ДЕБАТИ НИЗ МАКЕДОНИЈА

Според имплементирачкиот план на кампањата за образование на Ромите „Клучот е во наши раце“ во текот на ноември и декември беа реализирани дебати низ 11 градови низ Македонија. На дебатите се дискутираше за тековните насоки во образованието на Ромите. Од сите планирани 11 градови, единствено дебатата во Тетово, од објективни причини е одложена за понатаму.

Процесот на дебатирање го започнавме во Битола, во просториите на О.У. „Ѓорѓи Сугарев“ на 12.11.2007.

БИТОЛА – На дебатата присуствуваа 13 учесници од кои 6 претставници од училиштето „Ѓорѓи Сугарев“, 6 родители и претседателот на советот на родители. Како и на сите други дебати го прикажавме документарниот филм со неговата главна порака за образованието и по презентацијата на заклучоците и резултатите од кампањата, Ашмет Елезовски ја отвори дискусијата.

Загорка Јовчевска, директорка на „Ѓорѓи Сугарев“ кажа дека во моментот имаат 160 осипани Ромски деца. Стручните тимови на училиштето редовно ги посетуваат семејствата за да ги убедат родителите да ги прaтат децата на училиште. Се соочиле со случај допрва да дојде мајка да побара тестирање на нејзиното дете за да се запише во прво одделение. Педагошката служба нон стоп е на терен и ги посетува ромските семејства. Им помагаат со облека и учебници.

Ашмет истакна дека постојат бариери поради кои децата не посетуваат настава. Tреба да се најде начин да се работи со родителите. Тој даде свое мислење дека во Битола во моменов има бариера од економски и нетолерантен аспект. Беше поставено прашање од негова страна: Која метода да ја користиме за да се зголеми присуството на Ромските родители во училиштето.

Од училиштето посочија дека имаат наставник (логопед) во училиштето. Нема организирано мрежа за скратување на социјалната помош за да ги пуштаат децата на училиште. Дел од ромската популација се обидуваат да ги сместат децата како деца со посебни потреби, со цел да бенифицираат од државата.за бесплатна храна, карта, книги итн. Не е убаво здрави деца да се етикетираат. Не соработуваат при тестирањето на децата.

Самедин Канановски, медијатор го посочи случајот на претседателот на ромска НВО кој сакал да го запише своето внуче во специјална паралелка. Предлага казни за родителите но и за докторите кои ги поддржуваат во овој процес.

Наставник од О.У. „Ѓорѓи Сугарев“ имаше предлог да се посети Комисијата за категоризација, која не дава функционална дијагноза, пишуваат со лесна ментална ретардираност.

Ашмет ги праша дали мислат дека би било во ред да ја презентираме оваа состојба во државниот просветен инспекторат, на што наставниците рекоа дека тоа би било добро, затоа што сега замавот е уште поголем во последно време.

Процедурата да се прогласи ментално ретардирано е полесна кога родителот бара да се прогласи неговото дете како такво. Има околу 20 Ромски деца.

Нина Пожарска, психолог посочи дека годинава е зголемен бројот на ромски ученици, сите се запишани и има мешани паралелки. Има една паралелка чиста во деветолетка. Како и деца во второ одделение. Сите деца кои се запишани редовно се ставени во мешани паралелки.

Ашмет го посочи случајот за појава на елитни училишта од Куманово, каде што не ги примаа ромските ученици.

На ова се надоврза Самедин кој посочи дека наназад 2-3 год кај дел од наставниците се јавува дискриминаторски однос. Но од септември како тоа да е сменето и соработката на наставниците со децата е солидна и успешна.

Во однос на редовноста на децата, директорката кажа дека праќаат покани до родителите за да ги опоменат за нередовноста на детето. Но немаат многу информации после втората покана, инспекторатот ја презема обврската понатаму. Како да се доближиме до родителите?

Еден од наставниците посочи дека работи со 10 ученици Роми, на редовните ученици 2 години не им ги видела родителите. Само еден родител присуствува на родителските и покрај тоа што сите се поканувани.

Самедин се надоврза со коментар дека и тие ги преземаат истите мерки. Родителите ги покануваат и писмено и усмено за дебатата. Ерхана ги посетувала и дома, но пак не одговорија на поканата.

Димче Дамчевски, претседател на Советот на родители ја посочи потребата од работилници со родителите. „Образованитео на нивните деца зависи од нив, од родителите. Работат со НВО за да го решат проблемот со осипување. Ги носат поканите дирекно. Минатата година по барање на НВО вклучија претставник од нив за да присуствува на седниците. Има родител Ром во училишниот одбор и во Советот на родители. Има 3 ромски родители во родителскиот совет. Целиот проблем е кај родителите, не кај учениците. Предлог да се користи некој бенефит.“

Ашмет потенцираше дека во НРЦ е донесена цврста одлука да не се дели ништо. Државата треба да се координира и да работи ефикасно со социјалните служби.

Беше упатено прашање дали се одвива наставата за образование на возрасни.

На оваа прашање од училиштето одговорија дека дури од Февруари ќе започне со настава за возрасни.

Денис Адемовски, активист во невладиниот сектор предложи да се направи група на родители само Роми. Тоа да биде тело кое ќе функционира во рамките на училиштето со цел да се привлечат што повеќе родители.

Ашмет постави прашање колку месни заедници има во Баир?

Денис одговори дека има три.

Ашмет посочи дека Баирска светлина нема контакти со Роми на терен. Мoра да бидеме здодевни за да се направи нешто. Историјата на Ромите не е многу позната. Не е ментален склоп Ромите да не ги пуштаат своите деца на училиште. Проблемот доаѓа од слабата економска состојба.

Наставниците констатираа дека треба да се работи на подигање на свеста на родителите.

Денис посочи дека креирањето на групата нема да биде само дуплирање, туку шанса да им се приближат на родителите. Имаат иницијативни групи.

Ашмет коментираше дека ако веќе има структура нема потреба од други тела да бидат креирани. Потребна е работа на терен.

Самедин предложи дека би било добро да се направат обуки/работилници и да се поканат родителите на тие работилници. Исто така и тимот од О.У. „Ѓорѓи Сугарев“ да бидат присутни. Да се поканат родителите на осипаните родители.

Логопедот рече дека не е проблем за било што од страна на наставниците само за да се заинтересирааат ромските деца да доаѓаат редовно на настава.

Бајрамов Назми, родител рече дека многу родители се благодарни на тимот на Баирска Светлина и училиштата. Треба родителите сами да се свесни за своите деца и тие самите да го најдат својот интерес.

Ашмет упати прашање до родителите како да се привлече нивното внимание…

Еден од родителите рече дека треба да се развие свеста на многу повисоко ниво. Треба да се дадат примери од секојдневниот живот.

Директорката го посочи примерот на Есма Реџепова. Потенцирање на ралика помеѓу ѓуптин и Ром.

Претседателот на Советот на родители го упати прашањето како да се реши проблемот со родителите кои одат на гроздобер?

Ашмет предложи медиумско прикажување на ромската проблематика. Лоби групата треба да промовира позитивна слика за децата роми. Треба да се покани Министерството за образование да дојде на терен во Битола.

Дебатата заврши со неколку конкретни проблеми за кои допрва треба да се бараат можни решенија. Од дебатата произлезе заклучокот дека постои голема незаинтересираност на родителите за успехот на децата во училиштето. Речиси сите ромски ученици учат во „Ѓорѓи Сугарев“ што од година во година води кон опасност за создавање сегрегирано училиште. На дебатата не присуствуваше претставник од Општината, од Министерството за образование, од Државниот Просветен Инспекторат, ниту од медиумите. Родителите беа претежно активисти на НВО. Затоа дебата ја оценуваме како една од послабо организираните од страна на медијаторите.

●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●

ПРИЛЕП

Дебатата во Прилеп се одржа на 13.11.2007, во просториите на Општина Прилеп, со присуство од 30 учесници, од кои 7 претставници од училиштето, 10 родители, советник за образование, претставник од Советот на родители, новинари и активисти во невладиниот сектор.

Дебатата беше отворена од страна на г-дин Ашмет Елезовски, менаџер на НРЦ.

Несиме Салиоска, локален медијатор во Прилеп ги повика директорите од училиштето да дадат општа слика за ситуацијата со ромските деца во училиштата.

Виолета лашкоска, директорка од О.У. „Добре Јованоски“ даде многу пофалби за кампањата како и за работата на медијаторите. Тој кажа дека многу убаво соработуваат со медијаторите инволвирани во кампањата. Исто така тој искажа воодушевување за проектираниот филм и дека нивното училиште е секогаш отворено за соработка. 70% од Ромските деца учат во О.У. „Добре Јованоски“.

Јелица Солуноска, директорка на ОУ „Кире Гаврилов“ кажа дека во нивното училиште има само 10 Ромски ученици. Им помагаат на учениците во храна и во учебници. Таа кажа дека е потребна едукација во семејството, со посебен акцент на мајката и исто така да се зголеми свеста за важноста на повисок степен на образование. Главниот двигател за успешна личност е мајката во семејството, пример кој го видовме и од филмот.

Г-дин Елезовски искажа незадоволство од присутноста на родителите, тој постави прашање дали постои некоја бариера? Исто така се постави прашањето дали се присутни ромските родители на родителските состаноци.

Директорката од О.У. Добре Јованоски испрати порака до родителите да бидат поприсутни на состаноците.

Г-дин Елезовски информираше дека Министерството за труд и социјала начна иницијатива за зголемување на социјалната помош со цел да се купат учебници за децата кои имаат финансики проблеми. Им беше кажано на претставниците на училиштата да ги задржат учениците и без учебници.

Исто така им беше поставено прашањето дали имаат регистрирано случаи на деца без учебници?

Беше одговорено дека не се соочиле со таков проблем.

Во меѓувреме пристигна г-дин Марјан Матраковски, советник за образование во општина Прилеп кој кажа дека иницијативата за десегрегација која ќе се имплементира од наредната година е поддржана од локаланата самоуправа.

Г-дин Матраковски, се извини за доцнењето бидејќи бил на работни состаноци. Како прва информација што ја има кажано е дека во наредните три години предвидено е да се изгради спортска сала за учениците од „Кире Гаврилоски“ и „Добре Јованоски“.

Приоритет во училиштето „Добре Јованоски“ е да се поправат тоалетите, проект аплициран до УСАИД. Тој кажа дека тоа се сегментите во кои работи локалната самоуправа.

Реонизацијата е исто така дел од работата на локалната самоуправа. Беше побарано од училиштата да побараат дали имаат документ со старата реонизација, за да имаат барем некаква слика за поранешната реонизација.

Г-дин Матраковски кажа дека работата со родителите и децата треба да ја реализираат стручните служби на училиштата. Исто така информираше дека се зголемува бројот на Роми средношколци. Во Септември беше креирана лоби групи за запишување во средните училиште.

Тој информираше за законот за задолжително средно образование. Дека поради овој нов закон мора интензивно локалните медијатори, да работат оваа година со родителите.

Несиме, локален медијатор од Прилеп објасни зошто е важна реонизацијата. Таа кажа дека голем број на ромски деца се ученици во О.У. „Добре Јованоски“ што укажува на појава на сегрегација како негативна појава. Учениците во населбата Тризла треба да бидат поделени и во двете училишта, за да има позитивна интеграција.

Реонизацијата треба да биде подготвена оваа година и да се имплементира од наредната година.

Зеко Асановски, родител кој живее во Тризла се претстави дека е член на родителскиот совет. Тој постави прашање дали ќе има некоја финансиска помош, стипендија за децата? И дали нема да можат да учествуваат и деца со послаби оценки.

Г-дин Елезовски информираше дека стипендии даваат странски фондации, на средношколци со висок успех.

Секој студент има право да конкурира за стипендија во РЕФ и во СОРОС.

Министерството за образование имаше отворен повик за стипендирање за средношколци и студенти. Локалната самоуправа нема финасии за стипендирање.

Г-дин Матраковски рече дека локалната самоуправа не работи и нема пари за стипендирање. Локалната самоуправа помага само во инфраструкруктура и поддржување на позитивни политики.

Да се направи разлика помеѓу Министерство за образование и Локалната самоуправа.

Само стипендираа од Будимпешта, но тоа се прекина.

Родителот повторно упати прашање дали има стипендии само на национално или пак и на интернационално ниво…

Стипендирањето се реализира на национално ниво. Заврши програмата за стипендирање на средношколците.

Реџеповски Агим, родител на дете во прво одделение постави прашање зошто не набавиле учебници за сите ромски деца?

Г-дин Елезовски даде личен пример за планирање на семејството. Тој истакана дека одговорноста е кај родителот.

НРЦ е мост за поефективен пристап до институциите. Ромите треба да се освестат дека самите треба да ја согледаат својата ситуација и да го одредат патот по кој одат низ животот. Книгите се одговорност на Министерството за труд и социјала.

Министерството обезбедуваше по 10 комплети за најсиромашните деца и се даваа на училиштата.

Самохран родител, праша каде да се обрати за помош. Му беше одговорено од страна на г-дин Елезовски да се обрати во Министерството за труд и социјала, како координатор за имплементација на Националната стратегија.

Има право како родител писмено и со факти да се обрати до релевантните институции.

Има Роми советници во Министерството за образование. Треба навремено да се преземаат иницијативи за решавање на нивните проблеми.

Оваа е период на тешки моменти, нема да се решат сите проблеми под итно. Нашата работа е процес и треба време.

Несиме кажа дека треба да се идентификуваат квалитетни механизми за подобрување на образовниот процес.

Родител на средношколка која учи во Собраќајно средно училиште кажа дека неговата ќерка конкурирала за стипендија во Министерството за образование, со целосна документација. Се уште немаат одговор на апликацијата.

