Националниот ромски центар ќе ги промовира успешните спортисти помеѓу младите Роми.

Куманово,  18 април 2018 (МИА)-Националниот ромски центар Куманово во наредниот период ќе презема повеќе активности и ќе организира трибини, дебати за да ги мотивира младите Роми да се вклучат во спортски клубови, со цел полесно да се интегрираат во општеството, информираа денеска надлежните од организацијата.

Извршниот директор на НРЦ, Ашмет Елезовски најави дека ќе ги едуцира младите Роми за значењето на спортот и улогата која ја има за личниот развој на малдите, но и за интеграцијата на ромската етничка заедница во општеството.

Интеграцијата на ромите треба да се одвива и преку спортот, да се мотивираат младите да одберат спорт, наместо пороци и да им се даде можности на спортистите Роми да го искажат својот талент. Оваа се заклучоци од трекалезна маса за интеграција на Ромите преку спортот, на која меѓу претставниците на 60-тина граѓански организации од Европа учествуваше и НРЦ, а ја организираше мрежата Фаре во Букурешт по повод Меѓународниот ден на  Ромите, изјави извршниот директор на НРЦ, Ашмет Елезовски.

На тркалезната маса било потенцирано дека во Македонија има позитивни примери на Роми спортисти, кои треба да служат како пример и да ги поттикнат младите да бидат дел од локалните, националните и интернационалните настани во спортот, рече Елезовски и го посочи примерот со истакнатиот олимпиец Реџеп Реџеповски.

Беше формирана група за таа цел и се надевам дека со своето делување ќе придонесе за поттикнување на учество на Ромите во спортот, а со тоа да им се помогне на младите да одберат здрав начин на живот наместо пороци, изјави Елезовски.

На средбата присуствувале и претставници од Меѓународната фудбалска федерација ФИФА кои најавиле дека ќе поддржат спортски активности и настани во наредниот период. Инаку, НРЦ е партнер на мрежата ФАРЕ, која се бори против дискриминација, расизам и нетолеранција во спортот.

Елезовски се осврна и на извештајот на Европската комисија за Македонија оценувајќи го како позитивен сигнал, истакнувајќи дека препораката е особено важна за сите граѓани на Македонија, вклучително и за ромската заедница.

Сметаме дека сегашниот момент и оваа година се клучни за граѓаните и иднината која треба да се креира преку позитивен дијалог за добар и квалитетен живот на сите, изјави Елезовски.

https://mia.mk/mk/Inside/RenderSingleNews/380/134220176

FARE round table April 2018.1-1

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*