Куманово, 13 септември 2018 МИА-Националниот ромски центар ја поддржува интеграцијата на Македонија во европското семејство, а значајно е да се вклучиме и во сојузот со кој се гарантира безбедноста на државата, изјави денеска извршниот директор на НРЦ, Ашмет Елезовски.
Тој информираше дека НРЦ со поддршка на Европските фондови, изминативе години реализираа многубројни проекти со кои се јакнеше капацитетот на ромската етничка заедница, на ученици, лица без документи, жени. НРЦ информираше е дел од Граѓанската иницијатива  „Зачкори напред“  и заедно со останатите граѓански организации ја почнува информативната кампања, преку која во наредните денови, на граѓаните ќе им овозможи подобар пристап до релевантни информации поврзани со придобивките и предизвиците  од зачленувањето во Европската Унија и НАТО.
Фондовите им стојат на располагање на сите заинтересирани, на интелектуалци, компании, граѓански организации и може да се каже дека Европа нуди можност за остварување на замислените креации од кои бенефит имаат различни категории граѓани, изјави Елезовски.
Според него значајно е да се запознаат граѓаните со принципите на владеењето на правото во ЕУ, чија крајна заштита е право на развој на граѓанинот.
Перспективна Македонија и евроатлантските интеграции се она за кое се  залагаат сите политички субјекти вели Елезовски, но останува ексклузивно правото, граѓаните сами да одлучат за ова прашање.
Граѓаните сами ќе одлучат, демократија е тоа и треба да се почитува зборот на граѓанинот, рече Елезовски.
Кампањата е информативна и не ги наведува граѓаните на конкретни чекори во однос на гласањето.
Превземено од МИА
https://mia.mk/mk/Inside/RenderSingleNews/380/134453450

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*