На ден 20.12.2019 година во Општина Штип, се одржа трибина на тема,,Потреба на ромските граѓани во сферата на урбанизам ,, организирана од страна на Национален Ромски Центар во рамки на проектот,,Унапредување на учество на Ромите во локалните политики за урбанистичко планирање,, финансиран од Фондација Отворено Општество Македонија.
Целта на трибината е да се подигне интерес за легалзиација како пристап до урбанизација која претставува континуиран процес за да се обезбеди хармонизација на просторот и унапредување на животната средина како и носење на одлуки на локално ниво.
На трибината присуствуваа: Граѓани од ромската заедница, Граѓански здруженија од општина Штип и Претставници на Локална Самоуправа од општина Штип.