикувајќи ги сите субјекти кои ги исполнуваат условите да поднесат понуди со следниве содржински спецификации:
1.Општи услови
1.1. НабавувачнауслугиЗдружение „Националенромскицентар“ одКуманово, соседиштенаул. ДонеБожинов бр. 11/5, Куманово.
1.2. Предметнабарањето: Барање за прибирање на понуди за обука од верифицирани установи и институции кои реализираан посебни програми за образование на возрасни.
1.3.Здружение „Националенромскицентар“ од Куманово го спроведува проектот„ЗајакнувањенажениРомкивоРепубликаСевернаМакедонија“ софинансискаподдршкана We Effect и заради остварување на планираните проектни активности јавно го објавува ова барање до сите регистрирани правни субјекти во државата.
Цели на проектот
Општа цел на проектот е подобрен социо-економски статус и социјална вклученост на жените Ромки и млади Роми во Северна Македонија
Специфични цели на проектот се:
1. Организациски развој на Националниот ромски центар (НРЦ) во родова рамноправност и вклучување на родовите аспекти во главните политики
2. Економско зајакнување на Ромите, со фокус на жени и девојки
3. Зголемување на пристапот до правда за жените Ромки, девојчињата и момчињата и застапувањето базирано на пристапот базиран на човекови права на локално и национално ниво
4. Зголемена мобилизација на пристап до мерки за вработување и активирање на пазарот на трудот на Ромите, особено на младите
5.Зголемен пристап до заштита на работничките права врз основа на пристап базиран на човекови права (HRBA) на локално и национално ниво
1.4.За потребите на проектот јавно го објавуваме ова барање преку својата интернет адреса: www.nationalromacentrum.org и ќе бидат поканети верифицирани провајдери на неформално образование кои имаат решение со важност и истите се објавени на веб страната на Министерство за образование и наука
Понудувачот со поднесување на ова апонуда се обврзува дека важењето на понудата под пропишаните услови ќе биде до завршување на проектот 31.12.2020 година
2. Пријава
2.1 Понудувачот треба да достави понуда изработена во писмено облик која согласно потребите на набавувачот треба да содржи:
- Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, броеви на телефон, е-маил адреса за контакт како и лице за контакт
- Рок и начин на испорака на стоките и услугите
- Рок и начин на плаќање
- Опис на понудената обука и период за кој е верифицирана програмата
- Услов кој треба да го исполнуваат учесниците
- Минимален број на учесници за одржување на обуката
- Времетраење и распоред на обуките за период октомври декември 2020 година
- Локација на одржување на обуките
- Вид на диплома со која се стекнуваат учесниците
- Бруто цена на обуката по учесник
3. Опис: Барање за прибирање на понуди за обука од верифицирани установи и институции кои реализираан посебни програми за образование на возрасни.
Времетраење: октомври – декември 2020 година.
Критериуми за избор на најповолен понудувач:
- Цена
- Квалитет
- Соодветност и целисходност сопотребите на целната група во проектот, т.е пријавени учесници за неформално образование од 6-те општини
Цената и соодветноста и целосходноста носат најмногу по 45 бодови, додека квалитетот во областа носи 10 бодови, а за добитник на повикот по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ќе добие најмногу поени.Бодувањето на понудените цени се определува согласно проценетиот сооднос на најниската и највисоката понуда.
Ве молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) наследните aдреси [email protected] и [email protected] најдоцна до 30.09.2020 година до 16:00 часот.