Што е проблемот за непреисутноста на Ромите родители беше прашање поставено од г-дин Елезовски.

Родителите реагираа дека тоа се случува поради несоодветна облека. Наредниот состанок да се организира во „Добре Јованоски“.

Децата што седат во последните клупи да им се обрати внимание. Пример детето да научи како да го држи моливот. Многу се заплашени децата. Дури не прашуваат за ВЦ.

Децата не знаат во 5 одделение да пишуваат. Наставниците да обрнат внимание на квалитетот на образованието. Да се зголеми свеста кај децата.

Родителот Туран постави прашање зошто немаат во „Добре Јованоски“ бесплатна храна за децата?

Елезовски предложи да се остави простор и за другите луѓе да зборуваат.

Љубица Талеска, педагог од „Добре Јованоски“ ја пофали соработката со НВО-ите. Кога даде изјава за медиумите рече дека благодарение на НВО за деца и младинци и др. ги снабдија децата со учебници.

Благодарение на Интер Сос добија бесплатни учебници, како и со Блаже Конески основно училиште. Се залагаат децата да имаат наставни помагала. Од 1300 запишани, 800 се Ромски деца, затоа не можат да им платат храна.

Министерството за образование порано плаќаше за храна, но сега веќе тоа е прекинато.

Г-дин Елезовски искажа задоволство што во родителските совети има Роми родители и дека тие можат да направат некоја иницијатива за да се реши проблемот со хранарината.

Тој информираше за ИПА фондовите, кои ќе може да се користат во процесот на образоавание и постави прашање дали подобро ќе се почувствуваат доколку ги посетуваат учителите во домовите?

Родител кажа дека во минатото тоа се правело и убаво е учителите да ги посетуваат домовите. Родителите работат за опстанок и забораваат на децата.

Наставник од „Добре Јованоски“ кажа дека не е точно дека физичкиот изглед и хигиената се битни за присуство во училиштето. Битна е заинтересираноста и упорноста. Имаат родителски средби и колективни и индивидуални.

Треба да се соберат сите деца и да доаѓаат да учат. Да се има соработка, доаѓаат и родителите на училиште, но и да се шета по домовите.

Педагогот од „Кире Гаврилоски“ кажа дека бројката на ромски деца кај нив беше поголема во минатото. Се надева дека реонизацијата ќе даде позитивни резултати. Убава е иницијативата за навремено запишување во училиште. Се надева дека нема тука да се стопира. Најголем проблем е семејството, влијанието на родителите. Не смее да се постави ултиматум дека ако се нема книги нема да се оди на училиште.

Ромските деца се многу убаво прифатени иим се обрнува посебно внимание. Сите да бидат описменети и внатре во училиштето.

Г-дин Елезовски рече дека заедно со медијаторите ќе се направат напори за да се направат успешни активности.

Беша најавено дека во Декември се планира средба со Државниот секретар за образование кои се се поприсутни во ромската заедница.

Беа повикани учителите да ги кажат проблемите и доколку имаат предлози.

Учител од „Добре Јованоски“ кажа дека соработката со НВО-ите е на високо ниво. Стратегијата за Ромите вели дека ќе бидат задоволни да бидат 90% ЗАПИШАНИ ДЕЦА НА УЧИЛИШТЕ. Соработка со родителите има, во секое одделение има еден Македонец и еден Ром во Советот на родители. Исто така и на повисоки инстанци.

Имаат истражување за процентуално присуство и отсуство на ромски деца. 12-14 % беа осипани деца во 2005. Сега бројката е зголемена на 30%. Во прво одделение има 6 наставници, а родители се повеќе и не се присутни.

Децата кои се солидни, нивните родители се присутни во училиштето, а тие што се нередовни не се присутни. Организирана е дополнителна настава, се праќале покани до родителите и се организираат активности за нив. Беше даден предлог да се работи со оние родители кои имаат проблематични деца и се нередовни на училиште.

Наставник од „Добре Јованоски“ кажа дека присутноста на Ромите родители во Советот на родители е на високо ниво. Децата кои се преисутни, присутни им се и родителите.

Зошто родителите се пасивни беше поставено прашање од г-дин Елезовски?

Родител рече дека никогаш нема да бидат заинтересирани за неговото дете.

Наставник коментираше дека немаштијата има влијание, како родител за своето дете би нашол време. Доволно е едно дете да дојде во училиште и со само 1 тетратка е доволно, и ќе има резултати само да е присутно. Нема проблем доколку децата користат копирани учебници. Не знае зошто кај Ромите се случува да не ги потикнуваат своите деца да одат на училиште. Образованието е клучот за сè. Секој наставник ќе има време да разговара со родителите, тие се спремни да ги примат.

Убаво е да се кажат и критиките кажа г-дин Елезовски.

Наставник изрази мислење за Закононот за основно образование, учениците ја поминуваат годината со или без успех од 1-4 одделение, се злоупотребува законот поради неповторување од 1 до 4 одделение. По 60 деца повторуваат во 5 одделение.

Педагогот од „Добре Јованоски“ рече дека има подобрување не е дека нема ништо. Соработката со НВО-ите придонесуваат за присуство на децата во училиштето.

Зголемен е бројот на деца во средно образование.

Родител даде предлог да се оддржи родителски состанок поради проблемот што ги засегаат децата во О.У. „Добре Јованоски“.

На дебатата родителите и наставниците ги изнесоа нивните проблеми и присутните беа запознаени со конкретни ситуации. Поситивно беше излагањето на г-дин Матракоски. Генерално постои позитивна тенденција за надминување на многу важни проблеми. Благодарение на медијаторите ќе се реши проблемот со сегрегацијата на ромските ученици во „Добре Јованоски“, што е особено значајно. Но, сеуште постои оддалеченост на родителите од вистинската улога на образование и тие како да не го знаат вистинскиот начин да се изборат за своите права.

На дебатата единствено не присуствуваше претставник од Државниот Просветен Инспекторат. Дебата ја оценивме како солидно организирана од страна на медијаторите.

●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●

КАВАДАРЦИ

Дебатата во Кавадарци се одржа на 14.11.2007 година во просториите на општина Кавадарци, во присуство на 20 родители, од кои 10 од училиштата, 8 родители, активисти од невладиниот сектор и новинари.

Дебата ја отвори г-дин Ашмет Елезовски, менаџер на Национален Ромски Центар. Во својот отворен говор ја објасни целта на дебатата, за потребата да се дискутира по прашањето на образованието на децата Роми. Од страна на г-дин Елезовски беше поставено прашањето со кои проблеми се соочуваат децата роми на училиште но и релацијата на нивните родители со училиштето и претставниците кои работат со ромските деца.

После краткиот вовед беше даден слободен простор за дискусија во која ќе се идетификуваат проблемите.

Раим Сулејманов, ромски активист беше заинтересиран да дознае дали се испратени соодветни покани до Министерството за образование и колку е промовирана кампањата во институциите? Аргумент за ваквото прашање беше недоволниот број на присутни на дебата. Очекувале поголем број на присутни, дали има известување до министерството за образование и колку е промовирана во институциите?

На ова прашање г-дин Елезовски одговори дека кампањата која се имплементира оваа година е наменета токму за Ромските родители. Уште еднаш се истакна дека нашата цел е да се вклучи максимален број на ромски деца во образование. Националниот Ромски Центар сите информации и свои реакции редовно ги испраќа до сите релавантни институции. За секој јавен настан исто така редовно се информираат истите, а воедно нашите дописи и барања, анализи, реакции итн. се изработуваат редовно почитувајќи ги законите на Р. Македонија.

Ние испраќаме извештаи и реакции до релевантните институции за да реагираат според законските регулативи.

Раим постави прашање дали министерот може да го слушне нашиот глас?

Во ситуации кога се прекршува законот тогаш нормално е институциите да бидат информирани и да реагираат, беше кажано од страна на Елезовски. Постои страв кај ромската заедница во Кавадарци, мислење на Ашмет Елезовски постави прашање до поширокиот аудиториум (наставниците, родителите, директорите, педагозите и психолозите) дали има осипување и со кои проблеми се соочуваат, колку е присутноста на родителите во училиштата?

Родителите исто така беа повикани да кажат со кои проблеми се соочуваат во текот на образованието на своите деца.

Душанка Павлова, педагог во „Д. А. Габерот“ посочи дека имаат 50 ученици Роми, кои се вклучени во редовна настава. Ова училиште е вклучено во програмата на Институтот Отворено Општество во партнерство со Холандската амбасада во Македонија именуван како Еднакви образовни можности за децата Роми.

Педагогот од оваа училиште ја појасни програмата на овој проект и дека нивна цел е да им се пружи поддршка на учениците Роми. Во рамките на овој проект учениците Роми посетуваат дополнителна настава, по предмети кои им се нејасни. 5 пати месечно по секој предмет. При оваа дискусија мислењето на педагогот беше дека помошта им е многу корисна на ромските деца. Во рамките на истата програма сите ученици Роми добија комплет бесплатни ученици како и училишен прибор. Има 8 одлични ученика Роми. Беше кажано од страна на педагогот дека размислувањето кај родителите во поглед на образованието е многу подобрен со имплементацијата на оваа програма.

Наставниците имаат извонредна соработка со учениците. Во 2006/2007 година сите деца кои добија учебници ги вратија навреме. Има и соработка со родителите, кога се повикуваат тие доаѓаат и ги решават заедничките проблеми.

Како проблем беа идентификувани 2-3 семејства, кои не ги праќаат своите деца на училиште и дека самите тие родители секогаш имаат оправдана причина за отсуството на нивните деца од училишната настава.

Од страна на Елезовски беше поставено прашањето како ги покануваат родителите на училиште?

Педагогогот одговори дека родителите редовно се покануваат во писмена форма но и исто така и усно преку ученикот.

Но имало случаи кога горе споментатите семејства пред време го информирале училиштетот дека детето нема да дојде на настава.

Елезовски го постави прашањето дали педагозите вршат посета на ромските семејства пред да се запишат децата на училиште.

Беше кажано дека добиваат список, па дури и пишуваат писмени покани до оние родители кои не ги запишале децата.

Родителот Елвис Мустафов имаше примедба бидејќи наставниците од Д.А Габерот не го поканиле досега сеуште на родителска средба. Родителот Мустафов исто така имаше примедба дека бројот на дополнителните часови во 1 одделение се премногу за едно дете од прво оддел, кое има 6 години. Тој истакана дека за време на дополнителната настава наставниците немааат никаква контрола врз 2-3 деца, кои креираат хаосна атмосфера во целата група. Дека наставниците воопошто не ги поканиле родителите на овие деца за да се информираат. Исто така дека онаа што им се предава на учениците за време на дополнителната настава не е креативна и не ги мотивира децата. Тие само препишуваат текстови и целиот час асоцира на ресавска школа. Негов предлог до нас и присутните беше да се повикуваат почесто родителски средби за да може секој родител да биде навремено информиран за успесите или проблемите на своето дете. Исто така даде предлог да се организираат родителски средби само со Ромски родители во сите училишта.

Педагогот од „Д.А. Габерот“ одговори дека дополнителната настава се одвива со индивидуален метод на настава, дека на им се помага на децата според нивните потреби.

Киро Пендев, педагог во О.У. „Страшо Пинџур“ рече дека во претходните учебни години немале толкав број на деца Роми. Имаат 17 редовни и 8 нередовни ученици Роми до 4 одделение. Училиштето редовно запишува деца секоја учебна година. Наидуваат на проблеми на тоа што родителите велат дека децата не доаѓаат на училиште поради сиромаштијата.

Од страна на оваа училиште имаат забелешка дека се демотивираат и запоставуваат другите ученици, со посебен акцент на оние деца кои посетуваат настава во училишта кај не се спроеведува горе именуваниот проект. За родителски средби писмено или усно им се пренесува на сите родители.

Од страна на педагогот беше кажано дека на почетокот на школската година родителите доаѓаат редовно, за да бараат потврди за социјално, за подоцна да ги снема. Ги горат и книгите кога им се дава. Минатата година само 1 ученик заврши 8 одд. Се осипуваат во текот на учебната година, не завршуваат 8 одделение.

Локалниот медијатор Атиџе треба да ги посети родителите и да се бара причината од нив зошто не ги пуштаат децата на училиште, беше кажано од страна Елезовски. Според него ромската зедница нема комуникација со училиштата и останатите општествени институции.

Ашмет праша дали сметаат дали има неопфатени деца во Кавадарци?

Од О.У. „Страшо Пинџур“ беше кажано дека ги опфаќаат сите деца. Се пишуваат покани на оние ученици кои не се редовни, дури пријавите се пуштаат и до Просветниот инспекторат. Случај 1-4 одд. беа редовни, сега не сакаат веќе да доаѓаат на училиште.

Педагогот од „Страшо Пинџур“ рече дека доколку им се обезбедат книги ќе се зголеми заинтересираноста кај учениците Роми.

Министреството за труд и социјала е одговорно за состојбата во која се наоѓаат социјални случаите, беше кажано од страна на Елезовски.

Душанка Павлова од Ваташа информираше дека проектот оди преку ФИООМ, а не преку некоја НВО. Најголема придобивка од проектот на ФИОМ е заинтерсираноста кај учениците. Многу е поголема и одговорноста.

Педагогот од „Д. А. Габерот“ од Кавадарци рече дека имаат 19 ромски првачиња. Во последните години осипувањето е намалено. Но како ученици се многу нередовни. 80% од прво одд. се нередовни. Родителите кога одат да шетаат си ги земаат децата со себе. Не се одзиваат на поканите, туку само кога ќе им се каже дека ќе ги казнат.

Случај 12 годишно дете беше запишано оваа година во прво одделение. После се осипа. Минатата година се осипаа две деца од 4 во 5 одделение. Сега тоа дете не е редовно и не доаѓа веќе во училиште. На тие што се осипуваат родителите не се заинтересирани за своите деца. Родителите поставуваат услов да им се даде на децата учебници.

