Куманово, 30 септември 2011 (МИА) – Националниот Ромски Центар од Куманово во соработка со државната пописна комисија, два месеци на терен меѓу ромската популација од општината, но и во другите градови од Македонија спроведе информативна кампања.
Целта на оваа кампања е ромската популација навреме да биде информирана за спроведувањето на пописот.
– Пописот е сериозна операција која нуди база на податоци за наредната деценија, вели Ашмет Елезовски, менаџер на НРЦ, додавајќи дека пописот му овозможува на секој граѓанин слободно да ја изрази својата национална припадност, а за Ромите ова ќе биде уште една можност да се доближат до реалната бројка на оваа етничка заедница во Македонија.
Од НРЦ посочуваат дека дел од Ромите поради социо-економската положба, во периодот се наоѓаат на сезонска работа во Македонија, но и во соседните држави. Кампањата за мобилизирање на граѓаните за помасовно учество на пописот во Македонија, од НРЦ ја оценуваат како успешна.