14.06.2021
Почитувани,
Здружение Национален Ромски центар (НРЦ) од Куманово објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации:
1.Општи услови
1.1 Набавувач на услуги: ЗГ “Национален Ромски Центар” со седиште во Куманово ул. „Доне Божинов“ 11/5.
1.2 Предмет на барањето: Барање за прибирање на понудиза хотелско сместување и угостителски услуги за одржување обука
1.З. „Национален ромски центар“ (НРЦ) го спроведува проектот „Организациски развој на НРЦ и подобрени способности за вработување и претприемништво кај Ромите, особено кај жените и младите“ со финансиска поддршка на We Effect, и заради остварување на планираните проектни активности јавно го објавува ова барање.
Цели на проектот
Зголемени капацитети и пристап до пазар на труд за Ромите, да ги искористат можностите за вработување и бизнис можностите на пазарните системи.
Зголемени организациски капацитети на Здружението Национален ромски центар.
1.4. Набавката на ова Барање не е делива. Изборот ќе се направи согласно најдобриот финансиски интерес за понудените стоки и услуги.
2. Понуда
- Понуда за одржување на обука за 6 и 7јули 2021 година за 20 учесници
- Понудата треба да содржи цена за сместување во еднокреветна соба со доручек, ручек и вечера за вкупно 6 лица
- Ручек за 20 учесници на 06.07.2021 и за 1 4на 07.07.2021(во оваа бројка не се вклучени 6-те лица во полн пансион).
- Настанот ќе започне со ручек на 06.07.2021 и ќе заврши на 07.07.2021 по ручекот.За реализација на настанот ќе биде потребно да се обезбедат сите потребни услови согласно Протоколот за заштита од Ковид 19.
- Понудата треба да содржи цена и за сала за состаноци, вода за време на обуката и 2 кафе паузи. Локацијата на понудувачот треба да е во близина на Куманово. Понудената цена треба да е во денари.
3. Критериуми за избор на најповолен понудувач:
- Цена
- Квалитет
Цената носи максимум 80 бодови, квалитетот носи максимум 20 бодови.За добитник на повикот по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ќе добие најмногу поени.
4. Облик и содржина на понудата
4.1 Понудата се изработува во писмен облик со понудена цена во денари
4.2 Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, броеви на телефон, факс, е-маил адреси за контакт како и лица за контакт
4.3 Карактеристики на понудата
4.4 Рок и начинот на испорака на стоките и услугите
4.5 Рок и начин на плаќање
Ве Молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следната адреса [email protected]и [email protected]најдоцна до 25.06.2021 година до 16 часот.