НРЦ присуствуваше во Брисел на почетокот на април, средба на која претставниците од повеќе земји од ЕУ и земјите од Западен Балкан разговараа за ромското прашање и стратегијата на Ромите во земјите членки на ЕУ. Средбата е иницирана од Европската Комисија и се однесува на стратегијата за Ромите 2015-2020 година. На средбата беше потенцирано дека се потребни засилени заложби за суштинска имплементација на стратегијата, иако се донесени голем број на документи. На средбата се дискутирше за домувањето, образованието и правото на жените Ромки.
„Средбата се искористи и за одбележување на Меѓународниот ден на Ромите“-изјави Ашмет Елезовски, извршен директор на НРЦ.
Европската Комисија се уште работи на зебелешки, сугестии, но учесниците потенцираа дека положбата на Ромите и во земјите членки на ЕУ не е на завидно ниво и дека се потребни суштински програми кои ќе овозможат достоинствен живот на Ромите во дел од земјите членки на ЕУ.
НРЦ апелира дека е потребно да се преземат соодветни практични активности, на ЕК и политичките претставници на Ромите во државите од Европа, со цел да се подобрат условите за живот.
Претставниците на НРЦ присуствуваа и на средба во Хамбург, заедно со тамошните власти и медиуми, чија цел е зголемување на суштиснко учество на Ромите во креирање на политики кои ќе придонесат за подобрување на положбата.
Учеството на извршниот директор во Брисел и Хамбург беше поддржано од проектот Подобрување на здравјето на жените Ромки – “Моето здравје е моето право“, што воедно и беше промоција на истражувањето на ромското прашање пред Европските институции во Брисел и во Германија .