По повод „Неделата против расизмот“ (15-27 октомври 2009) , Националниот Ромски Центар во соработка со FARE мрежата, која е поддржана од фудбалската федерација UEFA и Open Fan Football, на ден 17.10.2006 (сабота) со почеток во 11 часот, организираше спортски настан. На настанот кој претставува континуитет на заложбите на НРЦ за борба против расизмот во фудбалот насловено како „Сите бои се убави“, преку забава и спортска игра учестваа младинци од градот Куманово, и тоа од различни националности. Исто така се оддржа и еден ревијален фудбалски натпревар. На овој настан беа поканети да дадат поддршка и поранешни фудбалери од Куманово од различни националности, а пред почетокот на настанот менаџерот на НРЦ, Ашмет Елезовски и Претседателот на Советот на општина Куманово, г-дин Виктор Цветковиќ говореа за кампањата и како младите можат да допринесат за прекин на расизмот и дискриминација во фудбалот. Пред почетокот на оваа Акциона Недела најмладите членови на НРЦ, делеа флаери, постери и информации за Акционата Недела низ целиот град и во основните и средните училишта во Куманово.
Мрежата има активни партнери во 40 земји и соработува со фанови, играчи, мигранти и етнички малцински организации како и со УЕФА и ФИФА. Благодарение на ФАРЕ мрежата може да се примети промена. Целта на овој настан беше да се промовира „Неделата против расизмот“, за да се влијае врз намалување на предрасудите и стереотипите кои постојат во фудбалот.