Медијаторот треба да ги посетува 1-2 пати месечно сите училишта и да зема информација за осипувањето на децата Роми. Да им се разјасни на родителите дека училиштата не се должни да ги снабдуваат децата со учебници. Од 1-4 одд се редовни, но после 4 се осипуваат.

Наставник од „Д.А.Г.“, Ваташа рече дека е потребна присутност на родителите. Медијаторот треба да работи на подигање на свеста кај ромските родители. Има 7 ромски ученици, кои се редовни и имаат солиден успех.

Родител реагираше дека се потребни почести состаноци со родителите и да бидат повикани од страна на училиштата.

Наставник од „Д.А. Габерот“ посочи дека треба да има индивидуална заинтересираност и посетеност кај родителите. Индивидуално да доаѓаат родителите.

Дебатата заврши со воспоставување контакт меѓу медијаторот и претставниците од училиштата и констатацијата дека медијаторот дополнително ќе се ангажира во претстојниот период. Инаку, Ромите во овој регион се недоволно организирани, меѓу нив не постојат позитивни примери, постои слаба комуникација меѓу ромската заедница и училиштата. Социјалните и егзистенцијални проблеми предизвикуваат проблеми во образовниот процес. Мислење на НРЦ е дека овде е потребна поголема ангажираност на медијаторот на терен и во училиштата.

На дебатата не присуствуваа претставници од Министерството за образование и од Државниот Просветен Инспекторат. Дебатата можеше да биде подобро организирана од страна на медијаторот.

●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●

ВЕЛЕС

Дебатата во Велес се одржа на 15.11.2007, во просториите на О.У. „Благој Кирков“ во присуство на 25 учесници, од кои 13 претставници од училиштето, 9 родители, претставник на Биро за развој на образованието и советник за образование во општината и новинари.

По презентацијата на филмот и резултатите од кампањата, Елезовски постави прашање до сите каква е соработката со медијаторот, дали има проблеми со ромските родители, какви се условите за факултативна настава.

Мариора Панчевска, педагог во „Благој Кирков“ информираше дека 15-20% во нивното училиште се ромски ученици, најчесто се осипуваат после 5 одделение. Нејзина порака беше секој родител убаво е да го види филмот. 70 % нивни ученици имаат родители кои не се вработени или работат на црно. Учениците живеат во тешки материјални услови. Оваа година значително е зголемен бројот на првачиња. Како училиште даваат можност сите родители да се вклучат во училишниот живот. Во советот на родители имаат 3-4 родители Роми, а еден родител е вклучен во училишниот одбор. Оваа акција постои од минатото не поради програмите кои ги промовира државата.

Беше кажано дека се посветува доволно внимание на сите деца без разлика на националаната припадност. Потребно е да се ангажираат сите заедно околу вклучувањето на родителите во воспитниот дел на децата, како и во нивните работни навики.

Беше даден предлог да се даде ЦД со филмот на секое ромско семејство. Како и да се направи брошура за содржината и пораката на филмот

Педагог во Благој Кирков за повозрасната група се сложува со претходниот говорник.

Изјави дека успешно соработуваат со невладините организации. Нема забележано запоставување на ромските деца во текот на наставата. Имаат проблеми со родителите. Треба родителите да се едуцираат. Имаа посети на домовите. Невладината организација Романи бах ги посетуваа перманентно. Има сеуште деца кои не можеле да ги донесат во училиште.

Г-дин Елезовски постави серија на прашања како да се придобијат ромските родители?

Дали во Велес има случаи на неприфаќање на ромските деца, дали има сегрегација???

Родителите како се задоволни од наставниот кадар?

Родител изјави дека многу се задоволни од односот и работата на наставниците и дека севкупната одговорност е кај родителот.

Наставник од Благој Кирков информираше дека има во одделението 12 деца Роми. Наставниците ги посетуваат ромските родители. Училиштето е финансирано од ФИООМ и се трудат максимално да ги описменат децата.

Мислење на овој наставник беше дека има многу неписмени родители. Тие се многу млади и имаат по неколку деца. На Штул универзитетот има само еден Ром студент.

Коста Дамчевски од Бирото за Развој на образованието рече дека добил силен впечаток од филмот и од презентација. Тој се претстави како искусен учител со работно искуство од 18 години. Училниците и работните проестории забележа дека се многу современо уредени. Како претставник на Бирото за развој кажа дека ги има посетено сите училишта.

Тој даде коментар за релацијата наставник–дете. Ако наставникот не сака деца, не треба да ги учи децата. Имаат разбирање за социјалниот статус на родителите, тој даде мислење невладините организации да им помогнат на родителите за да се подобри оваа состојба. Дека како активност која можат да ја преземат е да се едуцира семејството, да се има услови за учење е важен фактор и е одговорност на родителот.

За оделенската настава тој рече дека тврди оти, нема наставник кој сака да го деградира ромското дете. Исто така рече дека материјалните можности се услов за напредок во системот на образование. Тој тврдеше дека ромските деца не се навредуваат.

Наставниот кадар се повеќе се дообразува и процентуалната бројна структура во поглед на дообразувањето се зголемува. Даде мислење дека требаше да има повеќе Роми на средбата, и порача да не се глобализира прашањето на дискриминација над децата генерално.

Даница Арсова, наставник од О.У. „Јордан Хаџи Константинов–Џинот“ се претстави со искуство од 33 години како наставник. Отсекогаш оделе на терен и денес одат на терен за да ги соберат децата и да ги запишат на училиште. Кога имало кујна во училиштето децата доаѓале редовно на училиште. Таа даде свој предлог да се направи нешто во поглед на кујната во училиштето.

Децата се прифатени од наставниот кадар. Има отсуства на деца како и појава на осипување. Родители ги лажат наставниците за да го оправдаат отсуството на децата.

Таа порача да се зголеми редовноста на децата во училиште.

Беше кажан пример кога педагог бил избркан од баба, а самиот педагог имал за цел да го запише детето на училиште. Но има и примери иако со доцнење самиот родител доаѓа да го запише сама своето деке кое и сега посетува редовно настава.

Г-дин Елезовски постави прашање колку родители се поканети? Од локалниот медијатор во Велес беше одговорено дека беа поканети 20 родители.

Руска Тодорова, педагог од О.У. „Благој Кирков“ кажа дека родителите не се одзиваат на поканите. Има случаи кога децата доаѓаат сами да се запишат на училиште. Мора да се подигне свеста на ромските родители. Преку црвениот крст делат пакети, минатата година делеле облека на сите. Учебници собираат од децата и рече дека толерираат отсуство од настава максимум 2 месеца. Таа препорача да се едуцираат родителите за правата и обврските, и во наредните активности да им се даде прибор за сите првачиња.

Костадин Дамчевски од Бирото за равој рече доколку сите овие информации не се употребат за да се направи нешто, тогаш нема да има ефект. Колку повеќе средби има со родителите на децата, толку ќе има поголем ефект. Тој препорача да не се остане само на констатирање на состојбата туку и да се реагира на соодветен начин.

Родителот е воспитен фактор. Нашата цел е да се подобри образованието и на родителите и на децата. Тој исто така кажа дека во моментов нивната институција оддржува семинари и ги дообразуваат наставниците за деветолетката.

Зати Рамадани, претставник на Ромска невладина организација од Велес информираше дека тие работат со 140 деца од О.У. „Благој Кирков“. Тој кажа дека одличните деца не добија учебници. Во општината Градско луѓето живеат во една соба и со социјална парична помош од 2000 ден.

Негово мислење е дека и покрај ваквите проблеми сепак може да се каже дека денес има напредок во образованието на Ромите.

Педагогот од О.У. „Благој Кирков“ посочи дека има родители кои држат тезги и имаат доста пари за да праќаат децата на училишта, но сепак тоа не го прават.

Тодор Најдов, директор од Јордан Хаџи Константинот–Џинот рече дека се информирани за социјалната положба на Ромите во Велес. Тој предложи да се обвинат ромските родители за злоупотреба на детскиот труд. Посочи на случаите кога децата Роми се водат на гроздобер, вишни брање, продаваат на пазар. Се користат децата за да работат. Тој изјави дека тие се подготвени да спроведуваат образование за возрасни. Не знааат што е лиценца за образование за возрасни.

Директорот од О.У. „Благој Кирков“ посочи да се обрне внимание на едукацијата на родителите. Многу реагираат на дополнителната настава. Исто така директорот истакна дека имаат успешна соработка со Романи Бах.

Ферди Хусеинов родител, рече дека не треба кујни ако детето сака да оди на училиште.

Себихан Ахмедовска, родител кажа дека не значи дека само родителите Роми бараат финансиска помош. Има родители кои сакаат нивните деца да учат, но немаат услови, но има и некои кои не сакаат да ги пуштат децата на училиште.

Елица Гочева, наставничка даде пример за не–ромско дете кое седело со ромско дете кое не учи тој има 5-ки, а ромското дете не добиваше солидни оценки.

Директорот на „Благој Кирков“ коментираше за лиценцата за наставници во образованието. Наставниците се ставаат на тендер за да можат родителите да ги одбираат. Право на родителот е да го запише каде сака, без разлика на реонизации.

Наставник од „Јордан Хаџи Константинов–Џинот“ рече доколку се направи кујна да биде наменета за сите деца.

Г-дин Елезовски кажа дека Македонија има обврска на сите граѓани да им обезбеди еднакви можности за образование. Треба да работи со локалната самоуправа.

Дебата во Велес генерално се одвиваше во конструктивна атмосфера. И покрај отсуството на претставник од Државниот Просветен Инспекторат, сепак дебатата беше добро организирана од страна на медијаторот, се покажа дека тој е во постојан контакт и позитивна комуникација со училиштата и со родителите. Постои заинтересираност кај родителите, потребен е позитивен пристап од наставниот кадар кон ромските ученици. Постои скриен став дека ромските ученици не можат да бидат добри ученици, не се охрабруваат со позитивни оценки. Голем проблем во Велес е нивното декларирање како Турци, што го компликува решавањето на проблемите на ромската популација.

●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●

ВИНИЦА

Дебатата во Виница се одржа на 19.11.2007 година, во просториите на општина Виница, во присуство на 64 луѓе, од кои 16 наставници, 46 родители, советник за образование и новинар.

Дебатата беше отворена од страна на г-дин Елезовски.

Родител на ученик од О.У. „Гоце Делчев“ се пожали дека нема храна за децата од прво одделение, додека за забавачиња има. „Децата гладни одат, гладни доаѓаат од училиште. Земаме социјално само колку струјата да ја платиме.“

Екрем Исмаилов, родител на дете во 1 одделение постави прашање – Во кое училиште имате дадено учебници?

Демир Османов, референт за ромски прашања во општината информираше дека во О.У. „Славчо Стојменски“ има проект и сите деца добиваат сè, додека во другото училиште нема.

Емир, родител даде мислење дека го поддржува проектот Еднакви можности. Има проблеми со колегите затоа што само на ромските деца им се даваат учебници, ранци и слично. Таквите донации имаат контра ефекти. Тој изрази загриженост дека ако проектот продолжи вака, ќе имаме сериозен проблем со македонската нација. Ако даваат книги, нека биде променет системот и книги нека се даваат и на македонските деца, инаку во наредните две години ќе се усложнат проблемите.

Г-дин Елезовски им посочи дека НРЦ не е тука да зборува за книгите и за проектот еднакви можности, туку да се зголеми мотивацијата на родителеот да го испрати своето дете на училиште. Тој исто така кажа дека декадата на ромите е само процес, прифатен од државите од Југоисточна Европа и дека сеуште нема фондови кои ќе бидат наменети за конкретни активности од страна на државата. Потоа се постави прашањето зошто децата не се на училиште? Дали има деца кои што немаат изводи? Дали има дискриминација, како и појава на сегрегација? Беше упатен повик до наставниците да дискутираат!

Јордан Стојанов, педагог во О.У. „Славко Стојменов“ рече дека според реонизацијата најголем дел на деца Роми учат токму во оваа училиште. На прашањето зошто и како ромските деца се сè помалку присутни во образованието? Тој го даде своето мислење дека: економскиот статус е прв проблем. Дека училиштата им помагаат на децата со учебници, училишен прибор и исхрана преку проектот Еднакви можности, сите деца имаат и дополнителни три часа секој ден.

Сепак има изостаноци 80-90% на изостаноци се направени од ученици Роми.

Проблемот со редовноста е голем. До 4 одделение децата се поредовни, а после 5 одд. почнуваат да се осипуваат. Имаат проблеми со јазикот, исто така не посетуваат предучилишно образование. Тој посочи дека и родителите не се одговорни. Родителите кои прашуваат редовно за своите деца се родители со завршено осмо или средно образование. Треба повеќе да се работи на подигнувањето на свеста на родителот. Родителите не доѓаат на родителски состаноци. Не ги праќаат децата на училиште туку го тера детето да учи да свири. Без образование нема успех.

Од г-дин Елезовски беше поставено прашањето дали имаат родители Роми во родителските совети?

Од претставниците на училиштата беше одговорено дека има заинтересирани ама не се редовни на состаноци.

Олга Атанасова, наставник во О.У. „Гоце Делчев“ беше ставена по казна да работи во циганска паралека уште во 1974 година. Имала паралелка со 18 ромчиња и 7 ретардитени деца. Услов да работи и понатаму во училиштето беше да ги описмени децата Роми. Родителите во минатото им велеа на наставниците да им ги отворат очите на децата. А денеска родителите се караат со наставниците заради неуспехот или воспитувањето на децата.

Се слушнале гласини дека не им се давало на децата да јадат од чинија. Децата лажат.

