Во рамките на проектот „Зајакнување на ромската жена во РСМ“ , во октомври и ноември 2020 година се одржаа средби на граѓани со адвокати за пружање на бесплатна правна помош во постапки за легализација на бесправно изградени објекти, приватизација на градежно земјиште во државна сопственост, упис во матична книга на родени, регулирање на привремен престој, уредување на граѓански статус, државјанство и друго.

Средбите се одржаа во општините Куманово,Кичево, Прилеп, Штип, Кочани  и Велес, а се со цел за пружање информации и правни совети за решавање на конкретни правни прашања.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*