На 28 и 29 ноември 2019 година, во Хотел „Амор“ во Кочани се одржа првата обука за системот и обезбедувањето на бесплатна правна помош во земјата за граѓанските организации, во рамките на проектот „Зајакнување на пристапот на бесплатна правна помош за Роми и други ранливи категории на граѓани“.
Обучувачот адвокат Горан Гроздановски, во соработка со проектниот тим во текот на 2 дена поминаа низ теми во поглед на правотот на БПП и законска регулација, видови на БПП и регистри на БПП, како и работата на терен со граѓани во делот на препознавање на потребата од БПП. Во текот на вториот ден обучувачот се осврна кон секундарната правна помош и условите за одобрување, права и обврски на учесниците.
Учествуваа вкупно 24 лица, од вкупно 11 граѓански организации чија целна група се ранливи категории, пред се Роми, лица со попреченост, како и од областа на заштита на работничките права за лица со ниски примања и стандард.
Предвидената агенда беше реализирана во целост, обуката беше успешна во поглед на интерактивното учество на сите учесници, беа разјаснети повеќе прашања како проблематика на терен, како и зголемена информираност и подигнат степен на знаења на присутните од областа на бесплатната правна помош.