Учебниците стигнале на време. Децата си правеле авиончиња од учебниците.

Наставниците веќе почнале зависат од учениците. Се случува често наставникот да им купува тетратки.

Ристо Стаменков, советник во општината за образование постави прашање дали родителите сакаат нивните деца да одат на училиште?Ако родителите не сакаат тогаш ни децата нема да имаат воља за училиште.Тој исто така посочи дека мора да се работи со родителите. Наставниците се должни да си работат со децата. Секоја дарба мора да се развие, без разлика за дали е музичка или било каква. Бајса беше посочена како пример.

Благој Илиев, наставник во О.У. „Гоце Делчев“ апелираше на важноста на образованието. Училиштето води политика за привлекување на ромките деца. Според реонизација пола од ромските ученици треба да учат во О.У. „Гоце Делчев“. А всушност тоа не е реалност. Она што им го даваат на децата е од страна на училиштето. Тој кажа дека има сегрегирано училиште. Има само 5-6% ученици Роми во оваа училиште. Навиката за редовно одење на училиште е одговорност на наставниците.

Родителите мора да се вклучат во образованито. Соработката со родителите се одвива во училиштето. Тие не одат по домовите. Медијаторот треба да доаѓа почесто во училиштето. Полека училиштата потпаѓаат на локално ниво.

Од г-дин Елезовски беше објаснета улогата на медијаторот дека всушност тој е мост помеѓу релација родител –училиште-локална самоуправа. Тој постави прашање дали се применува законот за задолжително образование, и дали се праќаат пријави?

Беше одговорено потврдно од училиштата и дека има казнети родители. Исто така беше даден предлог да има повеќе вакви дебати.

Нешат, претставник од НВО Дајакере Чаве, родителите се задоволни што добиле учебници нивните деца. Малите деца се жалат на стомачни болки и главоболки децата се преоптеретени од 10-18.00ч бидејќи секојдневно остануваат на дополнителна настава по 3 часа.

Ашмет рече дека образованието треба да влезе во секоја ромска куќа.

Педагогот од „Славчо Стојменов“ објаснува за можностите на децата и нивните ментални способности да посетува дополнителна настава. Родителите треба да бидат среќни што нивните деца одат на дополнителна настава. Бидејќи таа е платена само за ромите. Детето учат во контекст на редовната настава.

Мухарем Сулејманов, родител рече дека 90% се неписмени од присутните. Треба да бидат среќни што нивните деца одат на дополнителна настава. Бидејќи тие немат можност да учат со детето.

Беше поставено прашањето дали се задоволни од наставниот кадар?

Родители одговорија дека многу се задоволни, проблем е што децата не го знаат македонскиот јазик.

Социјалниот работник во „Славчо Стојменски“ рече дека нема да зборува за проектот. Резултатите ќе се видат после. Најголеми резултати имаат постигнато кај 1,2,3 одделение. Тој кажа дека уште на самиот почеток, децата имаат проблеми со јазикот. Најголем отпор се јавува кај родителите за упис на децата поставуваа услов ако дадат, книги, храна и облека. Треба да бидат стрпливи и истрајни. Најголем број на ученици се осипуваат во 5 оддел. Има малолетнички бракови многу, посебно кај Ромите. Имаат советодавни разговори посебно за малолетничките бракови. За сите активности на училиштето се поканети и родители Роми. Но тие воопшто не доаѓаат. Децата од 5-8 одделение не носат книги на училиште. Ментално се многу поразвиени.

Децаат немаат идол, беше кажано од страна на Ерџан

Дебатата во Виница беше конструктивна со голем одзив на родителите. И двете страни (наставниците и родителите) беа револтирани и критички настроени. Родителите како да не беа свесни за важноста за квалитетот на образованието, но од друга страна и кај нив како да постои страв за да ги изнесат проблемите на виделина. Дебатата беше добро организирана од страна на медијаторот.

●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●

КОЧАНИ

Дебатата се одржа на 11.12.07, по одложување од две недели, затоа што на 20.11.2007 не присуствуваше никој, па медијаторот мораше да се организира подобро за да добиеме успешна дебата. Настанот се одржа во просториите на училиштето „Раде Кратовче“, во присуство на 76 учесници, од кои 26 наставници, 34 родители, советник за образование во општината, но без присуство на новинари.

На дебатата во Кочани дискусијата претежно се движеше околу две прашања: Дали родителите доаѓаат редовно на состаноци, дали се задоволни од релацијата со наставниците и дали нивните деца добиваат квалитетна настава?

Виолета Соколова, педагог во Раде Кратовче на почетокот тврдеше дека децата Роми во никој случај не се во неповолна положба, тие се поканувани навреме за упис во мај и посетувани во септември. Во врска со учебниците таа истакна дека порано кога градската управа имала можности им делеле учебници на сите социјално загрозени семејства.

Идиќ Недет, родител на 2 деца кои учеле во „Раде Кратовче“ зборуваше за работата на Советот на родители. Тој потенцираше дека во сите основни и средни училишта во Кочани, Ромите не се доволно застапени во родителските совети, ги има само во две училишта. „Би требало да бидат вклучени и Ромите, тие треба да ги пренесат пораките од тие средби и во ромската заедница. Ние сме виновни што не одиме редовно на состаноци во школо, немаме интерес дали детето учи, како е, но виновни се и наставниците. Тие треба да инсистираат да им биде пренесено на родителите, детето да пренесе, можеби детето не јавува затоа што има слаби оценки.“

Али Саидов, родител зборуваше за неговите деца и внуци кои одат во градинки, но само по 2 или 4 часаи за проблемот со оддалеченоста од училиштето. „Ние сме благодарни што негувателките им помогнаа да научат македонски, да научат песнички, добро оди работата, но би било добро да се продолжи времето. Од училиштето исто сме задоволни, но едно ме загрижува. Ние живееме на Стамен Манов, каде да го пуштам во школо, има 2-3 километри. Ние сакаме да ги пуштиме во Раде Кратовче, а не можеме. Јас не сакам да го пуштам во Малина поп Иванова, затоа што има многу кривини и многу треба да оди пеш.“

На оваа дискусија педагогот од „Раде Кратовче“ рече дека од школото тие не водат ред за реонизацијата и оние деца кои припаѓаат во други училишта се кај нив. За оние кои не се редовни, не се виновни само наставниците, но и родителите затоа што не се одзиваат и тогаш кога добоваат покани.

Љупчо Горлев, советник за образование во општината им препорача на присутните дека доколку сакаме максимално да го искористиме клучот треба да ја дадеме поддршката на медијаторот Неврије за да може да успее во нејзината работа.

Тој во неговото излагање истакна: „Дилемите кај вас постојат и ќе постојат, стереотипите што се наталожиле тешко може да се надминат, ние треба да им ги отвориме вратите на сите ромски деца, да можат да ја стигнат Васка и да постигнат добри резултати. И вие родители треба да им помогнете на децата и да им се радувате на нивните успеси. Во Кочани се развиваат учени кадри кои ќе придонесат во развојот на економијата и спортот, образованието и ќе го подигнат стандардот во вашите семејства. Тие ќе ви помогнат да го надминете занаетот на вашите дедовци и баби, нема да собирате железо, нема да плетете корпи, но ќе живеете подобро. Но не може да очекувате од други да бидат иницијатори, нема да чекате од Ашмет, треба самите да се покренете, треба заедно да делуваме. Клучот е во наши раце но треба да го искористиме. Не треба да бидете задоволни ако детето заврши четврто или осмо одделение, тоа не е доволно, вие на тој начин притискате на општината како неписмен кадар. Новите закони налагаат да се има задолжително основно образование, никој не ве прима доколку немате ни четврто одделение, на тој начин никаде нема да најдете работа.

Каде ја гледам проблематиката? Проблемот е во нашето однесување. Отворете го домот да излезат децата, да влезат во училиште. Наставниците веќе сфатија што треба да прават, без деца не можеме да имаме настава. Целта е сите деца да влезат во школо, но тие треба да бидат воспитани, да им влееме верба, одговорноста на сите нас е различна, но со иста цел. Еден ќе го воспитува, друг ќе го учи, но сите ќе го насочуваме кон тоа да биде човек.

Со ова ќе се поправи вашиот економски статус и јас многупати не се согласувам со вас затоа што не ги праќате затоа што немале учебници. Доколку го пуштите тоа и кај македонските деца ќе влее интерес да им помогнат на ромските деца. Треба да има поинаков однос, треба дополнителна разлика, но не треба ниту ромските деца да се ставаат пред македонските затоа што на тој начин го нарушуваме односот и правиме дискриминација, сите деца треба да бидат еднакви.

Општина Кочани треба да води грижа сите ромски деца да бидат подеднакво застапени во сите училишта во согласност со реонизацијата. Јас никогаш не сум бил за тоа сите Роми да бидат во едно училиште.

Сега ни следува задолжително средно образование, но тоа не се решава со казна, прашањето на подигање на свеста е во разбирањето, не во казните. Наставниците сакаат да помогнат, тие сакаат училницата да ја видат полна, а не со 10-15 ученика.

Догодина да не оставиме ни едно ромско дете да остане незапишано.

Во средното образование се движат работите, но малку е, треба да биде подобро. Во „Љупчо Сантов“ има само 5 ученика од кои 4 девојчиња. Во „Викинтиев“ има 34 ученика, само 8 женски. Ако ги опфатиме сите деца кои се на улица, а имаат завршено основно, догодина ќе имаме поголем број.

Има интерес и во средното музичко и се радувам на резултатите на ромските деца, полека се разбива ледот…“

Каров Симеон, наставник во „Раде Кратовче“ зборуваше за Советот на Родители и начинот на кој се бираат родителите: „Во мојата паралелка имам 5 Роми и на родителската кога биравме членови за совет, тројца требаше да се бираат, барав предлагање, немаше доброволци, потоа предложија јас да изберам од папките – па кој биде – тој. Збор ми е – да, можеби треба да бидат, од сите родители никој не се предложи, никој не беше во доброволците, зошто? Во врска со редовноста – ние немаме некој голем проблем во одделенската настава, бројките сами говорат за тоа, од петто до осмо одделение тој број е поинаков. Во врска со заинтересираноста на некои родители, се случува од прво до 4 одделение, да не дојде родител ни еднаш, детето ќе заврши јас не сум ги запознал ни мајката ни таткото. Сум ги поканувал, но тие не доаѓаат, тоа се единечни случаи, не е масовен случај. Со тоа се отежнува работата. Ако некој од триаголникот – затајува, успехот е веднаш понизок. Ние наставниците не затајуваме, учениците кога се редовни, тогаш има резултати, но проблемот е кога родителите не се одзиваат на нашите покани за родителски и индивидуални средби. Не мора родителот да биде повикан, без разлика каде е, тој знае дека има дете во школо, врата на училиштето и без овој клуч што го поздравувам секогаш била отворена, во секое време може родителите да разговараат со нас. Секогаш сум на располагање да разговарам со родителот. И покрај родителските, индивидуалните средби, – се буди свеста и тоа е добро, и кај родителите и кај учениците, се постигнуваат добри резултати. Вашата работа е во ред, дебатата е на место и нашите училници ќе бидат полни, но децата не треба да завршат само со основно образование. Сум сретнувал деца кои одлично го завршиле основното образование, а не продолжуваат со средно. Кој им го пресечува патот на овие деца? Секој треба да размислува…

Што се однесува со односот кон децата – сите ние сме исти, ако сакаме ние ќе се делиме, има бројни основи, но во нашето училиште ние не ги делиме децата. Никој нас не ни вели дека треба да ги бираме децата по убавина или по боја, ние ги учиме еднакво, се трудиме. Присутниот проблем кај нас е што децата во првите школски години немаат доволен фонд на зборови на македонски јазик, јас 25 години работам со ромски деца, жал ми е што не научив ромски, но до мене е, јас не се потрудив. Јас кога му зборувам на ромското дете го чувствувам кога не ме разбира… и тогаш барам од неговото другарче да му преведе и се разбираме. Но не може секогаш да има превод. Родителите знаат дека живеат во ова општество, вие си имате свој јазик, но се знае дека ќе учи со македонски деца, самиот родител треба да го учи своето дете македонски јазик.

Шефки Таиров, родител зборуваше за проблемите во средно образование. Неговото дете од 5 до 8 завршило со 3 учебници беше капацитет, сега во средно има проблеми, добива тројки, се јавува одговара, но на крај пак останува со тројки. Дали е дискриминација или што? Јас сум задоволен од основното училиште „Малина поп Иванова“, но детето во средно има проблеми.

Една од присутните наставнички даде образложение дека треба да се учи и во средно, материјалот е пообемен, за петка во основно се учи 2, а во средно 4 или 6 саати. Тоа не е дискриминација, ниту омаловажување.

Родителот и понатаму остана на тврдењето дека детето учи доволно и дека тој ќе побара јавен испит за да се докаже знаењето на детето.

Една мајка се пожали дека нема пари за книги за нејзините 4 деца, сите редовни ученици. На нејзиниот коментар, доби одговор од еден наставник кој истакна дека во училиштето имаат целосна покриеност со учебници, оние кои се редовни, освен оние три паралеки од УНИЦЕФ тие се возрасни, останатите имаат учебници, техничко, прибор и храна. Доколку родителот е сигурен во своето дете, не треба да побара помош, тој има право од комисија да побара да се провери знаењето на неговото дете. Механизмите ги има во самото училиште. Проблемите се решаваат таму. Во предметна настава децата не доаѓаат, и покрај тоа што самите ги бирале предметите. Зошто и покрај сите можности, нив ги нема, ако се во школо, ќе ги решиме проблемите, но кога ги нема, не можеме да помогнеме.

