Во рамки на проектните активности НРЦ работи на продолжување и водење на постапките за легализација и имплементација на активности за застапување кои ќе допринесат за ефективна реализација на правото на домување и спроведување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти.
Времетраење: 01.02.2012 до 01.02.2015
Цели на проектот
Општа цел: Да се зголеми процентот на легализирани домови во Република Македонија.
Специфична цел: Легализација на домови во 6 општини во Скопје, Куманово, Кочани, Прилеп, Тетово и Штип каде што живее поголем број ромско население, преку финансиска и техничка поддршка за процесот.
Опис на проектот:
Во рамки на проектните активности НРЦ работи на продолжување и водење на постапките за легализација и имплементација на активности за застапување кои ќе допринесат за ефективна реализација на правото на домување и спроведување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти.
Активности на НРЦ во проектот:
– Пополнување на прашалници од страна на 7 истражувачи во 6 општини за 1,519 подносители на барања
– Организирање на изработка на софтвер за електронска евиденција
– Ресурсен центар анализа од терен на 1,519
– Бесплатна телефонска линија за легализација
– Ресурсен центар електронско евидентирање на 1,519 случаи
– Анализа за отпочнување и продолжување на постапки за легализација
– Ресурсен центар водење на постапки и електронска евиденција (ангажман на адвокат по потреба)
– Застапување – средби со Министерство за транспорт и врски, локални самоуправи, организирање средби со сите надлежни органи и субјекти за успешно спроведување на Законот
[post_gallery]