Ве покануваме на учество на дванаесетта онлајн работилница организирана од З.Национален ромски центар – Куманово, на тема: „Видови контрацепција и нивна употреба“ со која ќе се дадат информации за видови на контрацепција, информации за нивна употреба за спречување на несакана бременост, нивна употреба во сочувување на сексуалното и репродуктивното здравје, и контрацепцијата како начин да се спречи несакана бременост во функција на планирање на смемејство.
Предавач на оваа онлајн работилница е Д-р Лидија Јовчевска, гинеколог акушер при Општа болница – Куманово.
Активноста е во рамките на проектот „Унапредување на здравствената заштита на Ромките во време на здравствена криза“ финансиран од страна на Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ). Работилницата ќе се одржи онлајн преку ZOOM платформата на 12.10.2021г. (вторник) со почеток во 18:00 часот.
Заинтересираните може да се пријават на следниот e-mail: [email protected] по што ќе им биде испратена ангенда и покана со линк за приклучување работилницата и агенда.
***
Содржината на оваа веб-страница се одговорност на сопственикот и уредникот и не ги одразуваат ставовите на Фондација отворено општество – Македонија