Еден од родителите тврдеше дека тие ја прифаќаат критиката од наставниците, дека вината е пред сè нивна, но зошто професорите тврдат дека нема дискриминација и се бранат постојано.

Дебатата заврши со практични совети за неколку родители како да им помогнат на своите деца. Со оглед на тоа дека по втор пат се организира дебатата, имаше голем одзив од страна и на наставниците и на родителите и се создаде особено конструктивна дебата. Не присуствуваше престставник од Државниот Просветен Инспекторат. Кај родителите постои свест за образованието на задоволително ниво, но тие не се информирани на кој начин може да се здобијат со државните поволности. Негативно е што постои голема декларираност на Ромите како Турци. Се појавија едуцирани Роми кои се невработени, особено во областа на образованието. Постои блага нетолерантност од не-Ромите кон Ромите и обратно, но и меѓу самите Роми.

●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●

ШТИП

На 03.12.2007 се одржа дебатата во Штип, во просториите на училиштето „Гоце Делчев“. Имаше 47 учесници, од кои 11 наставници, 35 родители, советник за образование, активнисти од невладиниот сектор, но без присуство на новинари.

Дебатата во Штип започна со вообичаени прашања и коментари во поглед на социјалното прашање, висината на социјалната помош што не е доволна за покривање на трошоците потребни за школување на децата. Меѓутоа, кај луѓето се чувствуваше задоволство од начинот на кој нивните деца се прифатени, пред се во школото „Гоце Делчев“. Родителите изразија благодарност и до НРЦ во поглед на ранците и школскиот материјал што беше поделен во септември.

Родителката Анифе Дурмишова изрази незадоволство од училиштето „Тошо Арсов“, нејзините деца се во тоа училиште од 9 месеци. Таа смета дека децата не се прифатени од страна на македонските деца. Нејзината ќерка е шесто одделение, а сеуште не знае ни името да си го напише. Еден месец не одела во школо затоа што другите деца ја тепале. Таа е слаб ученик, учителката не ја прифаќа, седи во последна клупа. Ги има сите книги, мајката плаќала некое девојче од факултет да доаѓа и да ја учи, имало мало подобрување. „Детето си го загуби сопствениот идентитет“, изјави мајката Анифе Дурмишова. Во тоа училиште има вкупно 30 ромски ученици.

Наставничката Иванова Павлина од „Димитар Влахов“ истакна дека е запознаена со сите проблеми, дека училиштето обезбедува сè што треба, но учениците пак ги нема. Нивните сонанија говорат дека родителите често ги носат децата со себе на работа, чуваат деца. Тие одат кај нив дома, им зборуваме да доаѓаат, дека тие ќе имаат корист. Оние кои се редовни успеваат да научат сè, нередовните едвај името знаат да си го кажат. „Пакетчиња им правиме, им обезбедуваме сè што им треба, не е проблемот во немањето, во родителите е, тие треба да се едуцираат. Најбитно е школото, детето губи, јас ги знам децата каде живеат, постојано ги посетувам, може слободно да ги прашате. Во одделението имам 27 деца и сите се Роми, тоа беше проект на УНИЦЕФ, образование за возрасни. Треба да се повикаат родителите, да се едуцираат. Родителите кај мене доаѓаат редовно на состаноци, затоа што јас лично се ангажирав“, потенцираше наставничката Иванова.

Педагогот во „Гоце Делчев“, Николова Цветанка информираше дека и во ова школо има таква паралелка за возрасни – тие биле над 15 годишна возраст, тоа не се покажало добро. Родителите барале поуспешните деца да ги разместат во други мешани паралелки. Но, тие биле големи за вклучување во редовни паралелки. Педагогот ги изнесе своето задоволство од соработката со невладините организации. Заедно ги посетуваат родителите дома, организирале летен камп со мешани групи, ликовни колонии, посети на значајни локалитети, одбележување на 8-ми април. „Соживотот треба да се развива, без оглед на социјалната состојба. Работиме на тоа да бидат редовни децата, иако се случува и се ќе им обезбедиме, а децата ги нема, или ќе ги продадат учебниците или ќе се успиваат или ќе одат на сезонска работа. Без образование нема иднина на ниедно дете. Некогаш е доволно детето само да биде редовно во школото, да стекнува позитивни навики, да му се роди љубов кон книгата“, потенцираше педагог Николова. Таа воедно го посочи и проблемот со девојчињата кои после четврто одделение престануваат да одат во школо затоа што нивните родители се плашат од малолетнички брак.

Наставничката Роза Стоилкова од „Гоце Делчев“ истакна дека единствено ромските деца не доаѓаат во прва смена. Нејзино мислење е дека вината не е во децата, туку во родителите. Родителите не се вработени, а сепак не ги спремаат децата за во школо. „Само свеста на родителот ќе придонесе кај детето да има добри резултати. Три дена пред и по свадба детето го нема, самите родители смислуваат изговори, а кај нас тоа се јавува како проблем затоа што ако ги пријавиме како отсутни, тогаш ќе има многу неоправдани. Не е социјалната состојба проблем и причина, има и македонски сиромашни деца, но сите одат во школо, имаат учебници, родителите се интересираат, доаѓаат во школо. Ние одиме кај сите Роми дома, за да ги запишеме, запишавме 20 деца, од нив едвај 5 редовно доаѓаат“, потенцираат наставниците.

Наставникот Келеманов од Гоце Делчев го потенцираше проблемот со децата кои се запишуваат, но исчезнуваат после 10-ти септември. Некои од нив се запишуваат во друго училиште, без да го известат училиштето. Не функционираат казните затоа што родителите немаат од што да платат.

Една од родителките присутни на дебатата ги обвини родителите кои ги носат децата на работа, велејќи – ако соберам една гајба дали јас ќе станам богата? Таа информираше за нејзините деца – има две внуки во „Димитар Влахов“, едната од нив учителката многу ја сака и кај неа сè е во ред. Но, кога нема што да облече тоа е веќе проблем.

Родителот Џелал потенцираше дека македонските деца имаат од каде да земат учебници, нивните родители имаат пријатели кои имаат деца во школо. Тој воедно одговори на прашањето зошто не одат во школо кога се прва смена, коментирајќи дека е студено, тие земаат 1000 денари помош од кои не успеваат што попрво да се купи со тие пари, дали храна, дрва или облека.

Родителката Ајша Демирова го посочи примерот на Србија каде што децата добиваат бесплатно школување со сите материјали, со облека, книги, храна. Доколку родителот не го пушти детото еден ден, веднаш му стигнува казна. Таа го изнесе нејзиното мислење дека и во Македонија треба да се спроведат казните, но првин да се воведе бесплатно школување

На родителката Сеаре Хусеинова детето и учи во Ванчо Прке, но таа не е задоволна. Вели дека и обезбедува сè што и треба, а не гледа никакви резултати. „Одам во школо, но учителката ми вели дека има деца кои знаат латиница. Моето дете е едно Ромче. Јас не сум писмена, татко и не е писмен, нема кој да и помогне. Ми велат да ја оставам во дополнителна, но никогаш не ја водат таму. Детето сака да оди во тоа школо, но јас не сум задоволна.“ Таа воедно упати порака до наставниците да не генерализираат и дека не значи ако некои ромски ученици не одат во школо, дека не одат сите. Го изрази нејзиното задоволство од работата на Гоце Делчев, но не и од Ванчо Прке.

Наставниците од Гоце Делчев продолжија да го изразуваат незадоволството во однос на редовноста и односот кон книгите, велејќи дека ги губат или ги кинат. Книгите ги собирале од постарите деца или од Интерсос.

Родителот Реџеп Мустафов рече дека клучот е во самите родители кои го створиле детето. Ако детето не слуша, треба да се казни. „Сите немаме, но ќе се снајдеме, ќе соработуваме.“

Кирил Панајотов од локалната самоуправа неговото излагање го започна со ставот дека Ромите не се тука од вчера, тој израснал со Ромите. „Гледам дека дел од дискутантите сметаат дека Ромите треба да се гетоизираат“, рече г-дин Панајотов. „Јас ги гледам Ромите како мое секојдневие, тоа мислење треба да го елиминираме, треба сите да гледаме како да ги решиме секојдневните проблеми во образованието.“

Во поглед на дискриминацијата тој потенцираше дека таквите појави треба да се пријават, првин во училиштето, затоа што никој не смее да ги дели децата. Доколку не реагираат во школото, ќе се реагира кај народниот правобранител, затоа што тоа е кршење на правото на образование.

На реакцијата на еден родител дека неговото дете постојано седи во последна клупа, Панајотов рече дека секој треба да реагира на такво нешто. Проблемот на нередовноста го генерализираше со тоа што рече дека не доаѓаат и Македонците. Тој им се обрати на присутните родители со коментар – „Зошто велите – ние сме Роми, па затоа е тоа така. Зошто самите себе се вреѓате, јас знам дека Ромите имаат некој дух, некоја харизма и велам дека не треба да се откажувате. Јас знам родители и деца кои доаѓаат од Три чешми, што е многу далеку, ние сакавме да им купиме облека, но тие не сакаат – поентата е – пуштете ги децата на училиште. Сега ќе се актуелизира образованието за возрасни – ајде сега да ве видам Родители Роми, образувајте се и немој да им замерате на наставниците затоа што земале плата, вие не можете дома да се справите со 3, а тие имаат 40 деца за работа, нормално дека ќе земаат плата.

Јас верувам дека има расположение во училиштата, ве молам јавете ми таму каде што нема, постојат мерки и санкции со кои ќе се регулира. И ние некогаш сме криви, на почеток се растрчуваме да имаме повеќе паралелки, тоа оди во прилог на буџетот на школота, а после 20 дена ги нема учениците. Тоа е важно прашање. Треба да ги присилиме децата да дојдат во школо, не смеете да им зборувате лошо за школото, тие слушаат и се охрабруваат да не одат во школо. Јас лично знам наставници кои со листи доаѓаат кај мене и бараат да се стори нешто за ромските деца.“

Родителот Исмаил Јусеинов го посочи неговиот личен пример, тој не одел редовно во школо затоа што немав патики. Татко ми работеше во Германија и научивме германски затоа што сите бевме задоволни, добивме сè што ни беше потребно. Дојдовме тука, моите сестри не сакаа да одат во школо затоа што немаа пари да си купат кифли. Ние не сме вработени, работиме на ниски работни позиции, земам 5 000 денари. Тој коментираше за референтот во општината, Ерол дека никаде ги нема кога им требаат на Ромите.

Родителката Беами на крај само им посочи на наставниците дека ќе треба дополнително да им се помогне на нивните деца затоа што учат на македонски јазик, што за нив на почеток е потешкотија.

Дебатата во Штип се одвиваше во особено конструктивна атмосфера и од таму произлегоа конкретни препораки и предлози за соработка. Беше забележан взаемен интерес и генерално дебатата укажа на позитивна активност на медијаторите на терен. Недостигаше медиумска поддрша и присуство на претставник од Државен Просветен Инспекторат.

●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●

КРИВА ПАЛАНКА

Дебатата се одржа на 05.12.2007 во просториите на општина Крива Паланка, во присуство на 23 учесници, од кои 5 наставници, 14 родители, претставник од Државниот Просветен Инспекторат, референт во општината и новинар.

По презентацијата на постигнатите резултати за време на кампањата, прва за дискусија се јави една мајка, Кефает. Таа го изрази својот револт бидејќи нејзините деца седат во последна клупа во училницата. Таа смета дека на тој начин нејзините деца се занемарени, и не им се дава потребното внимание како на ученици, а тоа пак од друга страна влијае во совладувањето на материјалот од наставната програма. Таа се жалеше дека и биле ветени книги кои воопшто не ги добија незините деца. Таа упати критки до медијаторот Јашар. Јашар изјави дека Центарот за социјални работи и даде еднократна парична помош во износ од 2000 денари и дека не е познат број на семејствата кои досега примиле еднократна. Тој сепак смета дека со овој износ може да се набави потребниот материјал за училиште. Другите учесници на дебатата почнаа да се вклучуваат со мислење дека за ваквата ситуација има своевидно влијание и социјалниот статус на ромските семејства. После ова, за збор се јави директорката на О.У. „Илинден“и како прилог кон отворените прашања додаде дека нејзиното школо веќе се труди во рамките на своите можности да дава и сеуште дава допринос во санирањето на проблемите. Иста така таа додаде дека оваа година нејзиното училиште помогна осум Ромски деца со комплети од книги, но во однос на другите училишта кои не беа присутни на оваа дебата, тие можеа соодветно на средставата со кои располагаа кои потекнуваа од многубројни донации, можеа многу повеќе да помогнат во овој поглед. Оваа директорка исто така додаде дека во нејзиното училиште се спроведува програмата „Чекор по чекор“ и според неа се спроведува ротационен процес на размена на местата на седење кај учениците и со тоа се исклучува седењето на ромските деца во задните клупи во училиштето. Понатаму таа рече дека во Советот на родители има и Роми, меѓу кои е и медијаторот Јашар.

Психологот Снежана Јакимовска од ова училиште изјави дека немаат никакви проблеми со учениците Роми, но таа алудираше дека проблемот е повеќе кај родителите.

Учителката Маја Стоилковска изјави дека во нејзиниот клас има 28 ученици и од нив 5 се Роми, кои се редовни. Тие ученици припаѓаат во новиот систем на деветолетка. Таа забележала дека честопати тие се групираат сами и зборуваат на Ромски.

