Во рамки на проектот „Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија“ со финансиска поддршка на We effect, на ден 02 и 03 септември 2019 година, во просториите на Здружението Национален ромски центар Куманово се одржаа две еднодневни работилници за јакнење на капацитетите за родова еднаквост и родова интеграција во политиките на здружението.
На обуката вработените лица во НРЦ и лица ангажирани како теренски асистенти во проектот имаа можност да ги надоградат своите знаења и да ги зајакнат своите капацитети за родова еднаквост и родова интеграција во организациските политики на НРЦ.
Преку презентации и вежби беше претставена важноста за зајакнување на капацитетите и знаењата поврзани со родова еднаквост, родова перспектива и еднаквост во организациските политики и интерни акти на Национален роммски центар.
Работилниците беа спроведени од страна на експерт Гордана Несторовска во соработка со проектниот тим.