18.11.2020

Почитувани,

Здружение Национален Ромски центар (НРЦ) од Куманово повторно објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации:

1.Општи услови

1.1 Набавувач на услуги: ЗГ “Национален Ромски Центар” со седиште во Куманово ул. „Доне Божинов“ 11/5.

1.2 Предмет на барањето: Прибирање понуди за печатење на 6 документи за јавни политики

1.З. „Национален ромски центар“ (НРЦ) го спроведува проектот “Зајакнување на ромската жена во Република Северна Македонија” финансиран со подршка на We effect, и заради остварување на планираните проектни активности јавно го објавува ова барање до сите регистрирани правни субјекти во државата заради печатење на 6 документи за јавни политики.

1.4. Набавката на ова Барање не е делива. Изборот ќе се направи согласно најдобриот финансиски интерес за понудените стоки и услуги.

2. Понуда

2.1  Ќе бидат печатени 6 различни документи за јавни политики, кои ќе ви бидат доставени дизајнирани пред печатење. Два од документите имаат по 16 страни, а 4 имаат по 20 страни. Понудувачот треба да достави понуда согласно потребите на набавувачот:

број на страници за печатење: 2 * 16 страни; 4 * 20 страни

формат: А-5

вид на хартија: 200 грамска

техника на печатење: фул колор, двострано печатење

број на примероци: 50 од секој документ (вкупно 6 документи * 50 примероци)

прилог: линк до веб страна или друг извор каде може да се видат производите или достава на примерок доколку понудата се доставува лично

3. Критериуми за избор на најповолен понудувач:

  • Цена
  • Квалитет

Цената носи максимум 80 бодови, квалитетот носи максимум 20 бодови. За добитник на повикот по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ќе добие најмногу поени.

4. Облик и содржина на понудата

4.1 Понудата се изработува во писмен облик со понудена цена во денари

4.2 Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, броеви на телефон, факс, е-маил адреси за контакт како и лица за контакт

4.3 Карактеристики на понудата

4.4 Рок и начинот на испорака на стоките и услугите

4.5 Рок и начин на плаќање

Ве Молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следната адреса [email protected] и [email protected] најдоцна до 25.11.2020 година до 16 часот.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*