Општата цел на проектот е борба против социјално исклучување на млади луѓе од маргинализирани ромски рурални заедници во Бугарија, Романија и Македонија преку развивање и тестирање на оригинални социјални услуги во заедниците.

 

Донатор: Европска Комисија

Времетраење на проектот: 01/10/2011 – 30/09/2013

Опис: Проектот е насочен кон развој, тестирање и оценување на општествено оригинален пристап за борба против социјалното исклучување на младите луѓе во рурални заедници во Бугарија, Романија и Македонија со посебно внимание на младите луѓе од маргинализираните ромски заедници. Проектот претпоставува дека причини за социјално исклучување не се само сиромаштијата и недостигот на демократски традиции, но исто така и отсуството на социјални структури во рамките на локалните заедници. Проектот промовира развој на Центри за поддршка во заедница и други оригинални форми на социјални услуги во маргинализирани рурални ромски заедници. Во рамките на проектот ќе бидат основани и методолошки поддржани 4 центри за поддршка во заедница во Бугарија, 1 во Романија и 1 во Македонија.

Цел на проектот:

Општата цел на проектот е борба против социјално исклучување на млади луѓе од маргинализирани ромски рурални заедници во Бугарија, Романија и Македонија преку развивање и тестирање на оригинални социјални услуги во заедниците.

Проектот има три конкретни цели:

– основање и тестирање на Центри за поддршка во заедница како рамка за оригинални социјални услуги во заедниците за социјално вклучување на младите од ромските рурални заедници;

мерење на ефектот на основаните Центри за поддршка во заедница во зацврстувањето на активно учество и надминувањето на социјално исклучување во руралните заедници;

обезбедување на одржливост и поширока примена на моделот воспоставен на национално ниво (Бугарија, Романија и Македонија) и на европско ниво.

[post_gallery]