Европскиот Форум на Ромите усвои резолуција за Ромите во Европа
Стразбур, 9 ноември 2006 година. На крајот на тридневниот состанок на пленарното Собрание на European Roma and Travellers Forum усвои резолуција со која се бара од Комитетот на министрите и од Европскиот Совет да усвојат Европска повелба за правата на Ромите. Повелбата треба да биде обрзувачки легален инструмент со кој ќе се присилат националните влади или меѓународните организации да ги почитуваат правата на Ромите.
Во палатата на Европа во Стразбур се состанаа делегати од повеќе од 40 земји членки на Советот на Европа вклучувајќи ги и претставниците на поважните седум меѓународни организации да разговараат за состојбата на Ромите во Европа. Во извештаите на земјите се истакнува дискриминација во полето на образованието, домување, здравство и вработување. Неколкумина од делегатите истакнаа дека постоечките инструменти за заштита на човековите права и анти-дискриминацијата не се применуваат соодветно за состобата на Ромите. Тие исто така беа критични и за фактот дека политичките иницијативи кои се поврзани со лошата состојба на Ромите честопати не ги земаат во предвид актуелните потреби на Ромите за определени потреби.
На конференција за медиумите по состанокот, претседателот на Форумот, г-дин Rudko Kawczynski, го истакна фактот дека во Европа расте анти-циганизмот. Особено истакна дека состојбата на Ромите на Косово, која ја спореди со состојбата на еврејската популација во Германија по II Светска Војна. Понатаму ја истакна тешката состојба на Ромите во Турција и наведе дека Форумот сака да биде вклучен во дискусиите околу приемот на оваа земја во Европската Унија.
„Ние сакаме да покажеме дека Ромите не се само објект на политиките, туку на оние 14 милиони луѓе што живеат во Европа треба да им се почитуваат правата“, истакна претседателот на Форумот.
European Roma and Travellers Forum, е воспоставен 2004 година, како европска ромска организација под закрила на Советот на Европа, составена од ромски организации од Европа. Договор за партнерство со Советот на Европа му дава на Форумот посебен статус и првенствено значење за прашањата кои се однесуваат на ромските заедници во Советот на Европа и во националните влади.