Еден од родителите, Фаик има деца запишани во 7-мо одделение. Тој упати критика кон школото, затоа што не добива повеќе или доволно информации за тоа што се случува во школото, и за тоа што се случува со неговите деца иако тој претпоставува дека се добро, и исто така не знае кои родители на учениците се во Советот на родители и кои од нив се Роми. Потоа кон дискусијата се приклучи уште еден родител кој тврдеше дека во поголемите одделенија имало случаи кога децата кои немаат учебници биле истерувани од наставата, иако школото на ова реагираше дека тие се спремни во вакви случаи да фотокопираат учебници и да им помогнат на учениците со тоа. Повторно се јави родителот Фаик и со сигурност потврди дека нема никаква комуникација со родителите. Се јави исто така еден родител по име Аллберт чие дете е ученик во второ одделение во училиштето. Рече дека неговото дете беше гурнато од неромските деца. Тој на тоа побара до учителката да реагира и да го повика родителот на тоа дете, но иако родителот на гурнатото дете реагираше, учителката не презеде ништо за тоа. Меѓутоа надвор од школото, мајката која требаше да биде повикана рече дека ќе ги запали со се куќа, а целата оваа ситуација кај гурнатото Ромско дете предизвика психолошки страв и веќе детето се плаши да оди на училиште.

Родителот Абазов Алберт, сака да се види со родителот и да комуницираат како би се спречило да не се случува ова во иднина. Тој апелира исто така да се превземат мерки од страна на училиштето. Претставникот од Државниот Просветен Инспекторат, изјави дека ова не е во нивна надлежност и дека за вакви случаи треба да се информира полицијата.

Наставниот кадар и директорката на ова училиште, изјавија дека ќе се залагаат овој проблем да биде разрешен. Реагираа и родителите и укажаа дека има појава каде на неромските родители сè повеќе негативно се настроени кон Ромската популација. Повторно се јави родителот Фаик, и рече дека групирањето на Ромските ученици е всушност поттикнато од неромските родители и тие ги сметаа Ромите како нерамноправни и за нив тие се Цигани, валкани, а тоа го слушаат и превземат нивните деца и со тоа градат кај нив уште во детството стереотипи, искривени слики и омрази. Потоа Фаик додаде: „Јас кога би кажал „Сељаци, Каури” ќе се навредите! Но во Европа не може да се оди без Цигани и сељаци, се оди заедно, дури и со Албанците.”

Учителката Соња Ангеловска, учителка во прво одделение, рече дека во своето одделение има 4 Ромски деца, од кои три се редовни на училиште, и додаде дека нема „ваши и наши деца”, меѓутоа тоа едно дете кое воопшто не се појавило на училиште веќе три месеци, и започна да доаѓа редовно за мене претставува проблем, со другарчињата си зборува Ромски. Таа потенцираше дека на родителски доаѓаат само родителите на оние деца со кои нема никакви проблеми. Има проблеми со родителите бидејќи нивните деца земаат ужина, а не ја плаќаат. И тука имаме сериозни проблеми. И родителите на тоа реагираа дека неможат да плаќаат кога немаат пари и социјалното не им помага.

Звонко Гоговски, претставник од Државниот Просветен Инспекторат укажа на тоа дека тие пуштале пријави за неодговорните родители и тоа најпрво како јавна опомена, но потоа следувала и казна која сепак е минимална и во износ од 2000 денари. Инспекторот исто така укажа дека од следната година и средното училиште е задолжително, но казните нема да бидат мали. На ова се јави родителот Дехран Рушитовски чие дете е ученик во О.У „Јоаким Крчовски“, и укажа на тоа дека од пред месец и пол неговото дете поради немање на книги е отстрането од настава и бил испратен кај медијаторот Јашар. Сега на 10-ти , добил покана за на суд, а во меѓувреме учителката тврди спротивно од тоа дека може да се копираат книги, што е контрадикторно.

Инспекторот рече дека по закон е забрането учителот да отстрани ученик од настава, и дека со тоа дело тој всушност има извршено физичко и психичко малтретирање на ученикот. Тој побара од родителот и ученикот да одат кај него за да дадат изјава. Родителите упатија критика дека треба да се прават побрзи рекации и упатија критика дека социјалното воопшто не пружа никаква помош.

Потоа беше дистрибуирана информација дека во училиштето „Илинден“, во Советот на родителите, од 25 членови брои 5 Роми. Директорката додаде дека на своја рака толерираат некои отстапувања на учениците, како на пр. кога беше сезоната на гроздобер, многу од учениците беа отсутни и на работа со своите родители. Беше назначено дека голем број од Ромите во Крива Паланка немаат завршено основно училиште. Дебатата е завршена со заклучок дека потребни се повеќе вакви дебати со родителите како и работа на терен со нив.

Дебатата беше солидно организирана од страна на медијаторот, со присуство на сите потребни субјекти. Во Паланка владее голема сиромаштија и економската состојба им го одвлекува вниманието од образованието. Малкумината подобро ситуирани дури имаат и поголеми барања и очекуваат од државата да добијат се што им е потребно за образование. Недостига визија за повисоко образование кај децата и позитивни примери.

●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●

СКОПЈЕ, О.У. „ВАСИЛ ГЛАВИНОВ“

Дебатата во „Васил Главинов“ се организираше на 06.12.2007 година, во присуство на 22 учесници, од кои 12 наставници, 9 родители, советник за образование, но без присуство на новинари.

Дебатата ја започна Сабина Бајрам, родител чие дете е ученик во ОУ. „Васил Главинов“. Сабина изјави: „Иако сум во Советот на родители, јас никогаш не бев информирана за одржување на состаноци на советот и никогаш немам добиено покана за учество.“

Директорката на ОУ. „Васил Главинов“, Соколовска рече: „Ние во училиштето имаме 15 члена во Советот на родители, од кои тројца се Роми и секогаш се уредно и навремено поканети на состаноците, додека госпоѓата Сабина Бајрам не е во Советот на родители на училиштето, туку е во Советот на родители на одделенето па затоа не е поканувана на состаноците. Соколовска наведе дека до такви недоразбирања доаѓа поради недоволна информираност на самите родители, како и нередовно доаѓање на истите на родителски средби.“

Нифа Пепиќ, родител вели: „Имам три деца кои учат во „Васил Главинов“, сите три седат во последна клупа, во оваа училиште Ромите секогаш се во последна клупа. па затоа никогаш нашите деца не можат да научат ништо.“

Педагогот на ОУ. „Васил Главинов“ изјави: „Ние работиме по програмата „Чекор по чекор“. Со оваа програма нема прва или последна клупа, во текот на еден школски ден децата не седат во една клупа туку ротираат, па затоа преку денот детето седи и во прва и во последна клупа.“

Директорката на ОУ. „Васил Главинов“ рече: „60% од учениците во нашето училиште се Роми и нормално е да седат одреден број на ромчиња во последни клупи.“

Демири Силвана, родител посочи: „Имам три деца во 7, 5, 3 одделение во „Васил Главинов“. Сите мои деца одат на училиште без книги, па затоа не можат ништо да научат и не знаат ништо.

Педагогот од „Васил Главинов“: „Најголем проблем за описменување на ромските ученици е нередовноста, а не непоседувањето книги. Ако еден ученик посетува редовно настава, тој мора да научи нешто.

Нифа Пепиќ, родител: „Барам од училиштето да воведат забрана за внесување на мобилни телефони за време на наставата. Со мобилните телефони децата додека се во училиштето снимаат секакви работи и ги пуштаат во јавноста.“

Музафер Реџепи, директор на ОУ. „Јане Сандански“ изјави:Веќе преземаме некои мерки за забрана на употреба на мобилни телефони на ученици за време на наставата, меѓутоа тука наидовме на проблеми со родителите. Тие реагираат дека мобилните им ги купиле тие, со свои пари и немаме право да им ги забраниме на нивните деца. Што се однесува до седење на Ромски ученици во последни клупи, ќе кажам дека во моето училиште 90% се Роми и нормално е да седат во последна клупа. Веќе воведовме факултативна настава на ромски јазик и одзивот на деца е солиден. Јас сум иницијатор за воведување делови од Ромската историја во учебниците, но сепак останува на Министерството за образование да го реши тоа. Што се однесува до немање книги ист проблем имаме со албанските ученици, непоседување книги не е фактор за слаб ученик. Сите деца доколку одат редовно на училиште и ја пратат наставата и запишуваат, сите можат да научат многу и да добијат солидни оценки.“

Кадри Агуши, директор на ОУ. „Рајко Жинзифов“: „Главна причина за нередовноста и лошиот успех на учениците е недоволната соработка на родителите со наставниците. Затоа потребни се луѓе од типот на вашите медијатори кои ќе застанат меѓу нас и ќе помогнат во меѓусебната соработка. Ваквиот начин на соработка ќе придонесе за позитивни ефекти и успеси.“

Педагогот од ОУ. „Јане Сандански“ изјави: „Невладините организации треба да обрнат поголемо внимание во соработката со родителите. Да ја зголемат свеста на истите, како и да им го укажат значењето на образованието како и последиците доколку нивното дете не посетува настава.“

Дебатата во „Васил Главинов“ беше организирана солидно, но со недоволно присуство на родители. Наставниот кадар постојано зборува позитивно за децата и нивното залагање е повеќе декларативно, отколку практично. Позитивно е што во тоа школо веќе има вклучено ромски кадар и дека дејноста на ромските невладини организации овде се чувствува преку позитивните резултати. Потребна е образовна политика и поинтензивен дијалог и доверба за да се спроведете теоретското во пракса.

●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●

СКОПЈЕ, ОУ „АВРАМ ПИСЕВСКИ“

Дебатата се одржа на 07.12.2007 година, во просториите на О.У. „Аврам Писевски“, во присуство на 30 учесници, од кои 14 наставници, 14 родители, претставник од локалната самоуправа, во отсуство на претставник од Државниот Просветен Инспекторат и медиуми.

По презентација на документарниот филм и податоците од кампањата, дискусијата ја започна една од присутните мајки, Џеврија која кажа дека не се задоволни од работата со нивните деца, тие не учат доволно, не ги контролираат од училиштето, и дека од директорот често пати биле навредувани.

Класната раководителка на нејзиното дете реагираше со коментар: „Јас првпат ве гледам. Ние имаме проблем со ромските ученици и родители, родителите не доаѓаат на родителски состаноци, тие отсуствуваат, а нам ни требаат да доаѓаат во школото. Родителот не појавувајќи се прави штета на сите, ние сами со себе се бориме. А децата се мешани во паралеките. Има интелигентни деца, но има и такви кои се напуштени, имаат старатели, но тоа се чувствува. Кај тие деца отсуствува родителска љубов. Децата имаат сè што им е потребно во смисла на облека, обувки и учебници и прибор, затоа што имаат поддршка од Каритас.“

Џеврије се јави повторно со коментар дека нејзиното дете никогаш нема добиено никаква поддршка.

Петковски Драги, професор по информатика реагираше: „Немојте да правите раздор меѓу децата, нашите деца се еднакви. Амери Алиса, живее во Злокуќани – јас и бев класен, немаше ни една четворка, што зборува дека нема никаква дискриминација, постојано велите правата… Јас имам во одделението 10 Роми и 19 Македонци, во одделението претседател на класот е Ром, не зборувајте само за правата, зборувајте и за обврските. Не треба да имаме расправии со родителите, ние сме тука заради децата, а не е обратно. Ние самоиницијативно одиме во домовите, ги посетуваме, ги запишуваме, им пружаме сите можности. Направете репортажа за Амери Алиса.“

Изабела Пашовска, наставничка од „Страшо Пинџур“ рече дека не е проблемот во книгите, кога е потребно децата им позајмуваат. Родителите се разликуваат, има родители кои се редовни, но и такви кои никогаш не ги видела.

Друга наставничка од „Страшо Пинџур“ рече: „Некои родители спомнаа дека постојат деца кои седат во последна клупа, постојат паралелки со различен пристап, некои колешки практикуваат групна работа, дали тоа ќе биде по интелектуалната способност, брзината на работа, тоа зависи од наставникот. Јас имам деца кои послабо напредуваат, тие се во посебна група и со нив работам индивидуално, додека другите прераскажуваат, останатите препишуваат или цртаат. Децата од дома треба да ги научиме како детето треба да го сака училиштето, сите заедно да ги насочиме позитивно.“

Дејан Димчевски, претставник од општина Карпош побара од медијаторите да кажат како се направени посетите, тие да кажат што среќаваат при нивните посети. „Битен е контактот од семејствата, како тие гледаат на образованието на нивните деца, кампањата треба да се насочи кон семејството, од тука почнува образованието и желбата на детето. Јас сум родител, имам дете во прво одделние, но тврдам дека ромските родители не доаѓаат, родителската грижа треба да преовладува. Родителот да го поттикнува детето, а ние останатите да помагаме. Ако детето од дома нема мотивација, не правиме ништо. Моето дете во клупа седи во Ромче, јас немам ништо против, ни детето нема против. Вие треба да се насочите кон семејствата.“

Љатифе Шиковска на барање на советникот ја претстави нејзината теренска работа: „Ние ја имавме најтешката работа, за мене тоа беше предизвик, сметав дека има доволно искуство и знаење, до тоа дека родителите се пасивни и даваат впечаток дека се незаинтересирани. Но тие имаат интерес детето да учи и да заврши, но сите ја знаете социо-економската положба, да не ја заборавиме таа алка родител – дете – училиште. Првото воспитување доаѓа од семејството, за да после детето се надоградува во школото. Ние настојуваме да ги информираме, да ги убедиме во нивната активност и колку тоа е потребно, но треба и вие да најдете некој пристап. Потребна е трпеливост. Проблеми има, настојуваме да ги надминеме, во разговорот со децата, чувствувам гнев и револт кај нив, тие се чувствуваат неприфатени, на пример кога доцнат им се затвора вратата, и кога неговото другарче Македонче го пуштаат а него не. Многу е битно наставниците да имаат некоја толеранција, ако треба да се казни едниот, да се казни и другиот, да не се делат работите. При посетата на одредени одделенија – забележав дека ромските деца седат одвоено, за жал така е, а не смееме да ги двоиме. Она што го кажа колешката од „Страшо Пинџур“, рече слабо напредуваат, се двојат во групи, зошто е тоа така? Во контактот со родителите, немаше семејство што не беше посетено, за да сфатат дека без образование нема ништо, ќе остават дома се, а детето мора да се следи како напредува во школо.“

По ова излагање Ашмет праша зошто родителите не доаѓаат редовно на состаноци и дали во училишните совети има Роми?

