По повод 8 ФАРЕ Недела Против Расизмот, Националниот Ромски Центар во партнерстов со ФАРЕ мрежатаорганизираше натпревар во мал фудбал во Спортската Сала во Куманово. Активноста беше одржана на 27 Октомври воНеделата Против Расизмот која започна на 17 Октомври до 30 Октомври.
Учесници на целиот овој настан беа ученици од неколку основни училишта од Куманово, а имаше и еден ревијален натпревар помеѓу невладиниот сектор и членовите на Советотна Општина Куманово. Играчите кои учествуваа на турнирот им се придружија на други играчи, фан групи, па дури и професионални фудбалери ширум светот да допринесат во борбата против расизмот. Тимовите ги сочинуваа ученици од петто до осмо одделение од Ромска, Македонска и Албанска националност. Пред официјалното отварање на турнирот имаше парада низ градот со натписи против расизмот и официјалнот мото на настанот „Различни соиграчи, иста игра“. Ашмет Елезовски менаџерот на НРЦ го направи огицијалното отварање на натпреварот, додека пак бившиот професионален фудбалер, познатиот Вујадин Станојковиќ го затвори турнирот со доделување на награди и благодарници на учесниците.