Зружението „Национален Ромски Центар“ во рамките на проектот “Унапредување на здравствената заштита на Ромките во време на здравствена криза“ наслевен под мотото „ Моето здравје е мое право“ на 11.06.2021 година успешно ја реализира петата по ред онлајн работилница на тема „Предизвици и справување со стрес во актуелни услови во кои живееме„.
Содржините од работилницата беа изложени и обработени од страна на М-р СлавицаТасевска Симоновиќ, која е истакнат експерт од областа на мотивација и јакнење на личните капацитети и развој.
Кај присутните учесници темата на работилницата предизвика голем интерес, со оглед на тоа дека повеќе од една година се наоѓаме во пандемија предизвикана од корона вирус која со рестриктивните мерки и протоколи за заштита на здравјето на населението, од друга страна кај населението сето тоа предизвика стресни состојби. Дадените информации и техники за справување со стрес во пандемиски услови, кај учесниците беа добредојдени, а во делот на дискусијата имаше бројни прашања и споделени искуства за справувањето со стесот.
Оваа петта работилница е дел од серијата онлајн работилници на кои се обработуваат теми од областа на заштита на сексуално и репродуктивно здравје на младите Ромки и Роми како и теми за заштита на здравјето на во време на пандемија. Сите активности кои се спроведуваат во рамките на проектот “Унапредување на здравјето на жената Ромка“ се подржани и овозможени од Фондација Отворено Општество на Македонија.
***
Содржината на оваа веб-страница се одговорност на сопственикот и уредникот и не ги одразуваат ставовите на Фондација отворено општество – Македонија