Почитувани,

Ве покануваме на учество на седма онлајн работилница организирана од З. Национален ромски центар – Куманово, на тема: „Техники и стратегии за справување со стрес во услови на пандемија“ која ќе понуди информации за природата на предизвиканите проблеми со пандемијата а исто така ќе бидат изложени техники и стратегии како да се справиме со стресните ситуации во време на пандемијата но и практични совети за специфични ситуации. Предавач на оваа онлајн работилница е М-р Славица Тасевска Симоновиќ, експертка од областа на мотивација и јакнење на личните капацитети и развој.

Активноста е во рамките на проектот „Унапредување на здравствената заштита на Ромките во време на здравствена криза“ финансиран од страна на Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ). Работилницата ќе се одржи онлајн на 13.08.2021 г.  со почеток во 17:30 часот.

Заинтересираните може да се пријават на следниот e-mail: [email protected]  по што ќе им биде испратена покана со линк за приклучување работилницата и агенда.

***

Содржината на оваа веб-страница се одговорност на сопственикот и уредникот и не ги одразуваат ставовите на Фондација отворено општество – Македонија

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*