Наставничка од „Страшо Пинџур“ потенцираше дека во советот има по двајца родители од секое одделение, еден од македонска и еден од ромска националност, во минатото нивната активност беше на незадоволително ниво, но сега тоа не е така. Сега родителите покажуваат поголем интерес. На прашањето зошто учениците послабо напредуваат рече дека секаде постојат такви деца, не само ромски ученици, да не бидеме сфатени погрешно. „Во нашето училиште не е проблем непознавањето на македонскиот јазик, тоа се случува само кај мал број на деца.“

Наставник од „Аврам Писевски“ рече дека децата седат зависно од начинот на работа: „Нормално е дека јас ќе ги поделам во зависност од тоа што ќе донесат… децата кога доаѓаат ги пуштаат само од врата и нема да се појават никогаш, не покажуваат интерес, а да не зборувам дека не носат материјал од дома. Во ситуација кога немаше прибор доволно, тогаш собиравме резервно за сите. Вие им дадовте ранци, но во нив не носат ништо. Сега и донесовте пак материјали, но јас им го оставам тука, не им давам да го носат дома, затоа што не враќаат. Детето се чувствува непријатно кога нема фломастери или боички. Имам овде родители од минатата година, оние родители кои се погрижија навреме да донесат се што им е потребно, можат ли да кажат дека била одвоена, тоа веднаш се чувствува наредната година.“

Милан Момировски, директор на „Аврам Писевски“ рече: „Јас работам 38 години во образованието, во тој период 28 години работам со деца од ромска националност, овде сум подолго време директор, а 10 години работев во Браќа Рамиз и Хамид, јас сум наставник и психолог – да одговорам конкретно дали има проблем – секаде има проблем и кај Македонците, секаде владее сиромаштијата, тоа не треба да го акцентираме, кога зборуваме нешто треба да се аргументира, во ова училиште повторувањето е сведено на мимимум, овој колектив се бори за опфат на децата, како прво, да ја почувствуваат атмосферата, да не отсуствуваат, немаме никаква цел ако на детето не му посветиме внимание, ако додатната настава не е застапена во ова школо, тогаш не знам каде. Има деца кои си имаат комплетен прибор, она што недостига во приодот, пристапот, убеден сум дека децата на 5 ипол години не го познаваат доволно македонскиот јазик. Наставникот треба да види на кое ниво детето го совладува материјалот, така и да се прилагоди.

Родителите треба редовно да доаѓаат, нам ни ги треба во школото, треба да им кажат на децата како да се однесуваат, да не прават проблеми. Кај сите деца има револт некое нетрпение, но дискриминација нема, тоа не е присутно, тој израз воопшто не треба да се користи.

Тие имаат превоз, но ученикот кој не е редовен му се одзема право на превоз…

Нема исклучување од школо, има правилник, ние не одиме на лична желба.

Родителот Риза Бајрамовиќ зборуваше за училиштето „Мирче Ацев“, потенцирајќи дека ромските деца во ова школо немале до сега проблеми, се дружат со децата од други националности, но тој потенцираше дека децата треба да имаат надзор од самите професори, но и од родителите.

Директорот на „Аврам Писевски“ повторно се јави во дискусијата посочувајќи за проблемот со еден ученик: „Има проблем со дете кое е седмо одделение кое нема извод и кога ќе дојде до осмо одделние ќе треба да ги поништиме сите сведителства што ги има добиено. Ние имаме проблеми, ние сакаме да им помогнеме, ако сме запишале 30 во прво и завршиле осмо сите, тоа е успех. Ние од ова училиште имаме прекрасни граѓани. Сето она што родителот го побарува, ние му удоволуваме, но знаете каква е психологијата на децата, тие се групираат. Но во 7-8 одделение се разместуваат, тие заедно седат сите. Учителката не ги става како да седат, тие самите се разместуваат. “

Наставникот Петковски од „Аврам Писевски“ повторно се јави со мислење дека дебатата оди во погрешна насока: „И по вашата анализа ние самите правиме дискриминација – ние сме тука со цел како да се помогне на Ромите како да го подобри образованието – јас сум тука да им помогнам на децата како да учат. Дискриминацијата да ја исфрлиме.. Јас имав задача да го водам тимот на натпревари по физичко, нашите деца беа сплотени, не создавајте раздор сега.“

Една од присутните наставнички од „Аврам Писевски“ рече дека декадата на Ромите е позитивна, но сепак треба да им се објасни на самите Роми: „Децата како да земаа сила и замав, тие ја сфаќаат погрешно Декадата, прават конфликти меѓу себе, беа многу покултурни додека декадата не се појави. Клучот во наши раце, да се смени –Клучот е во нашето семејство да биде насловот. Децата се во центарот на вниманието, но семејството е сепак најзначајно, доколку родителот не му пружи љубов, тоа значи дека нема интерес за него. Декадата не е моќ и сила, но дека тоа е токму подобрата комуникација. Им напишав правилник на децата што значи декадата и кон што треба да се придржуваат.“

Силвана Стојковска, наставничка од „Страшо Пинџур“ рече дека клучот на успехот и напредокот на децата е во семејството и дека треба да се работи на подигање на свеста на родителите, тоа е најважно и да не се употребуваат погрешни средства за постигнување на целта. Од повеќе училишта се донираат средства, но не да се донесат родителите во училиштата само поради тие средства, но и поради квалитетно образование.

Дебатата во „Аврам Писевски“ беше солидно организирана, но се одвиваше во напната атмосфера поради постојаните напади помеѓу родителите и наставниците, пред се од „Аврам Писевски“. Во ова училиште постојат долгорочни проблеми и неприфатеност на ромките ученици што се чувствуваше на дебатата и наставниците постојано се ставаа во одбранбен став.

●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●

СКОПЈЕ, О.У. „ВЕРА ЈОЦИЌ“

Дебатата се одржа на 10.12.2007 година, во присуство на 23 учесници, меѓу кои 9 наставници, 14 родители и медиуми. Не присуствуваа претставници од општината, ниту од Државниот Просветен Инспекторат.

На оваа дебата, за разлика од претходните наместо документарниот филм на НРЦ го презентиравме филмот на Дархија за работата на оркестарот. По вообичаеното презентирање на проектните активности започна дебатирањето на тема „Тековни насоки во образованието на Ромите“.

Родителот Мемедов Енвер, од О.У. „Његош“ прв се вклучи во дискусијата со забелешка дека кај ромските деца проблем е непознавањето на македонскиот јазик. Тој воедно информираше дека требало да се одржи состанок за да се дискутира за факултативна настава по ромски јазик, но бил одложен.

Лилјана Маковска, директорка на „Вера Јоциќ“ за јазикот коментираше дека тоа е проблем, но воведувањето факултативна настава во трето одделение е малку задоцнето. Таа им препорача на родителите да настојуваат да ги запознаат децата со македонскиот јазик со оглед на тоа што знаат дека тие треба да се вклучат во настава на македонски јазик. „Семејството е средина од каде треба да почне подготовката на детето за образование. Ние тоа им го кажуваме на сите родители, не само на ромските. Ние имаме многу слаба соработка со семејството, родителите не отстапуваат време за полесно да ги пречекорат тие пречки за да бидат успешни.“

Наставниците реагираа дека родителите не доаѓаат на родителски состаноци.

Претставникот на родителскиот совет посочи дека родителите навистина не доаѓаат, но дека тој не е во состојба ништо да стори, затоа што тоа е до самите родителите и нивната свесност. На ова реагираа наставниците и модераторот на дебатата, Ашмет Елезовски со препораки до претставникот од советот дека тој треба да делува мисионерски и да ги убеди родителите во неопходноста од нивното ангажирање.

Наставничката Богданка Велковска од „Дане Крапчев“ работи со првачиња веќе 30 години, секогаш во одделението имала ромски деца. Обично самата ги запишува, и покрај тоа што уписот за вршува до 31 мај, школото ги запишувало и во септември. Сега имаат по 10 ромски деца во одделенијата. Наставничката посочи дека секогаш има проблеми со родителите, како со македонските, така и со ромските, но сепак недоразбирањата се поголеми во комуникацијата со ромските родители. Во однос на потешкотиите при работата со децата, таа ја посочи нередовноста, недостигот на прибор, како и недоволното познавање на македонскиот јазик, затоа што со децата дома се зборува ромски и албански. На тој начин децата тешко се вклопуваат. „Сите уредно ги поканувам на родителски, зошто не доаѓаат? Ги барам на телефон, праќам пораки, но ги нема. Јас ги ставам мешано да седат во клупи за да го научат македонскиот јазик. Четири месеци да не се појави родителот, не сфаќам. Мислат ли дека ќе ги карам? Само да дојде и да праша и ако има проблем ќе се обидеме да го решиме. Јас неговото дете никогаш нема да го истерам, ќе му најдам тетратка и молив и ќе работи. Само ако е редовно детето за 3 месеци ќе го научи јазикот и може да работи. Не мора сите деца да имаат одлични оценки, битно е да се соработува за да се постигнат вистински ефекти.“

Еден од присутните родители ја поддржа наставничката во поглед на мешаноста на децата при работа во школо. Кога се заедно побрзо ќе научат. Тој истакна дека редовно оди во школо, не само на родителски состаноци, дека се информира. „За други родители не можам да кажам, и јас ги викам, ама ако тие самите не се интересираат, како можам да ги натерам.“

Директорката на О.У. „Н Н Борче“ ја поддржа кампањата: „Мотото на вашата активност е убаво мото за сите млади, не само за Ромите, но општа е една тенденција кај младите да не учат. Младите сè почесто мислат дека не им помага образованието. Кај Ромите ова се јавува многу поорано. Што се однесува до факултативно изучување на ромскиот јазик, јас не сум против, кога ќе мислите дека е потребно и кога ќе бидете подготвени ние сме тука. Но, јас мислам дека проблемот е познавањето на македонскиот јазик, значи потребна е дополнителна настава на македонски јазик, а не на ромски. На тој начин ќе има поголем ефект.

За да се постигнат поголеми ефекти во образованието треба да се посочуваат позитивни примери, Дархија има позитивни примери и голема позитивност, така треба да се постапува, на децата треба да им се понудат позитивни примери. Тешко е да се насочи мислењето на една личност која е настроена кон негативности, да почне да мисли позитивно. Но ете и Владата почнува една таква активност. Образованието треба да се стави на пиедестал.

Ние имаме секции во школото на кои не се јавуваат Роми и покрај тоа што е бесплатно.

Мислам дека ќе имате резултат со оваа ваша кампања, продолжете така, но како и самите што велите, ќе биде потребно време.“

Наставничката Богданка Велковска, од „Дане Крапчев“ изјави дека би била среќна кога би имала 10 Роми родители на родителска да дојдат и да ги кажат нивните проблеми, наставничката да ги каже нејзините при работата со децата, на тој начин би оствариле соработка. Не треба детето да се пушти и да се остави комплетно на учителката, таа нека го учи.

Треба да работите со возрасните… ако нема контрола од дома и соработка со родителите, нема да постигнеме ништо. И ние работиме на тоа, но еве вие како организација која има таква цел, да настојувате со родителите повеќе да работите, затоа што знам дека и тие сакаат децата да си ги видат образовани.

Фатиме Демир – за се треба време, ние како Дархиа работиме 6 години,сега имаме едукативен сектор, успеваме да работиме и преку културни активности, дапомогнеме во едукативните. Кога им кажуваме ајде дојдете да учиме тешко доаѓаат, но кога знаат дека после работата средуваат и други активности, тогаш некако прифаќаат подобро. Потребно е време за создавање доверба. Ние како Дархиа тоа го започнавме, а сега и преку НРЦ преку кампањата се работи и на поширок реон. Ме радува што ете токму од Јурумлери дојдоа родители и покажуваат интерес. Има промени и во ромската заедница, кај дел од родителите постои стравопочит, дел има каде што постои страв, авторитет, самата институција, тие имаат се срамат. Некои знаат дека на родителска ќе слушаат дека нивните деца немаат материјали, па затоа се срамат, затоа што тој како родител не е способен дамуобезбеди на детот се што му е потребно. Децата се недисциплинирани и затоа што не го разбираат јазикот, не можат да следат настава, не се вклучуваат и затоа се недисциплинирани. Факт е дека факултативната започнува од трето одделение, тоае касно, не се согласувам дека нема да помогне, се обогатува јазиот и граматиката. Со фактот дека во ромскиотима само 2 рода, а вомакедонскиот три рода веднаш ќе ги воочи тие разлики и на самото дете ќе му биде полесно.Јас стојам на ставот дека клучот е во политичарите, за да се овозможи на детето да почне да учи на ромски до четврто, во меѓувреме да учи на маедонски и да се вклучи во петто со солидни познавања и тоа дете да биде одлично.

Да ги охрабрам и родителите и наставниците дека започнувам од утре со мојата работа сопрво одделение да им помогнам во домашните задачи.

Директорка на Дане Крапчев – ваквата работа е за пофалба.. така ќе се оставрат резултатите… но, родителите мора да бидат происутни и кај нас, да се развие соработката, не може родителите да се повлекуваат. Проблемите мора да се решат.

Дебатата во О.У. „Вера Јоциќ“ беше конструктивна со конкретни ставови и предлози. И покрај отсуството на одредени претставници од општината и инспекторатот, сепак атмосферата и односот меѓу присутните укажа на досегашните ефекти од работата на медијаторот.

