Датум на објавување: 04.02.2021
Почитувани,
Здружение Национален ромски центар (НРЦ) објавува „Повик за ангажирање на фасилитатор за развој на Годишна програма за работа на НРЦ за 2021 година“ повикувајќи ги сите субјекти кои ги исполнуваат условите да поднесат понуди со следниве содржински спецификации:
1.Општи услови
1.1. Набавувач на услуги Здружение „Национален ромски центар“ од Куманово, со седиште на ул. Доне Божинов бр. 11/5, Куманово.
1.2. Предмет на барањето: Прибирање пријави за ангажирањена фасилитатор за развој на Годишна програма на НРЦза 2021 година.
1.3.Здружение „Национален ромски центар“ од Куманово го спроведува проектот „Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија“ со финансиска поддршка на We Effect.
Цели на проектот
Општа цел на проектот е подобрен социо-економски статус и социјална вклученост на жените Ромки и млади Роми во Северна Македонија
Специфични цели на проектот се:
1. Организациски развој на Националниот ромски центар (НРЦ) во родова рамноправност и вклучување на родовите аспекти во главните политики
2. Економско зајакнување на Ромите, со фокус на жени и девојки
3. Зголемување на пристапот до правда за жените Ромки, девојчињата и момчињата и застапувањето базирано на пристапот базиран на човекови права на локално и национално ниво
4. Зголемена мобилизација на пристап до мерки за вработување и активирање на пазарот на трудот на Ромите, особено на младите
5. Зголемен пристап до заштита на работничките права врз основа на пристап базиран на човекови права (HRBA) на локално и национално ниво
1.4. За потребите на проектот јавно го објавуваме ова барање преку својата интернет адреса: www.nationalromacentrum.org
Понудувачот со поднесување на оваа понуда се обврзува дека важењето на понудата под пропишаните услови ќе биде до завршување на проектот.30.04.2021 година
1.5. Понудувачот треба да ги исполни следниве услови:
- Завршено високо образование;
- Минимум 5 годишно документирано работно искуство во подготовка на Работна програма на здруженија на граѓани;
- Да ја познава работата на здруженија на граѓани;
- Минимум 5 годишно работно искуство со граѓански организации и/или минимум 3 години искуство со ромски граѓански организации, Роми/Ромки;и/или на прашања поврзани со Роми/Ромки;
- Познавање на Microsoft Office и обезбеден пристап до интернет;
- Дигитална писменост за користење на современи алатки за комуникација (Zoom, BlueJeans, и други).
2. Пријава
Понудувачот треба да достави:
- Работна биографија;
- Диплома за завршен факултет (копија);
- Писмо за интерес со краток опис кој ќе докаже дека поседува соодветно знаење и искуство за спроведување на активностите предмет на повикот со документирано работно искуство;
- Примероци за спроведени слични активности за минимум 3 слични работни задачи во последните 5 години;
- Изјава за минимум 5 годишно работно искуство во работа со граѓански организации и/или минимум 3 години искуство во работа со ромски граѓански организации, Роми/Ромки;и/или на прашања поврзани со Роми/Ромки;
- Тековна состојба во оригинал не постара од 6 месеци доколку е правно лице;
- Понудена бруто цена за ден.
3. Опис на позиција: фасилитатор за развој на Годишна програма за работа на НРЦ за 2021 година
Број на позиции:
- (1) позиција ако се пријавуваат физички лица со заедничка понуда
- Едно правно лице (здружение на граѓани или трговско друштво)
Времетраење: 2 работни дена во месец февруари и/или месец март2021 година.
Работни задачи за потребите на проектот „Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија“
Селектираниот субјект ќе треба да ги постигне следните резултати, задачи и одговорности:
Ангажманот вклучува имплементација на активности поврзани соразвој на Годишна програма за работа на НРЦ за 2021 година во рамки на проектот „Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија. Согласно проектните документи ангажманот ќе биде 2 работни дена во месец февруари и/или месец март 2021 година.
Ангажманот е со следниве задачи и одговорности во проектот Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија:
- Одржување на две еднодневни работилници за развој на Годишна програма за работа на НРЦ за 2021 година со вработени и ангажирани лица на НРЦ;
- За оваа активност е предвиден ангажман од 2 работни дена (буџетска ставка 1.3.2.1);
- Изработка и достава на извештај за спроведени активности и пополнет образец time sheet во рок од 5 дена по завршување на ангажманот;
- Прифаќање и почитување на принципите и етичките вредности на организацијата;
- Комуникација и соработка со сите лица вклучени во проектот.
Здружение „Национален ромски центар“ со избраниот субјект ќе склучи договор за соработка. Исплатата ќе биде еднократна по завршување на ангажманот и одобрување на доставен извештај и time sheet од страна на извршителот..
4. Критериуми за избор на најповолен понудувач:
Критериум за избор на најповолен понудувач е квалитетот и личното искуство, цена, на понудувачот согласно бараните критериуми.
Работна биографија – 40 поени
Искуство и квалитет – 40 поени
Бруто цена за ден – 20 поени
Ве молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следните адреси[email protected] и [email protected]најдоцна до 15.02.2021 година до 16:00 часот.