Почитувани,
Ве покануваме на учество на осма онлајн работилница организирана од З. Национален ромски центар – Куманово, на тема: „Дали вакцинацијата на населението е надеж да се стави крај на пандемијата со ковид19? (Прашања и одговори за придобивките од тековната вакцинација на населението против Ковид19)“ со која ќе се дадат одговори на актуелните прашања кои се однесуваат на тековното вакцинирање на населението, и дали вакцинацијата на населението е надеж да се стави крај на пандемијата со Ковид 19. Исто така ќе се дадат информации за придобовките од вакцинацијата на населението против Ковид 19, како и информации за тоа кои категории на граѓани можат да извршат вакцинација и на кој начин. Предавач на оваа онлајн работилница е Д-р Јадранка Стаменковска, специјалист епидемиолог. Активноста е во рамките на проектот „Унапредување на здравствената заштита на Ромките во време на здравствена криза“ финансиран од страна на Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ).
Работилницата ќе се одржи онлајн на 19.08.2021 г. со почеток во 17:00 часот преку ZOOM платформата. Активноста е во рамките на проектот „Унапредување на здравствената заштита на Ромките во време на здравствена криза“ финансиран од страна на Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ).
Заинтересираните може да се пријават на следниот e-mail: [email protected] по што ќе им биде испратена покана со линк за приклучување работилницата и агенда.
***
Содржината на оваа веб-страница се одговорност на сопственикот и уредникот и не ги одразуваат ставовите на Фондација отворено општество – Македонија