Национален ромски центар во соработка со партнерската организација Симбиозис организираа првични информативни средби со претставниците на граѓанските здруженија од Куманово, Кочани, Кичево, Прилеп, Крива паланка и Штип. Проектниот тим ги информираше претставниците на здруженијата за имплементацијата на проектот „Зајакнување на влијанието на граѓанското општество за ефективни реформи во правосудниот сектор“, планираните активности, како и основата за заедничка соработка. На средбата беа поделени промотивни материјали за проектот. Претставниците на 25 здруженија кои присуствуваа на средбите покажаа интерес за соработка, особено за претстојните обуки и регистрација во Регистарот за БПП во Министерството за правда.