Документарниот филм „ Домувањето е повеќе од четири ѕида и кров “ е изработен во рамките на проектот „Адекватно домување за Роми“, реализиран од страна на Национален Ромски Центар со поддршка од проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата Отворено Општество Македонија и со поддршката на програмата Европа за граѓаните на Европска Унија.