●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●

КУМАНОВО, 11.12

На дебатата што се одржа во просториите на Општина Куманово, присуствуваа 31 учесник, од кои 23 наставника, 6 родители, претставник на Државниот просветен Инспекторат, претставник од општината и новинари.

Дебатата со свое излагање ја започна Инспекторот за образование, Томе Стојанов кој се јави за дискусија веднаш по презентацијата на проектот. „Слушнав и видов бројки, оваа година има 213 деца во прво одделение, имаме тенденција на зголемување на бројот, но не слушнав колку не се опфатени, тоа е резултат на тоа што државата не нуди список на деца родени во годината за упис во прво одделение. Не знам од каде треба да тргне иницијативата за евиденција за опфат на деца во прво одделение и обврска за редовно образование од прво до деветто одделение. Тоа не е проблем само за Ромите, но за сите ученици.“

Ашмет Елезовски ги надополни податоците изразувајќи жалење затоа што за време на теренската работа НРЦ евидентираше деца од 13-14 години кои воопшто не се запишани во книгата на родените. „Нам ни претстојат средби што ќе бидат значајни за надминување на овој проблем. Декадата се сфаќа погрешно, не значи дека Ромите имаат сега моќ во рацете и дека можат се, тоа е процес.“

Од тука произлезе и прашањето колку родителите се присутни на состаноци и колку се заинтересирани за своите деца?

Круме Младеновски, директор на „11 Октомври“ зборуваше генерално за ромската проблематика: „Ромите се народ, не се веќе маргинализирана група, јас добро сум информиран за историјата на Ромите, имам многу информации. Тоа е најранлива заедница во Македонија, чие прашање постојано се отфрла и останува на страна. Сега се буди општествената свест, се покренуваат невладините организации кои го дигаат гласот дека и тие се луѓе кои имаат свои права. Документите како Стратегијата на Ромите имаат многу цели, но ситуацијата многу тешко и бавно се менува. Дискримација нема само према Ромите, ако нешто има тоа е моментално, можеби во афект. Немаме наставници кои покажуваат некакви нечовечки односи. Јас за моето училиште, освен некои инциденти при уписот, оваагодина благодарение на НРЦ, уписот на децата е драстично зголемен. Оваа акција е многу успешно завршено, влегоа и таму каде што беше тешко да се влезе. Ние постојано зборуваме за интеграција за заеднички живот, но многумина не го разбираат добро тој поим и на тој начин прават сегрегација.

НРЦ ја почна сериозно работата, се надевам дека така и ќе продолжи. Оскудуваме со информации, сеуште не знаеме колку деца останаа надвор од училиштата, незапишани во прво одделение. Има деца и невакцинирани, сето тоа треба да се надмине. Тешко е да се почне, натаму полесно оди. Ние заедно со НРЦ најдовме околу 50 деца кои никогаш не биле во школо.

Добар знак е дека родителите сакаат нивните деца да завршат образование, тоа значи дека станале свесни, образованието е почеток, па потоа оди вработување, социјала и т.н.

Една наставничка од „11 Октомври“ зборуваше за тоа дека нема проблеми со децата, затоа што има родители кои се свесни за значењето на образованието, активни во работилниците. Во нејзиното одделение благајник е Фатима, сè функционира одлично, добиваат оценки исто како и другите деца. „Благодарна сум на родителите, од нив зависи како ќе напредуваат децата“, истакна наставничката.

Наставникот по физика во „11 Октомври“, ги коментираше податоците од презентацијата на НРЦ, велејќи дека 70% од децата кои велат дека се еднакви, тоа е добар процент. Тој предава на деца од 7-8 одделение и се обидува заедно со нив да ја разбие фамата дека постои дискриминација и дека се деца од втор ред. Кај овие поголеми деца постои проблем, а тоа е образованието на нивните родителите. „Тие сакаат да научат, но поголемиот дел од родителите се неписмени и не можат да им помогнат на децата, тие живеат во некој свет дека образованието не им значи ништо, иако децата веќе се свесни за значењето на образованието. Имаме проблем со гроздоберите. Месец ипол надвор од училиштето, тоа е многу. Родителите треба да се снајдат и да ги остават децата во школо. Се подобрува процентот на редовност, но има некои кои мислат дека само што ќе се запишат дека ќе добијат диплома, треба да одат редовно и да следат настава и да си го пробијат патот, на тој начин и државата ќе има корист од нив. Родителите треба да се борат, буквално да се освестат и да се вклучат во една симболична борба за образование на нивните деца, да бидат поактивни, повклучени во овој процес.

Наставничката по историја од „11 октомври“ потенцираше дека родителите се важен фактор, но исто така и децата. „Јас имам одлични уленици, кои се прифатени и кои се натпреваруваат со другите деца“, истакна наставничката.

Од О.У. „Христијан Карпош“ зборуваше заменик-директорот: „Ние сме на терен каде бројот на Ромите е најголем и работиме во многу специфични услови. Мислам дека вие како координатори ќе треба да настојувате за подобра соработка меѓу вас и училиштата, но без личен профит и без критизерство. Многу лош впечаток добив на еден состанок во општина и тогаш се обидоа да ги исполитизираат работите, мислам дека тоа се направи од страна на невладиниот сектор. Ние си имаме добра соработка со вас и со родителите, резултати има и тоа како. Јас работам во образованието веќе 20 години, живеам со Ромите, точно е дека треба човек да ги почувствува луѓето, да ги види нивните проблеми, но ние како училиште не можеме да направиме ништо повеќе од она што можеме како училиште, поголемиот дел треба да го направат самите родителите. Тие најголем грев ќе направат ако кажат дека училиштето не ги прифаќа. Тие во најголемиот дел од денот се препуштени на нас, а родителите треба да покажат интерес, не само по сила на закон да го пуштат во училиште. Не е сеедно каде е неговото дете, родителот да не сфати дека учителите не ги сакаат децата, тие им помагаат на децата, да ги вклучат во ова општество каде што живеат. Колку е комплексно прашањето, толку и ние треба да ја зголемиме свеста на родителите, прва обврска на детото е да оди на училиште. Како е можно другите деца да доаѓаат. Ние одиме на терен заедно со невладините организации, наидуваме на проблеми, родителите ги кријат децата, зошто? Не очекуваме БУМ, но треба да настојуваме заедно.“

Еден од присутните родители истакна дека е потребна е мотивација, детето за да оди во школо треба да биде мотивирано, на претпоследниот конкурс за вработување за јавна администрација, имаше многу малку вработени Роми, некој друг го зазема нашето место. Како децата да бидат мотивирани и да учат кога не ги запослуваат.

Треба да се земе во предвид дека ромското дете доаѓа од гето, со нив треба дополнителна работа или да му се попушти.

Дискриминација има … за родителските совети, колку се застапени ромските родители, тоа не и е познато, кој ги штити нивните интереси, значи дека политиката е вмешана и во школството. Се красиме само дека на хартија имаме некакви права, но во реалноста ги нема.“

Дебатата се одвиваше во конструктивна атмосфера со присуство на сите поканети субјекти. Произлегоа конструктивни предлози. Дебатата беше солидно организирана од страна на медијаторите. Единствена негативност беше што дел од наставниците мораа да ја напуштат дебатата поради настава.

●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●●

КУМАНОВО, 12.12.2007

Втората дебата во Куманово беше организирана во просториите на основното училиште „Браќа Миладиновци“, во присуство на 36 учесника, од кои 14 наставници, 10 родители, претставник од општината и од државниот просветен инспекторат. Дискусијата по презентацијата на кампањата ја започна Лилјана, психолог во „Крсте Мисирков“ која е запознаена со проблемите на Ромите, затоа што е вклучена во образовниот процес веќе 20 години. Според неа, направен е значителен напредок во образованието на Ромите во нивното училиште, нередовноста и натаму е присутна, но не како некогаш. Таа рече дека ги сфаќа родителите кои не можат да најдат доволно време затоа што се зафатени со егзистенцијални проблеми, постојано се на работа: „Ги знаеме условите во кои работат. Но сепак потребна е поголема соработка меѓу родителите и училиштето, еден од нив може да најде време да дојде, треба да се организираат дома за да си најдат време, ако сакаат да напредува нивното дете. Редовно треба да се оди на родителски состаноци, да се зголеми редовноста на учениците, наставниците да бидат информирани зошто не дошло детето во школо, за да може да се стекне увид во причините за изостанувањето. Се соочуваме со тој проблем, но во одделенската настава има едни исти ученици кои се нередовни, ним им испраќаме покани, ги викаме на разговор, но и тука малку треба да се води ред…“

Јадранка, наставничка во „Браќа Миладиновци“ го изрази задоволството од редовноста на учениците, што се должи на организираниот превоз. „Но дека сè не е розово, укажува дека децата не можат да останат на дополнителна настава. Не најдов разбирање од страна на родителите како да се организираме, родителите не се заинтересирани за родителски состаноци.“ Наставничката го заврши излагањето со предлог превозот на децата да се прилагоди на потребата на децата за дополнителна настава.

Директорот на „Браќа Миладиновци“ зборуваше за соработката со медијаторите. Негов предлог е таа соработка да продолжи, да не се отстапува од плановите. Според него медијаторите се целосен контакт, но и самите родителите треба да доаѓаат во школо и покрај контактот преку медијаторите. Во врска со присуството на ромски родители во Советот на родители, тој се согласи дека станува збор за многу мал број на родители, но дека и самите треба да пројават интерес за такво нешто. Во поглед на факултативната настава директорот посочи дека се прават анализи да се воведе настава, за почеток да се почне со неколку часови, но тоа ќе треба да се внесе како дополнителна по наставата. Веројатно тогаш полесно ќе го совладуваат материјалот. Се пријавиле 2 групи од 17 ученика кои се заинтересирани за факултативна настава, од вкупно 120 ученици. „Веројатно и вие може да помогнете во лобирање кај нив, дека тоа е добро за нив“, посочи директорот.

Наставничката Анастасовска од „Браќа Миладиновци“ укажа на потребата од вклучување на ромските деца во образованието уште од најраната возраст. Нивните анализи зборуваат за многу големи разлики помеѓу децата кои посетувале градинка и оние кои не биле. Децата доаѓаат социјализирани и едуцирани. „Можеби и вие треба да размислувате за поголем број деца во градинки, таму се стекнуваат добри навики,“ алармираше наставничката.

Наставник од „Крсте Мисирков“ изрази задоволство од соработката. Во неговата паралелка има 4 ромски деца од Средорек кои се редовни и има контакт со родителите, но засега преку медијаторот. Био требало и тие да дојдат во школо.

Еден од родителите посочи конкретен пример на свое внуче чиј татко е умрен. Тој го чува детето, но не добива никаква финансиска поддршка од државата. „Како да преживеам, не може моето внуче да гледа друг да јаде, а тоа да седи гладно, зошто не им се помогне на овие деца, од каде јас да најдам средства за школување на моето внуче?“, се обрати со прашање до присутните.

Родителот Екремовски рече дека има дете во второ одделение, тој сака неговото дете да се школува, но на детето му требаат книги, ужинка. „Од социјални причини не сме во можност да ги пратиме во школо, тие не се еднакви со другите деца, треба да се мешаат со други деца не да седат во последна клупа,“реагираше родителот.

На ова реагираше наставничка која кажа дека децата седат и во прва и во среден ред, и дека нема дискриминација, затоа што се работи по нова програма.

По повторна реакција од друг родител кој категорично тврдеше дека неговото дете седи во последна клупа, директорот на „Браќа Миладиновци“ рече дека децата не работат на класична настава, но по програма „Чекор по чекор“, седат во коцка, и сите се во групи и нема никој ни во прва ни во последна клупа.

Еден од присутните родители се пожали дека детето доаѓа од школо загрижено затоа што учителката му велела – зошто мајка ти не ти купила книги?. „Кај да најдам пари, немаме пари, ни треба помош, ни треба ужина за децата, учителката на родителски ми зборува постојано за книгите, но јас немам, живееме од 1800 денари, едно дете ми остана без школо, му викаа дека нема место во школо.“

Родителот Тафо Мамутовски истакна дека тој има 2 деца и дека добил потврда дека треба да ги запише, ги запишал кај учителката Емилија, но тој го има истиот проблем, со 2000 деари не може да ги облече и да им купи храна. „Јас им помагам на моите деца со домашните, работам на пазар, од учителката сум задоволен, но зависи и од нас, дали ние работиме со децата.“

Драгица, педагог во „Крсте Мисирков“ рече дека акцентот на оваа дискусија падна на економскиот живот каде училиштето не може да придонесе, ова е апел до невладините организации: „Не се додворувам на никој, но како оваа организација што направи никој не овозможи толку голем пораст на бројот на ромски деца, ние сме оделе и дома, но луѓето немаат и тоа е факт, треба луѓето да се сфатат, но треба и наставникот да се сфати, колку деца има на кои треба да се помогне, има 34 во прво, јас одржав средба со наставниците и им укажав на работата што е потребна за сите овие деца, Владата вети компјутер, вети книги, – се надевам дека тоа ќе биде, не знам кој ученик бил истеран, работевме и со Даја, но постигнавме минимални успеси, да не ја спомнуваме Декадата, потребна е вклученост и работа на свеста на родителите, секој родител сноси одговорност. Постигнуваме резултати само со добра комуникација, училиштето мора да е отворено, главен проблем е во семејството. Секој родител сака детето да му биде образовано… Мора да го праќаат детето на училиште, не знам што ќе се случи со задолжителноста на средното образование.“

Дебатата беше конструктивна и солидно организирана. Ни беа посочени значајни работи за натамошниот тек на кампањата, а и генерално работата на полето на образованието за наставниците и НРЦ.