Во рамките на проектот „Унапредување на здравствената заштита на Ромките во време на здравствена криза“ под мотото „Моето здравје е мое право“ Зружението Национален ромски центар од Куманово на 05.08.2021 година успешно ја реализира шестата по ред онлајн работилница на тема „Совети за бремени жени во време на пандемија со корона вирус„.
Предавачот на оваа работилница, Г-ѓа Љиљана Ивановска, која е главна патронажна сестра во Здравствен дом во Куманово изложи информации и здравствени совети кои се однесуваат на бремени жени а се напатствија врз основа на издадени протоколи како бремените жени да го организираат своето здравје, планирани прегледи и посети на лекар во услови на пандемија со Ковид19. Темата кај присутните учесници на оваа работилница предизвика интерес, при што во крајниот дел добар дел од учесниците поставија прашања кои се однесуваат на специфични аспекти од обработената тема. На работилницата учествуваа и момчиња кои пројавија интерес да се запознаат со специфичностите на темата, а кои би можеле да ги применат во заедничкиот живот со нивните партнери во иднина.
Оваа шеста работилница е дел од серијата онлајн работилници на кои се обработуваат на онлјан платформата ZOOM а се обработуваат теми од областа на заштита на сексуалното и репродуктивното здравје на младите Ромки и Роми како и теми за заштита на здравјето во време на пандемија. Сите активности кои се спроведуваат во рамките на проектот “Унапредување на здравствената заштита на Ромките во време на здравствена криза“ се подржани и овозможени од Фондација Отворено Општество на Македонија.
***
Содржината на оваа веб-страница се одговорност на сопственикот и уредникот и не ги одразуваат ставовите на Фондација отворено општество – Македонија