Извршно резиме и препораки за применети јавни политики за учество на Роми и други помали заедници на локално ниво

Ова резиме е подготвено во рамки на проектни активности „Подобрување на учеството на (по)малите заедници на локално ниво“ со поддршка на Делегација на Европска Унија и ИНСОК во период од 01.04.2016 до 30.09.2017 година во пет општини: Куманово, Кочани, Прилеп, Битола и Тетово.

Проектните активности имаат за цел да ги зголемат можностите за воспоставување механизми за подобрување на учеството и заштита на правата на Ромите и другите помали заедници на локално ниво во согласност со Охридскиот Рамковен Договор.

Влијанието на спроведените активности е видливо не само во проценка на потребите на припадниците на помалите заедници, туку и како своевиден придонес во креирање на јавни политики за подобрување на нивното учество и еднаков пристап до фундаменталните права.

Наодите во ова резиме ги покажуваат недостатоците за подобрување на учеството на Роми и (по)малите заедници на локално ниво и даваат јасни насоки за натамошна акција за подобрување на учеството на помалите заедници на локално ниво.

 

****

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар-Куманово (НРЦ) и партнерската организација Здружение на Роми АВЕНА-Кочани и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

Screen Shot 2017-09-26 at 1.16.30 PM

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*