На ден 25.12.2019 во рамки на проектот „Унапредување на учество на Ромите во локалните политики за урбанистичко планирање„ финансиран од Фондација Отворено Општество Македонија се одржа средба со претставници од локална самоуправа во Штип.
На средбите беше претставена главната цел на проектот: Унапредување и зајакнување на учество на ромската заедница во следење, носење и реализација на политики за урбанистичко планирање во Општина Штип.
Целта на средбите е отворена дискусија за начини и можности со кои може да се допринесе кон подобрување на условите на ромското домување. Се дискутираше за постапките за легализација, за бројот на поднесени и завршени барања за легализација, проблеми со кои се соочуваат ромската заедница во остварување на управна правда во постапките за легализација на нивните домови и урбанизација на ромските населби, во колку населби живеат најчесто ромските граѓани и дали тие населби се урбанизирани, односно вклопени во урбано-планската документација на општината.
„Содржината е единствена одговорност на авторите и на грантистот, и на нниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество-Македонија“