Организации за правата на Ромите даваат придонес за прегледот на интересите во Македонија пред органите на Обединетите Нации
Будимпешта, Куманово, Женева, 13 ноември 2006 година. Комитетот за економски, социјални и културни права при Обединетите Нации, денес ја разгледува усогласеноста на Македонија со Меѓународниот Пакт за економски, социјални и културни права (ICESCR). Во прилог на денешното расправање Европскиот центар за правата на Ромите (ERRC) и Национален ромски центар (НРЦ) поднесоа пишани коментари во кои се истакнати интересите за правата на Ромите во Македонија во областите опфатени со овој Меѓународен Пакт.
Извештајот на ERRC/НРЦ ги истакнува интересите за следниве области:
- Недостатокот од целосна и ефективна законска заштита против дискриминацијата;
- Систематски и неутврден неуспех за да се обезбеди за одредени категории на Роми – вклучувајќи ги бегалците и апатридите – легален статус кој ќе им ги гарантира основните човекови права;
- Неуспехот на македонската Влада ефективно да се имплементираат програмите и политиките кои ги засегаат Ромите;
- Многу распространето и хронично невработување на Ромите и дискриминациони практики од страна на работодавачите кон Ромите;
- Пречки со кои се соочени Ромите за целосно обезбедено здравствено осигурување од страна на државата и социјалната заштита;
- Неквалитетни услови за домување на Ромите во Македонија и грижата поврзана со насилно иселување на Ромите од местата на домување;
- Бедната здравствена состојба на Ромите во Македонија, споена со дискриминаторен третман од страна на медицинскиот персонал и лошиот третман;
- Ефектите од големото исклучување на ромските ученици во образованието и практикување на расна сегрегација и други форми на дискриминација во оваа област; и
- Забелешки поврзани со можноста да се користи ромскиот јазик во државните институции.
Интересите на соработка беа покренати во поглед на неуспехот на македонската Влада ефективно да ги реши прашањата наведени погоре и да обезбеди соодветни информации во овој поглед за Меѓународниот Пакт за економски, социјални и културни права.
Целосниот текст на поднесокот до Комитетот за економски, социјални и културни права при Обединетите Нации подготвен од ERRC/НРЦ е достапен на:
http://www.nationalromacentrum.org/mk/index.php/icescr-report/
ERRC-NRC-Macedonia-ICESCR-September-2006-Macedonian.doc
ERRC-NRC-Macedonia-ICESCR-September-2006-Macedonian.pdf
Дејствувањето на ERRC/НРЦ во Македонија, вклучувајќи ја и работата на денешниот поднесок, беше овозможено од донација на Европската Комисија во периодот 2005-2006 година.
За дополнителни информации ве молиме контактирајте ги:
- Tara Bedard (ERRC Projects Manager): tara.bedard[at]errc[dot]org, +36 1 41 32 246
- Claude Cahn (ERRC Programmes Director): ccahn[at]errc[dot]org, +36.20.983.6445
- Ашмет Елезовски (Претседател на НРЦ): elezovski[at]nationalromacentrum[dot]org, +389.31.427.558