Преку креативни дела и креативното видео учениците порачаа стоп за стереотипите и предрасудите
22 креативни творби беa изложени на завршната манифестација од кампањата ДОСТА! „Надимини ги предрасудите, запознај ги Ромите“. Креативните творби беа изработени од страна на учениците од основните и средните училишта од Куманово.
Завршната манифестација официјално беше отворена од Координаторот за еднакви можности и Kоординаторот на Kоординативното тело за заштита од дискриминација во Општина Куманово Г-дин Цоки Ристовски. Присутните беа поздравени и беа охрабрени да продолжат на креативен начин да се соочуваат против понатамошни предизвици против стереотипите и предрасудите. Г-дин Насер Весељи, Заменик Народен правобранител во подрачната канцеларија на Народниот правобранител на Р. Македонија во Куманово и Г-дин Петрус Теунис, национален тим лидер од ЦИВИКА МОБИЛИТАС исто така дадоа поддршка на иницијативата.
Потоа беше прочитан и поздравниот говор на Амбасадорот на Република Франција во Македонија, Неговата Екселенција Г-дин Кристијан Тимоние, чии зборови на поддршка дадоа охрабрување за борбата против ваквиот општествен феномен.
Видео порака од Стразбуг, Франција упати Крисула Аркудис Национален Експерт за ромски прашања од ромскиот и патувачкиот тим која ги запозна присутните за работата на тимот и Кампањата ДОСТА и им ја пренесе важноста на влијанието кон намалувањето на стереотипите и предрасудите.
Во текот на завршната манифестација свечено беа доделени сертификати за учество на над 140 учесници во Кампањата ДОСТА, со изразена благодарност кон нив за соработката и доприносот во реализација на активностите, и за изработката на креативното видео кое беше изработено во текот на имплементацијата на Кампањата.
Реализираните активности од Кампањата Доста и Одбележувањето на денот „Ромска Гордост“ се поддржани од Кампањата Доста програма на Советот на Европа и беа имплементирани во изминатите 5 месеци во партнерство и соработка со основните и средни училишта од Куманово. Беа спроведени следниве активности: Работилница за познавање на Стереотипите и предрасудите, Ликовен Хепенинг, Креативен Хепенинг за одбележување на денот „Ромска Гордост“ и Завршна манифестација за доделување на сертификати за учество и изложба на сликарски дела.