Ве покануваме на учество на единаесетта онлајн работилница организирана од З. Национален ромски центар – Куманово, на тема: „Планирање на семејство, сексуално и репродуктивно здравје и контрацепција“ со која ќе се дадат насоки и информации за начини и стратегии за планирање на семејство, како да го сочуваме сексуалното и репродуктивното здравје, и контрацепцијата како начин да се спречи несакана бременост во функција на планирање на смемејство и зачувување на здрвјето. Предавач на оваа онлајн работилница е Љиљана Ивановска, дипломирана медицинска сестра.
Работилницата ќе се одржи онлајн на 23.09.2021 г. со почеток во 17:00 часот преку ZOOM платформата. Активноста е во рамките на проектот „Унапредување на здравствената заштита на Ромките во време на здравствена криза“ финансиран од страна на Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ).
Заинтересираните може да се пријават на следниот e-mail: [email protected] по што ќе им биде испратена покана со линк за приклучување на работилницата и агенда.
***
Содржината на оваа веб-страница се одговорност на сопственикот и уредникот и не ги одразуваат ставовите на Фондација отворено општество – Македонија