Работилницата за Партиципативна самопроценка за организации – Октагон се одржа на 06 и 07 јули, 2021 година, во Хотел Етно Село во Куманово, со цел остварување на активностите во рамките на проектот „Организациски развој на НРЦ и подобрени способности за вработување и претприемништво кај Ромите, особено кај жените и младите “, со поддршка на We Effect. Цели на проектот се: .
- Зголемени капацитети и пристап до пазар на труд за Ромите, да ги искористат можностите за вработување и бизнис можностите на пазарните системи.
- Зголемени организациски капацитети на Здружението Национален ромски центар.
Работилницата имаше за цел да се разбере каде се наоѓа организацијата сега, што треба да се промени и како да се постигнат посакуваните цели, преку користење на октагон алатка која се користи за фокус групи: менаџмент, вработени, членови, носители на права кои учествуваат во самопроценката, притоа фокусирајќи се на слабостите и постапувањата повеќе отколку на она што е добро. На двете октагон работилници присуствуваа вработени на НРЦ, членови на Управен Одбор, членови на локални парнерски организации и носители на права.
О