Национален ромски центар започна да го имплементира  проектот „ Поддршка за легализација на ромско домување“

НРЦ во период од 2018 до 2020 година засилено ќе работи на процесот на легализација.

Период на имплементација: 01.02.2018 до 01.02.2020

Главната цел на проектот е  подобрување на условите за домување на Ромите во Република Македонија.

Специфична  цел на проектот е поддршка на ромските семејства во процесот на легализација на нивните домови.

Активности  и резултати 

  • Најмалку 300-400 ромски семејства обезбедени со постојана правна помош во текот на процесот на легализација на нивните домови,
  • Ромската заедници во 5 општини (Куманово, Кичево, Штип, Прилеп и Кочани) да се информира во континуитет за нивните права и правни насоки поврзани со легализација на нивните домови,
  • Зајакнување на капацитетот на ромските граѓански организации за заштита и промовирање на правата на Ромите поврзани со домувањето и легализацијата на нивните домови преку организирање на три тренинзи за ромски граѓански организации,
  • Петте општини со значителни ромски заедници потесно се вклучени во станбените проблеми на Ромите и со подобрен капацитет да одговорат на потребите на ромските граѓани,
  • Најмалку 1.200 состаноци (усни правни совети) со корисници,
  • Најмалку 50 отворени денови за правно советување организирани во 5 целни општини,
  • Најмалку 100 дена правно советување од врата до врата,
  • Изработка на водич за ромски граѓански организации за правата поврзани со процесот на легализација,
  • Три обуки за избрани прашања поврзани со правата на домување на Ромите, легализација на ромските домови и урбанизација на ромските заедници, организирани за општинските службеници и други релевантни чинители (Катастар, Министерство за транспорт и врски),
  • Најмалку 15 средби со релевантни чинители за прашања поврзани со легализација на ромските домови и урбанизација на ромските заедници.

Имплементација на прокетот: Во општините Куманово,  Кичево, Кочани, Штип и  Прилеп.

Партнери во проектот: Здружение Симбиозис 12 Куманово и ОРМ Бела Кула Кичево.

****

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерските организации Симбиозис 12 Куманово и ОРМ Бела Кула Кичево и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

 

 

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*