Здружението Национален ромски центар од Куманово го спроведува проектот „Застапување за обезбедување на специјализирани сервиси за помош и поддршка на жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство” во рамки на проектот „На пат кон ЕУ: Спречување на насилството врз жените во Република Северна Македонија” финансиран од Фондацијата “Kvinna till Kvinna” ( The Kvinna till Kvina Fondation) а имплементиран од Национална мрежа против насилство врз жените и семејното насилство при што на ден 07.12.2021 со почеток од 09: 30 часот се одржа средба со претседателката на Совет на општина Куманово Ивана Ѓеоргиевска на која присуствуваа претставничка од НРЦ, извршната директорка на Национална мрежа глас против насилство врз жените и семејното насилство Елена Димушевска и претставничка на Здружение Мајка од Куманово Лидија Илиевска.Целта на средбата беше развивање на заедничка соработка кон подобрување на пристапот до специјализирани сервиси за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство и до Општина Куманово беше даден предлог за воспоставување на Советувалишен центар за помош и поддршка не жртви на родово базирано и семејно насилство во Куманово, кое ќе го користат жени и деца жртви на насилство од општините Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Ранковце, Крива Паланка и Кратово на локација лесно достапна и пристапна за лица со физичка попреченост. Од страна на претседателката беше истакнато дека потребата од воспоставување на ваков центар е реално потребна и дека истиот ќе биде предаден на разгледување на надлежните сектори во рамки на локалната самоуправа со цел почитување на веќе поставени законски обврски и превземање на понатамошни чекори во насока на усогласување на истите и решвање на проблемот со кој се соочуват жените жртви на семејно и родово базирано насилство.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*