НРЦ во медиумите – Нова Македонија, 21.11.2011
Антициганизмот е појавата против која се борат како македонските, така и европските организации за заштита на правата на Ромите. Еден од тие борци е и Ашмет Елезовски од Националниот ромски центар од Куманово и член на Европскиот ромски патувачки форум од Стразбур. Тој вели дека и во Македонија е присутен антициганизмот, но не во толкава мера како на европско ниво.
– Има различни вини за тоа. Нарачани изјави од политичари, недоволно едуцирани за почитување на личностите од различна вера, боја на кожа и национална припадност. Постои институционална незаинтересираност за справување со стереотипите, кои, за жал, на моменти имаме можност да видиме дека се пренесуваат и лично. Потребна е дискусија уште во училишна возраст, ако сакаме да ги амортизираме стереотипите и предрасудите – посочува Елезовски.