На 14 јануари се одржа средба на која присуствуваа Директор на Општа Болница Куманово , Г-ѓа  Снежана Захариева,  Себихана Скендеровска-координатор на проектот „Унапредување на здравјето на жените Ромки“, под мотото: „Моето здравје е мое право“, Елез Елезовски –координатор на проектот „Менување на наративите за Ромите во Здравствените институции“ и  Магдалена Јакимовска-правник

Од страна на координаторот на проектот Себихана Скендеровска ,Директорката на Општата Болница во Куманово на средбата беше запознаена дека Здружението „Национален Ромски Центар „ од Куманово во периодот кој следи па се до јуни 2020 година ќе продолжи со спроведување на проектот насловен како  „Унапредување на достапноста до здравствена заштита на жените Ромки“-продолжение, под мотото „Да зборуваме- Моето здравје е мое право“, како и со досегашните преземени активности при спроведување на истиот.

Истата беше запознаена дека активностите се продолжение на долгогодишната работа на НРЦ, на полето на промоција и застапување за здравствените права на Ромките и жените кои се соочуваат со нееднаков пристап до здравствена заштита во репродуктивен период поради социо економски разлики .  Цел на проектот е  подобрување на пристапот до здравствена заштита и здравствени услуги на Ромките, но и на сите оние кои се соочуваат со потешкотии поради различни вулнерабилни реалности. Освен граѓаните на Куманово цел на проекот се и сите чинители кои придонесуваат за одржување и реализирање на дејностите поврзани со здравствената заштита во општината но и во државата. На средбата беше дискутирано околу проблемите со кои најчесто се соочуваат жените Ромки при остварување на нивните со закон загарантирани здравствени права , а кои најчесто произлегуваат од нивната слаба материјално-финансиска состојба.

Исто така на Директорката  и беа посочени и голем број на наши препораки кои треба да бидат преземени од страна на надлежните институции за успешно надминување на проблемите со кои се сретнуваат конкретно Ромки и Роми од Куманово на 15 – 35 годишна возраст кои се во реперодуктивен период.

На средбата Директорката од страна на координаторот на проектот „Менување на наративите за Ромите во Здравствените институции“  Елез Елезовски беше запознаена со целите и активностите на проектот кои во наредниот период ќе ги спроведува Здруженето „Симбиозис“ опд Куманово  .Цел на проектот е зајакнување на младите Роми за здравствените права и обврски преку  споделување на искуства и изучување на креативни методи за застапување како и мотивирање и подигнување на свеста за важноста на здравствената заштита како и здравствените права со цел да се смени однесувањето на младите Роми кон своето здравје.

 

На средбата беше договорено и во најскоро време да биде потпишан Меморандум за соработка помеѓу Здружение “Национален Ромски Центар„ од Куманово и Општата Болница Куманово како и Здружение „Симбиозис„ од Куманово и Општа Болница Куманово .

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*