На ден 24.07.2019 година во име на НРЦ,  директор  Ашмет Елезовски  додели донација  на Јавна Општинска Установа за Деца (ЈОУД) Ангел Шајче Куманово, детска градинка Развигорче.

Доделени се 8 детски столици, 3 детски маси, детско шаторче, тромболино мрежа, детска лулашка. Опремата е набавена во рамки на проектот Социјална инклузија на ромски жители и повратници во Македонија, поддржан од WE Effect од Шведска.

Децата приредија претстава во знак на благодарност , атмосферата беше позитивна. Директорката  Марина Алексовска се заблагодари и се надева дека соработката ќе продолжи во иднина. Директорот на НРЦ изјави дека оваа опрема е набавена со  поддршката од WE Effect од Шведска, во рамки на проектот Социјална инклузија на ромски жители и повратници во Македонија, кој беше имплементиран во 6 градови во Македонија. По завршување на проектот НРЦ одлучи овие предмети да се доделат на детската градинка и воедно испрати апел дека најдобра инвестиција и чувство е кога најмладите можеме да ги израдуваме. Извршниот директор и дел од тимот на НРЦ изјавија дека и понатаму ќе се трудат да изнајдат можности за вакви донации.

67243145_2882391895164868_3496971091186810880_n

67068844_1084860668379715_451465049232375808_n

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*